Како што ти одговори и членката погоре, К1 не е поврзано со каков тип млеко храните. До 3ти месец треба да пие Д3+К1, после трети месец чисто Д3
i sea da stavam 110 ml voda ili 105 so 4 dozerki za da dobijam 120 ml mleko Ili 120 da prigotvam i ostatok da isfrlam?
Се прави 120мл плус прашок, остатокот го фрлаш ако не се испие. Секогаш се прави соодветно милилитража вода на една дозерка, ни повеќе ни помалку.
Користевме Аптамил 6 месеци,па сега се префрливме на бејбилов бидејќи последните месец дена ни правеше многу запек аптамилот. Од бејвилов ми остануваат многу грутки не стопени во млекото. Дали млекото не е нешто како што треба или јас правам некоја грешка? Некоја мајка што го користи ова млеко од дм да ми сподели искуство.
ние сме два полни месеци Imame 7 obroci od koi eden navecer Ako go skratam toj navecer kje mi dojdat 6 Za negova kilaza doagja 750 ml Dali vo tekot na denot da gi zgolemam obrocite po 120 ml, sea ni se po 100?
Devojki koristime aptamil pronatura Kaka ednas na den ili preku eden den, dali da reagiram kaj pedijatar za mlekoto?
Треба повеќе да се мучка затоа и се прават грутки дека е топла водата и додека ги ставиш сите дозерки се лепат една во друга.
Фала ти. Пробав баш сабајле повеќе да мучкам и немаше грутки. Ама па ептен меури се прават,и во круг кога го вртам шишето.. Или па јас ептен на другово се навикнав.. Среќа па бебе пие без проблем..
На 1кг 150мл млеко. Значи 600-650мл во 24 часа. По колку мл ти пие на оброк? Ако 90мл тогаш ќе бидат 7 оброци отприлика во денот. Види на кутијата има инструкции.
Има Аптамил комфорт (со жолти букви) тој е антиколики и против запек. Се раствара одма и колку и да мучкаш пена не прави. Одличен е.
Здраво, бебето до 5ипол месеци цицаше и плус добиваше адаптирано, последнава недела е само на адаптирано веќе не цица. Пие најчесто по 5 шишиња преку ден и доаѓа до 900мл во 24ч, ретко повеќе од тоа... Се прашувам да не е малку, дека ноќе не бара млекце. Дали да го будам еднаш да пие плус уште едно шише? Цврста храна уште не јаде, сега почнуваме по некоја лажичка, така што само на адаптирано е. Немам искуство бидејќи првото исклучиво го доев до година ипол и тек тогаш почна да преспива цела ноќ, ама веќе се си јадеше.
Не го буди големо е бебето. Од 6ти месец максимум треба да пие до 500мл млеко се зависно од бебето колку е лакомо.
Бев на педијатар вчера, бебчето ми има 16 дена. Излезени од болница со 3540 на 24 мај. Вчера имаше 3900, ми рече дека е прејадено мешето му било камен и мн килажа качило. Јас го доев ама му давав и бејби лове 1 зашто немам доволно млеко и некогаш по 2 3 саати го доев без успех. Од бејби лове пиеше 90 мл а некогаш бараше и повеќе што доведе до педијатар да ми каже сум го прејадувала. Ми рече да смениме на аптамил комфорт и да ставам колиеф 4 капки. Ми рече да му давам само 60 мл на 3 ипол 4 саати. Значи моево бара повеќе кога ќе му дадам 90 а не па само 60 да му дадам. Нема логика како да го оставам гладно. Башка плаче заоѓа, ми вика остај го нека се исплаче, како да го оставам туку така кога гледам дека сака да јаде. Нема логика, дајте совет