Бевме денес на мерење и фала богу што отидовме..од целиот тој неред со хранењето симнал уште 40г од болница Ама ми рекоа не е толку страшно.. Инаку, дојде да ме види сестра што работи во советувалиште за доилки/родилки. Градиве ми се полни млеко, топли, тешки дури и грутки имам. Првите 2 минути поради најверојатно запушени канали, не протекува ни капка, нити со рачно молзење нити бебе кога влече. Оно затоа фаќа, пушта се нервира и почнува неконтролирано да плаче Проба она да ме стиска за да ме отпуши, но нејќеше ни така. Со пумпата двојна електрична веднаш почнува да тече. Ми кажа за да не си правам стресови веќе и него да не го нервирам и изгладнувам, најдобро решение е на 2 часа јас да се измолзувам и на 2 часа да му давам да пие измолзено над 60 мл зависи колку оно ќе си испие. Веднаш му дадовме 90мл измолзено во 4 часот, се си го испи и си заспа. По 2 часа во 6 го станав, убаво се искака за прв пат фала богу и испи 60мл. По 2 часа во 8 испи 20мл.. Што мислите? Океј е овој начин и дали е вака правилно? Не можам веќе психички паднав скроз и цело време сум под огромен стрес со доењево и се ова што се случува..На 6ти сме на контрола па ќе видиме со килажата како ќе биде..
Не се секирај, ќе си пие колку му се пие. Мојов некогаш пие 90мл, некогаш 40 и заспива. Молзењето е мачно, барем мене ми е. За градите, мене дома ми ги масираа. Стави си прво многу топли облоги на града. (Јас крпи потопени во топла вода ставав). Почувај ги крпите едно 10минути и некој нека ти ги стиска/масира градите. Мене многу ме стискаа и среќа не се разви во мастит. Масажата треба да е јака и да те боли за да пушти.
Додека ги "разработите" терај вака ама и кога не е многу гладно ставај го на града чисто полесно ќе биде за двајцата. Ако не бива, да сте живи здрави, важно ти да си среќна спокојна а бебе најадено
Здраво, користам вода за бебиња на хип, во аптека ми кажаа да не ја вријам туку директно да ја користам. Сега купив грејач за шишиња па сакав да прашам кога го припремам млекото дали да го ставам во вода на собна температура па да го загревам на 40 степени или прво да ја загреам водата на 40 степени па да го додадам млекото? Или сепак да ја вријам водата на хип па да го ладам млекото до 40 степени?
Jas ne koristam voda hip, nego bebelan, jas ja prevrivav vodata, ja cekav do 40 stepeni, dodavav formula i cekav da se oladi do 37 i davav, dodeka ne kupiv masina. inaku i nie kupivme grejac na phillips i se zaludmo potroseni pari, ke namestish neli na odredena temp da go zgree mlekoto nikogash ne e taa temp, pa mora da cekash da se ladi a koga ti se brza i nemozesh da cekash pod cesma go ladish i go greesh pa go ladish pa pak go greesh mlekoto.ako sakash vednash drugo sisence da zgrees nemozesh, mora da ja rasipesh vodata vo grejacot i pak od novo greenje.Inaku za vodata ama bash site mi rekoa i site pedijatri deka nema potreba od bebeska voda, moze bilo koja samo ne od cesma i gazirana. Vo bolnicata koristele evina ne ja vriele, a nie se treskame bebeska voda pa vri pa cuda pa vragovi.
Јас ја ставам прво водата да се загрее па додавам млеко. Пологично ми е така, плус може да ја ставам водата пред време да се загрее, да биде спремна, па откако ќе ставам од млекото одма давам да пие. Флашираната вода не се врие, ама после 24 часа откако ќе го отвориш шишето, препорачливо е да се проврие (пишуваше на шишето мислам). Јас првите месец-два ја провривав, па после престанав. Греачот за шишиња ми е една од најкористените работи, раат.
Od prv den ne prevrivam voda. Koristime nera grcka od zegin. Za navecer vo sise si stavam dozerki kolku treba vo posebni sisenca voda kolku ml treba i nokeska samo ja zagrevam vodata ja dodavam vo sisinjata so mleko muckam i davam da pie. Ako meram vo sred nok dozerki i voda ima sve da utnam
Јас мерам во шишето колку ми треба и го ставам во електрично ѓезве- само за тоа го користиме. Бројам до 15- толку треба за да се загрее убаво и да се растопи формулата, после малце под чешма и давам. Правевме и со превриена вода во термос, ама додека да се олади…. Инску и ние купуваме Бебелан, мм нејќе обична флаширана . Грејач имаме единечен на кикабу ЗАКОН Е. Тој го користиме за молзеното млеко. Има и функција defrost, стерилизатор…
Ako dois prvo doenje pa 30 ml ad moze ke ispie moze i ne zavisi kolku se nacicalo. Nie samo na ad bevme po 30 ml piese prvite 20 dena no se zavisi od bebeto mada u princip mali zeludnicinja imaat
Здраво мајки до кога користевте Ад млеко ние сме скоро 7месеци дали веќе можам да давам трајно млеко или рано е сеуште?
Mozes od 9 m ama mesano pola voda pola mleko. Najubavo e da mu davas ad do godina a kravjo da vovedes za kasi samo
Еден совет да ми дадете. Имаме филтер за вода. Цел апарат монтиран под мивалник, со 4 ри филтри е. Дали некоја има таков апарат, да ми каже дали ја користите за подготвување за АД? Сакам да бидам спремна, ако не иде доењето или ако треба да давам комбинирано, дали ќе можам да зовривам од таа вода.
Може ли адаптирано да стои некој саат време надвор на топлово? Значи ненаправено, да ставам 3 лажички во шише, тоа да стои надвор и после саат време да додадам вода и да направам млеко. И дали може во некој сад да се префрли формулата, кутијава од Бејбилав, многу ми е непрактична, ќесата со ластиче ја врзувам?
Ние до 1 година бевме на АД. Само што направи 1на ,преминавме на Алпско . Почекајте уште малку ,рано ви е .
Јас чував спремни дози во диспанзери и кога требаше мешав со вода и правев млекце. Имаш диспанзери во Локо Кроко, bebehome, dr.browns… Остатокот го чував во оригиналното пакување, ама мислам дека има и кутии за чување.