Не знам ни јас што да те посоветувам, не сум во мк. Кај нас го има. Или да се распрашаш по други градови, ако има да одиш да купиш. Може ако знаеш некој што оди надвор од мк, евентуално да ти направи услуга да ти донесе. Или ако има некоја друга фирма што имаат козјо да пробаш. Кај мене има од повеќе фирми што прават, не знам како е кај нас. Ама добро е што кажа, да знам да си понесам од овде кога ќе се враќаме.
Најдовме сега за сега, се надевам дека ќр им донесат во скоро време… друго козјо нема колку што знам?! П.с. Аптекарката рече дека пред да направи 6 месеци може да почне и со 2?! Сега е 4 месеци….дали сте слушнале и вие такво нешто?
Оваа формула ми излезе во пребарување https://www.bellina.mk/p/2486/babyb...-vozrast-od-0-6-mesetsi-800-gr?categories=150 Не ни е пробана, немаме потреба од козјо млеко, само да ја имаш како опција. Претпоставувам штом користите козјо млеко има нетолеранција бебето за кравјо? Ако е таков случај бар за тука немаш многу опции за менување.
Не прерано е..на кутијата 2 пишува после 6. Месец. Значи најрано од 7 месеци и максимум 3 дози млеко на ден од 210мл. Односно откако дете ќе има барем два -три оброци. Тоа е така пошто 2ка млеко содржи скроб и шеќер, како и други додатоци нешто омега имаше. Инаку моето е скоро 10 месеци, јас уште и давам од единица. Нема потреба всушност да се менува млекото. Нит е двојката по хранлива, ни ја држи повеќе сита. Има од повеќе други фирми козјо млеко со сигурност, ама не знам дали кај нас ги носат.
Имаш во зегин порта чисто јави им се да видиш дали имаат на залиха обично кога земаат ако е нешто дефицитарно со кутии земаат.
Мајки, ние за 8дена правиме 1месец. На почетокот првите денови додека не фати да цица и јас имав болки давав адаптирано плус од доење. Втора недела си фати да цица убаво патронажна ми рече дека имам млеко и си продолживме само цицање. Си кака по 3/4 пати менуваме пелени редовно ама мноогу плаче преку ден и си реков да му дадам АД плус да видам дали е најаден од млекото си го испи одма и се смири, ама се буди со плачење и така сме цел ден спиење по 20тина мин само. За грчеви прво BioGaia па ги прекинав да не е од нив. Земавме пред 3 дена Nurse Harvey и пак е исто плаче многу, денес му дадов и 25 капки espumisan. Навечер си спие по 3 саати и не сум му дала Ад навечер.Незнам дали е недонајаден или грчеви се.
Не можеш да знаеш најубаво е да се измери и да се види. Ако даваш само 1 во ден ад млеко види колку има напреднато ако е помалце од 20 ете и 18гр на ден и тоа со едно шише ад тогаш е гладно ама ако е над не би требало да е гладно. Да не има мака од интолеранција на лактоза да пробаш да исфрлиш млечно се што е али прво види килажата па после се по ред.
Мајки, можеби веќе и е негде поставено и одговорено прашањево не можам да најдам или треба многу за вртам па ако може некој повторно да ми каже ваши начини. Како патувате, на пола ден, ден некаде а детето да го добие редовниот оброк со АД. Дали го носите цело паковање АД (ако не, во што скадирате) и како ја вриете/загревате водата?
Јас сум го носела целото пакување АД, а за загревање на водата секогаш сум имала можност некаде да притоплам.
Ставам во диспанзер за млеко. Пример овие https://lococroco.mk/kategorija/akcesoari/dispanzer-za-mleko/ Вода носам врела во термос и ладна во друго шише мало. Спремам каде и да се најдеме, по гости, во парк, игротека. Едит: никогаш не мерам 50 степени или 35 или колку и да е. Од око што се викам, гледам да не е врела. Е сега зависи од млекото. На Babylove, ми остануваа грутки, небитно каде сме и на која температура на водата. Со Бебелан скоро и да не ми се случило.
Некогаш го носев цело паковање, но почесто во диспанзер за млеко. Врела вода во термос и плус шише вода за разладување.
Zemi si od DM dispanzer za mleko, najprakticen mi e toj i ima za tri pati. Si stavas mlekoto vo niv kolku pie. Voda isto vo termosot od DM najveke drzi toplo od site do sega sto sum gi probala.
Загревам вода со степен на вриење во термос од дм. А за млеко подобро носи цело не знаеш што ќе те снајде по пат.
Поздрав мајки.Денес матичната ми препорача да почнам со АД,оти мно гу мслку напреднува и одбива доење.Она ми препорача Аптамил,ама би сакала некое мислење од мајките што користеле подолго време,кое ви испаднало поквалитетно?
Бејбилов поефтино и супер се напредува 2те деца ми беа на тоа едното од аптамилот какше по 7 пати во ден од новалак запек фати, а другкто од хип имаше страшни грчеви и само бејбилов одговараше. Мајки која од вас дава козјо млеко ме интересира кој е увозник за него дали е Зегин, феникс, македонија лек, еуро лек или некој сосема друг?
Фала ви многу.Мајка ми прееска ми купила во Зегин козјо на Холе,ама никако не го сакаше,абе кои плачки.И подготвив една доза од 150мл ама го фрлив.Баш ми остана целата кутија,ако мислиш на ова.Бтв,ако сака некоја да го купи,би го продала за 800,тамам да си земам некое друго,она го нејќе.