3 недели од отварање и фрлаш. Не треба во фрижидер да го чуваш. Може на собна тт,заштитено си е во самото пакување.
Никако да го разредуваш. Земи си био1 ако има или пре сигурно имаат и пре дури и неприметна е разликата помеѓу единица и пре.
Мајки , бебе е 2 месеци и пие ад млеко 90 мл . Педијатар ми рече да не му зголемувам ама рацете му се во уста и се однесува како да е гладно цело време. Се мислам дали да зголемам. Ме интересира на вашите бебиња на 2 мес по колку мл им дававте ?
Мила, не се чува ад во фрижидер. До 3 недели по отварање е рокот на АД. Во шишенцето до 1саат откако ќе направиш. Можеш да земеш дозерки ги има во локо кроко, бејби центар или андреј компани и ќе спремиш пред време дозерки, топла вода во термос и ладна. За кој и да го чува да може веднаш да му направи. Јас имав проблем со постарите генерации не знае како со дози и слично па на таков начин им спремав “ставете 60мл вода и дозерката истурете ја”. Ако ти треба нешто помош пими ми порака ќе ти помогнам
Исто 90 сум давала понекогаш 120. Рачињата може да му се во уста бидејќи тоа го учат после скокот во раст. Инаку ако бара повеќе дај му повеќе, нема причина зошто да седи гладен
Кутијата прашак не треба да ја чуваш во фрижидер може на собна температура и треба да се искористи за еден месец од отварање. Растворено млеко треба да се испие во рок од 1 час, ако не фрлаш. Сѐ ова си пишува на кутијата. Аптамил Комфорт имаш мала конзерва 400гр одличен е против грчеви и запек не прави пења кога го мучкаш.
Гледај го бебето, ако реагира како да е гладно дај му. Направи уште 30мл види,може ќе испие 10мл и ќе си заспие. Мојата така 100 пати ми има направено. Бунт нејќе да заспие за 10мл и фалело во мешето. На 2 месеци пиеше 120-150мл како цел оброк. А 90мл ако претходно цицала. Не се потресувај што и колку кажал педијатарот по шаблон. Мојот ми рече мајка давај 1 во ден АД ,не повеќе. Една во текот на ноќта пошто му кажав главата дека ми паѓа неможам да ја дојам 1 саат во 04:00 сабајле. Јас давам и по 3 во 24 часа ако нема каде да ја дојам или ако ми се спие и во 04 и во 08 ќе испие АД и што?! Ништо страшно детето најадено, среќно и мирно. Секоја контрола тоа ја фали како е мирна и весела и ние наспани. Епа така затоа што ја следам неа и нејзините потреби. Не велам дека неговите совети не ги применувам ама неможе он да знае за секое дете колку е доволно. Тоа е некој просек 90мл ама не сите деца јадат 90. 90мл да и дадам и да ја оставам да плаче или да се нервира за уште 10-20-30мл?! Па нема шанси. Ќе направам ќе ја понудам ако сака ќе го испие ако не, ќе го чувам 1 час и ако во тој 1 час не го испие ќе го фрлам. Дали мое млеко дали АД дете битно да е најадено. Јас сум израсната на АД мајка ми 1 месец и снемала млеко и здрава права сум.
Како што ме води педијатарот Д3К1 се дава до 3 месец. Малата е скоро 3 уште пиеме Д3К1 и Омега ДХА. На следна контрола ќе видиме што ќе каже кога да прекинеме со К1. Прашај си го педијатарот најубаво.
epa mi kaza tie shto se na majcino zemaat d1k1 A tie shto se na ad samo vit d, kao imalo k1 vo aptamilot I sea imam kupeno celo pakovanje d1k1 Zatoa prasuvam tie shto ste na aptamil dali davate d1k1
Мене докторот ми кажа ако имам да ги дотрошам и толку само на Ад сме , ама прашај си го твојот доктор најубаво
И јас почнав 120 да му правам ,20 остава , само 10 мл му фалеле. А кога имам измолзено мајчино може и да испие и до 140 валда дека е по слабо . Во хаос сме и цица и формула му комбинирам и плус се измолзувам кога му давам формула ама не доволно за него . Се надевам ќе фатам некој ред.
Моето е на аптамил комфорт. Д3К1 и Д3+омега пиеше до 3ти месец. Сега откако почна 3ти посебно само Д3 и само омега. Д3 од пливит 5 капки, омега babytol една капсула. Тоа по препорака на педијатар. Би требало да ти каже, консултирај се. Не знам дали млекото има врска.
Ич не се оптеретувај многу се мали за билокаков ред. Само следи си го детето тоа ќе ти даде знак кога е гладно и кога му се спие и сѐ ќе биде во ред. Јас се оптеретив читајќи на интернет колку и какви дремки требало да има, распоред на спиење на 3 месеци,мајкине на инстаграм од Америка и Данска, во колку да заспие ноќе и тоа благе везе нема со мојот живот и распоред на ден и баталив сѐ зошто според тоа неможеш да одиш или барем јас неможам, а и многу лажат. На други места читам дека распоред за спиење неможе да има толку мало и главата хаос. Затоа си го пратам детето тоа за сѐ си дава знак и навечер си врзува сон 6 часа па пие 150мл па спие уште 3-4 часа и така ми е и мене супер и она напредува одлично така да тоа е мојот каков таков ред.
Д1К1 не постои, се надевам дека ти е печатна грешка. Д3К1 комбинација постои. Витаминот К1 јас не го гледам во составот на Аптамилов што го давам и не знам дека го има по формулите. Сите што ги познавам даваат на децата Д3К1 до 3 месец, а после педијатарот го исклучува К1. Многу е битен за коагулацијата на крвта и мислам нема врска со какво млеко пие бебето мора да се зема. Јас немам слушнато некој матичен ова да го каже, кој ви е матичен?