Да си земеш од НУК дозерки за АД, има на фејбук види како изгледа (горе има отвор како на шише). Подготви ѝ ги за денот и ќе немаш мака. За АД е многу релативно, ние сме задоволни до бебелан и двајца педијатри ми го препорачаа како најблиску до мајчиното
Вакво имаме, и ова има некој канистер, претпоставувам за адаптирано. Ако е така, знаеш зошто служи таа мрежичката? Како соларник иди канистерчето со неа Женски фала ви премногу на сите за одговорите. Сигурно сум многу смешна со прашањава, тапа сум.
За да не се прават толку балони демек кога би го тресела ама врска нема. Сите шишиња ги имам пробано најлошо е кан пул најдобро до сега е авент натурал реапонс(али само ова на авент)
Какво е тоа? Имам стаклено на авент и ова пластичното од твистшејк. Да барам некое посебно? Цуцла каква да барам? Таа на авентот е за новороденче, не ни капи ако го свртам надолу шишето, а таа на твистшејк е 4м+. Би можел да пие од чаша со цевка или со клунче? Вода од отворена чаша му давам.
Ако ти е за млеко подобро шише. Пиши на нет авент натурал респонс такви и се цуцлите некапечки. Мојата е 7+ и ушре пие со проток 0+
I nas 2ca pedijatri Bebelan ni go preporacaa mesto Aptamil.I eve 5mes sme so nego i plus majcino bez problem po mese...
Dali ima nekoja majka cie bebe spie podobro navecer otkako preminale na mlekce broj 2? dali poveke gi zasituva?
Мојов е 7 месеци и уште се буди како бебе на3-4 часа да пие млекце, не пие мн околу 100 мл. Кога престануваат навечер да бараат млеко. Го префрлив и на 2 исто. На кутија пишува 3 млека а ние имаме повеќе, совет?
Совет е да внесува храна преку ден. Мојата е 7 месеци негдека кај 4ти месец престана навечер да јаде. Има доручек,ручек и една ужинка. Едното млеко е 150мл вода, другото е 180 вода пред спиење. Во текот на денот си внесува доволно млечни работи и затоа немаат потреба од толку млеко. Доручекот и е 250гр ручекот 250 до 300гр и ужинката и е само овошје 120гр
За доручек му е житарки со овошје околу 180-200 ГР Ручек зеленчук,месо некогаш житарки околу 150-180 ГР Вечера скоро воведовме млечно Му доаѓа 2 часа после јадење да бара млеко за да спие Измеѓу млеко пред спиење со 210,навечер млеко пред спиење со 210 и се буди неколку пати по 100-120 мл Од мал пие повеќе одошто на кутија има намалено на млекото Како ви се вас распоредите на оброци, какви оброци даваш?
Здраво ве молам совет во што може да го чувам хип мкекото. Тоа е во кеса и картонска кутија, но некако не ми е практично ми се истура, па мотај па лепи и дозерката внатре е пикната. Можели во некоја а и каква кутија или тегла. И не отворена кутија така ли си ја чувате на собна температура.
Премногу е тоа. Ако веќе внесува млечна исхрана нема потреба од толку млеко. На 6 месеци максимум треба да пијат 500мл готов оброк распределено на 3 пати. Повеќе би рекла да зголемиш на храна а да намалиш на млеко. Јас од сабајле давам овошје со житарки за ручек месо со зеленчук 2 дена телешко 2 дена пилешко и 2 дена мисиркино некпгаш и 1 ден мисиркино и 2 дена веге и се погаѓаат. Ужинката исто така и е овошје додека не најдам козји урда и јогурт. Млекото сабајле после доручекот и е 150 вода а навечер пред спиење и е 180 вода. Искрено измеѓу ужинката и вечерата и давам од лино смоките или бисквити знае да си касне или во оние што се става овошје како цуцли што се па си грицка додека да дојде време за вечерата. Иначе јас можам и на мојава да и давам млеко повеќе спремна е да повраќа и пак да продолжи да пие. Најобични пластични или стаклени садови што имаат капак горе со гума убаво да дихтува. Јас земав од Џамбо ама беше 1 литар и едвај ми го собираше цело пакување млеко од 500гр. Чисто да знаеш кога би земала подобро земи поголемо
Дали некој меша формула со незагреана вода (собна температура) или мора да е топла? Тие што спремате ад со топла, како го изведувате тоа додека бебето чека и плаче? Греете па ладите или?
Јас не ја превривам водата туку само ја затоплувам млака да биде од 37 до 40 степени, флаширана вода Јана. Ноќеска пошто има ред за јадење не ни чекам да се разбуди туку му давам така заспан додека е и си продолжува да спие. Е преку ден пошто сме сами си плаче така малку неколку минути додека да биде
Во термос имам вода врела и во шишето нормална вода на собна темп. Ако треба да пие 150мл вода тогаш ставам околу 90 до 100мл вода на собна темп остатокот од врелата и доаѓа темп точно за пиење. И го мучкам не го вртам шишето за да не се прават балони зошто не се раствара така ад. Евентуално за да не мериш додека плаче бебе земи си дозерки од дм и стави ад во нив и само ќе си ставаш во водата и ќе спремиш. Исто термосот од Дм го земав и ептен ми врши работа и за кашите наместо да затоплувам вода ставам од термосот и одма има доручек
Па на секои 2 саати заспива во 9 па во 12 па во 14 и во 17 знае да заспие се зависно од тоа колку долги и се дремките. Некогаш се 3 дремки некогаш 4. Али кога и колку и да спие во 20 и 30 кома е до 7 сабајле.