Бидејќи такво почнаа да им даваат на бебињата во болница. Незнамм дали се алергични на нешто. Но немамме во фамилија алергични. Незнам на 3 недели старо бебе колку е паметно да давам козјо млеко.
Здраво мамички ^^ Ми треба една консултација За дохрана за бебето ни препорачаа покрај цицање и 4 пати по 45 мл адаптирано млеко Хипп. Дали тоа значи на 25 мл вода да ставам по една дозерка па да испадне скоро 45 мл млеко или на 45 мл вода 1 1/2 дозерка? Така испаѓа ко скоро 60 мл да треба да пие…
Да Денес бевме на прва контрола исто таму и ми кажаа многу повеќе напреднувало на килажа за деновите од очекуваното. Се исплашив да не сум го прејадувала бебето со формулата Али значи се е во ред.
Zivkovic toa najverojatno neka si jade kolku saka ne skratuvaj. Isto i kaj nas bese, posle toa ke si se regulira se.
Хаха Живковиќ е, да Продолжуваме и ние со исто темпо ко до сега. Секако не гледам проблем во тоа бебенцето да качува повеќе во килажа.. Фала ти многу за советот
Здраво, сакам да Ве прашам како држите топла вода за ад кога ќе излезете, односно од кој термос сте задоволни за таа намена. И дали можеби некоја од Вас случајно продава пренослив греач за шишиња или пак знае каде во мк може истиот да се најде.
Презадоволна од дм термосот цел ден држи топла вода и не е скап 600 и нешто мислам препорака од мене.
Се вративме на хипп хипоалергено дека нема холе козјо, дали е нормално да е потечна столицата, минатиот пат не беше вака течна
Мајки ве молам за совет. Бебе денес полни 6 месеци од прв ден се храни со Аптамил 1 дали сега веднаш да преминеме на аптамил 2 ?
Преминавме на Аптамил 2 , е сега на кутијата пишува да има 3 оброци за 24 часа. Ама бебко пак си тера на 4 -5 саати да си бара . Дали да ја зголемам дозата ? 6 месеци имаме и пие 180 мл вода со 6 дозерки млеко.
Зголеми му ја. Чим бара му се ручка. Мојата е 2ипол месеци пие 150 и покажува желба за уште Гледај по килажата која количина ја пишува на кутијата. Бидејќи според возраст и килажа мојата би имала 4м ама нема Има 2ипол и тежи 5340. Генерално 150мл на 1 кило ја пресметуваат количина што би требало да ја испие во 24ч.
Еве погоре пишав. По килажа се пресметува. 150мл за 1 кило.И ќе видиш таа количина да ја распределиш во 6 оброци. Ако се работи за АД. Јас Аптамил користам пишува на кутијата има табела.
Бебе од 6 месеци според педијатар од систина што ни кажа на нас не треба да пие повеќе од 500мл 2 пати по 180 и еднаш 150 и 2 оброка. Ние така тераме и најадена си е таман. Преминете на 2ка без мешање. @Ouranio.toxo можеби е по течна дека е хипоалергено со козјото е по тврда столицата Јас најдов козјо и јас козјо давам на Холе 2ка. Имаш и во Белина Козјо млеко мислам дека е за нијанса поефтино.
Го видов, но на страната нивна пишуваше нема на залиха… па затоа се вративме на хипоалергено, за 2 уште ни е рано…