Очигледно препораките на педијатрите се 50-50, додека на сите курсеви за доење не се препорачува ништо друго освен млеко (мајчино или формула) ниту чај ниту вода. Јас по логика не би дала чај ако ми бара да јаде. Ќе му дадам да јаде. Како тоа ќе оцениме многу барало да јаде? Бебе е треба да расте и живее природен инстинкт му е да бара јадење. Ај на нас некој да ни даде чајче кога ќе сме гладни. Чајот нема никакви нутритивни вредности ќе ти го наполни стомакот и ти седи си гладен трпи си... па плачело. Па и голем човек ќе плаче...
Јас чај само поради грчеви давам и тоа 20-30мл. Го давам помеѓу две цицања најчесто кога ќе почне да ика или кога има грчеви а рано е да му дадам еспумисан. Не заменувам цел оброк.
И јас не давам 100 мл како што пишува на бекутан чајот, само 20 30 мл колку ради грчеви. И тоа ретко, само кажав што ми кажа педијатар, ама и таа малце е забегана зашо ми рече да му давам само 60 мл адаптирано млеко а бебето си пие 120 без проблем и има 4 кг така да нормално ќе му дадам колку што бара
Чајот повеќе се препорачува за бебиња кои се на адаптирано млеко. Можеби за оние кои се на доење нема потреба, но ад потешко се вари и предизвикува запек. Чајот помага за полесно варење на млекото, за грчеви и со тоа за полесно какање кај бебињата кои имаат проблем со тоа. Секако дека не треба да замени цел оброк затоа и се дава најмалку половина час пред оброк. Бекутан чајот од анасон и нас многу ни помогна за какањето, а не давав повеќе од 50 мл дневно иако препораката е 100.
Адаптираното млеко со причина се прави со одредена доза вода т.е. 1 мерица на 30мл вода бидејќи со тоа ги добиваат сите нутриенти вклучително и електролитите што му се потребни на телото. Вода дополнително не се препорачува особено не бекутан чајот кој е преполн со шеќер одколку со анасон. Со тоа се нарушуваат електролитите во телото и ги оптеретуваат бубрезите непотребно, кога ќе почне со храна тогаш се дава вода за да се стабилизира телото. Кај нас беа прво како зрнца после прејдоа во поголеми зрна како грашак несварено млеко.
Ако бебето има грчеви треба да се открие од што е. Дали е од храна што ја јадеш ти, дали од млекото. Може е интолерантно на глутен,на адитиви,протеини. Има некоја причина а дека со чај ќе решиш проблем не можеш. Не го сфаќај ова како за тебе да е кажано само многу од педијатрите не се замараат викаат или е гладно или грчеви си има дај чај. Никој не навлегува во проблемот се почесто се појавуваат деца со грчеви но како резултат на тоа виновна е лактозата и сега тебе педијатар ти вика давај му еспумисан тоа нема да помогне за тој проблем, но затоа ако ти би иафрлила намирници со лактоза што се ќе видиш дали има разлика и дали е до тоа. Бидејќи додека се појават видливи знаци освен грчење за нетолеранција на одредена храна ќе помине месец или повеќе а дете ќе си плаче. Дури и чај да дадеш може ќе мислиш дека се смирило од тоа, но после повторно ќе пишти можеби и зошто има мака од бубрези што не може да му ја преработи водата и внатре стомакот каша попара.
369 денари мислам дека беше млекото. Памперсите се 829 денари е сега з апо колку има зависи од бројка пример 4ка има 74 памперси. Али искрено ги уништија не се тоа тоа. Јас земав едвај чекав да ги дотрошам кога ќе се наполни со мочки и од надвор е влажна пелената.
Devojki nie smenavme od aptamil pronatura koj ni pravese zapek na hip combiotik. Stolica uredna no mislam bebce go boli mese a ne se grcevi. Kolku vreme treba da pomini da se navikne na novoto mleko?
Недела до две. Не треба да го боли меше. Ако даваш хип комбиотик не давај пробиотик зошто во самото млеко има.
Таман си си. Точно е дека ограничуваат количина на адаптирано млеко. Ако е на доење, нема проблем, колку сака може да испие. Ама ако е на ад и бара повеќе од препорачаната диза од педијатрите, тогаш препорачуваат малку чај, колку да се залаже измеѓу оброци. Кај нас тоа беше случај, не издржуваше 3 саати до следно млеко, па докториве ни рекоа чај. Ама друга беља, чај никогаш не засака, еве и голем е, не сака да види ни чај, ни сок, едвај малку вода. Па така си трпевме плачење. Ќе помине и тоа, ако поднесува чај одвреме навреме можеш, 100мл е вкупна дневна препорачана доза.
Даваш пробиотик на страна од тоа што содржи хипот? Да не го боли од пробиотикот па да видиш да смениш пробиотик? Прави му и вежби/масажа за мешето ако му се кака да се олесни.