Зегин го убезува, ние го пиеме… но нас сеуште не мачат гасови(навечер), имаше и со аптамилот, веќе е 4 + месеци… барав по форумов и видов пред некоја година мислам имаш пишано за нурсе харвеј? Кога го даваше? Пред или после јадење? Јас и го давав кога имаше грчеви и помогна, но сега како да не и помага… не знам… или треба време дека не и е развоен уште дигестивниот тракт?
Битребало да е веќе развиен. Да не и смета лактозата дополнително па да има мака од тоа. Веќе со 4 месеци треба да се смирени грчевите. Нурс го давав после јадење мислам. Пробај види како ќе и делува дали пред или после. Има некои промени во кожа, какушка итн?
Нема, само стандард тешко кака, иначе си јаде нормално. Намерно земав козјо , дека било полесно за дигестија,дека пред тоа имаше црн конец и слуз, сега нема, али ретко сама да се искака и навечер има гасови.
Мајки, бебе е 4месеци само на доење, последнава недела кака по 1 на 36ч и баш се мачи. Од вчера премногу плаче и веќе не сум паметна дали е запек, заби или е гладен па сакам да земам ад да пробам со дохрана. За 1мес качи 750гр и педијатарот рече да почнам овошје за столицата ама нешто сум убедена дека ми се намалува млекото и е гладен.. кое да го земам за проба има ли мало пакување? Од болница кога не пуштија земавме аптамил 1
Ние проблемот со какање го решивме со Аптамил комфорт, имаш мало пакување. Пробавме и други но не ни одговараа. Бебушка ептен ми се мачеше, немаше шанси да не ја заприметам кога кака.
Можеш да земеш било кое PRE. Најсличнл е на мајчино, јас го користам од дм БИО ПРЕ според состав е полно со витамини. Си има редовна столица 3-4 пати во денот и одлично напредува. Го пие и моето и ад и не прави разлика
Фала мила а колку му правиш за дохрана? Гледам за 4месеци вика 180мл ама пред тоа на 2те гради ќе го ставам па не знам да не го прејадам да ми повраќа
60/90 некогаш пие 60, некогаш 90. Зависи колку ќе исцица, чим гледам дека не влече многу му правам 90, некогаш по 60 па ако сака уште дополнително 30 му правам. Кога премногу малку млеко имам мј правам 120 но тоа е премногу ретко. Ѓу давам веднаш после цицање и не му дсвам во наредни 2-3 часа. Навечер гледам од АД знае да врзе со спиење и по 6-7 саати.
Ако немате почнато со вкусови свари слива сега имаш само суви сливи стави 3-4 и свари ги. Дај ја водичката и ќе се искака. Можеш вака да пробаш. Искрено океј е со кажување на килажа плус на доење знаеш дека повеќе денови не какаат. Мој совет пробај со слива прво па после со ад ако ептен плаче. Сега и во регресија сте 4ти месец плус скокот така да може и да е кенкав лигав ради тоа да не е стомакот.
Не е гладен. Верувај. Не јадат овој месец,исто е и кај нас. Со првото овој период плачев дека немам млеко и е гладен,а воопшто не беше така. Штом помине регресија и скок,се враќа на старо со цицање. За воведување ако мисли педијатар дека е ок,дади. Ние ќе почнеме накај 5ипол месеци,здравје.
Еве молзено испи 70мл толку имав го ставив на града вриска со полна уста млеко не сака да цица, може е до скокот скроз го изумив дека 20 дена беше супер сега на крај ваков.. ќе да е до тоа Во колку вода да сварам? До сега не сум му давала ни чаеви не знам колку смеам. @Мариаа. Фала мајка баш се разочарав, не би сакала да прекинам со доење сега.. педијатаров само ради какање вика вкусови, затоа сум и на два ума.
20 до 30 мл дај му доста е. Вода стави колку да бидат покриени со вода во ѓезве кога ќе омекнат сливите скрши ги со лажиче малце да пушти повеќе од сливата и остави ги да се изладат кога ќе биде млака водата дај му. Во скок или мн цицаат или не цицаат само вриштат така да нормална реакција на скокот е
Мајки дали кај нас има SMA формула? Ние не сме во Мк а по потреба некогаш давам од таа, ни одговара па сакам да знам дали ја има кај нас или да си земам од овде
Ја нема таа. Имаш Новалак, Аптамил ,Хип, Бебелан, Нан, Молидак,Бејбилов,Холе, Белина мислам дека сите ти ги набројав
Здраво на сите во главно ние сме на доење но навечер им давам дохрана Беба пре Ха . Е сега купив Беба пре само сакамм да преминам на тоа бидејќи е поисплатливо 800гр 20€ додека беба пре ха е 550гр 18€ . Како да преминам сега постепено или бидејќи ги дојам плус давам дохрана па незнам како е најправилно. Тазе мајка и неиакуство со Ад млеко.
Не знам зошто даваш ХА тоа е хипоалергено доколку бебе е алергично на кравји протеин тогаш користи си го истото или козјото е замена за него.