Да разбрав и По овој просек бебево е добро нормално напредува. Искрено Ме направија лоша мајка, да не читам правила туку давај и штом сака и на 1 час дохрана а не јас сум го прегладнувала, можело да го разболам, температура да ми качи од глад, затоа и плачело што е гладно. Потоа јас цел ден се нервирав и плачев. Ех камо среќа да ми беше на мајчино млеко и јас многу сакав. Еве сега 120 и направив, 5мл и останаа за 10минути пак почна да бара и го дадов и тоа и таа повторно гладна зева, се мува во цицките кај мене бара. Дали и е навика дали пак млекото да и сменам друго некое да и давам.
Можеби бара само близина. Има бебиња колку дадеш толку јаде ако треба и ќе поврати и пак ќе пие. Не секое плачење е од глад. Плачење за блискост Плачење од глад Плачење ако е мочана,какана Плачење ако не сака да лежи или можеби сака надвор на воздух Плачење од склет Плачење од болка Плачење за спиење или недоспаност И многу други видови на плач кај бебе треба само да ги разликуваш, бебето е мало и се може да му е. Не си ти лоша мајка далеку од тоа но само фокусирај се на тоа да го разликуваш плачот пробај пресоблечи ја, нарани ја, нека биде нормална температура дома оттргни ги тие работи па после следи што би можело да биде, знам дека е фрустрирачки и не можеш да слушаш но некогаш бебињата плачат и од вознемирена мајка пробај релаксирај се и така поубаво ќе го разбереш детето.
Zdravo mamicki...dali mu davate malku vodicka na bebe od mesec dena? Posle pienje na adaptirano mleko...po preporaka mi e toa od pedijatar nekoj sovetuvaay davaj nekoj ne...pa sakav i vase mislenje...i kolku mube dovolno za taa vozrast da ispie adaptirano mleko ete vo rok na 3 h ...kolku ml adaptirano?
Дали ја превривате или топлите водата? Ние користиме Роса, последниве два дена не му ја превривам или топлам и многу подобро ми се раствара млекото не ми се прават грутки како порано. Од потопло млеко бљуцкаше малото и педијатарот ни кажа да даваме поладно млеко. Ми нема логика роса да ја вријам па чекам да се олади па пак да ладам шише под чешма.. Грешам ли? Малото има скоро 3 месеци.
Купечка вода нема потреба да се преврива. Сакаш со ладно топло или млако прави. Јас пример на 150мл вода 100мл ладна вода и 50мл ѕопла ставам и испаѓа млака да е водата и така се раствара ако е мн топла и го мучкам шишето тогаш ми се прави пена ептен.
Само загревам. Нема потреба да вриеш флаширана вода. Доколку е потопла после растварање,стај шише под чешма со ладна вода.
Вие што користите бејби лов млеко , бебе е 12 мес сега сакам да му го сменам со тоа до сега друго користев . На кутија пише 90 мл вода со 3 лажици за оброк нели е тоа малце ? Колку и приготвувате на таа возраст?
Ако има вечера убава и после тоа за заспивање да даваш млеко 200мл би требало доволни да му се за да нема мака со мешето навечер.
Koja Voda koristite za podgotovka na afaptirano mleko, do sega koristev bebelan no planiram da ja smenam .
Ne slusaj majka drugi tuku sledi go svoeto bebe. I moeto pie poveke od sekogas polakomo bese, 4 meseci ima nekogas znae po 210 da ispi. Jas primer davav 120 pa posle 2 ili 2.5 saati 90, nareden pak 120. Mn mi bese tesko duri vovedov malku red pravev 120 bebe gladno za samo uste 15 ml pa dur gi spremav tie 30 bebe vristi placi korni. Ednostavno sledi svoe bebe. Mene sovet mi dade pedijatar davaj kolku saka i ne ostavaj gladno da e. Se dur ne povraka, da bljucka mi rece vo red e.
Штом е било лакомо ме разбирате дека постојано е гладно и дека не може да чека вришти за јадење. Мене ми е тешко прво ми е не знам како оди работата страв ми е да не му смета ако му дадам повеќе или ако му дадам порано од пропишаното време, а и педијатарот не ме оправа, пријателките векином сите си ги доеле и упорно ми велат нека цица дохрана само пред заспивање или кига си излезена, а не знаат дека џабе цица и од двете кога после е гладна испие уште 100мл. Значи слободно може да и давам час порано ако бара и ако го испие направеното може да и доправам уште некој мл да се дојаде. Вие само на дохрана ли сте
Da samo so formula majka, ne znam jas odluciv da se vodam po svoeto dete i negovite potrebi. Cesto primer spremav po 90 so takov pamet da ne mu go rasiram zeludniceto pa malecko e ama toj placese vristese pa mu spremav uste 30 i ke se smirese. Ednostavno takvo si e bebeto. I sega skoro 5 meseci lakomo si e uste pa ko 7 mesecno e