И ние имаме таков филтер и мене би ми било шубе.. незнам зошто. Подобро водичка од Аптека. На братучед малото е на Ад и некоја вода нова зимаат од Зегин, цена мислам ко да рече како и другиве води (дека бебешкиве се обично поскапи).
За вода флаширана користиме цело време. Ладна најчесто. Една недела купувавме флаширана Бебелан, после преминавме на Ладна. За од филтер немам користено, не можам да кажам дали е во ред. Ама ако дојде до тоа ќе може да прашаш педијатар. @BellaBibi
Neznam dali nekoj obrnal vnimanie na sostojkite na grckata voda od zegin nera i bebeskata nera se e isto sano cenite razlicni ali pak od sube zimam od taa so meceto
Те прочитав пред некој ден и сега нешто барајќи наидов на ова... ДИСПАНЗЕР ЗА МЛЕКО СО ЛАЖИЧКА 130ГР ПЛАВ КИКАБУ – LOCO CROCO
Мајки, некоја да сподели искуство како да се преброди периодот додека да надојде млеко во градите. Совети некои за повеќе млеко. Бебе гладно плаче, плачам и јас. Цицањево потешко и од порагајот. Сега сме на дохрана аптамил цело време. Некогаш се измолзувам до сега максимум 30мл сум извадила. Бебе пие 90мл аптамил на подој. Сакам да дојдам и да бидам упорна ама. Фала ви на споделени искуства
Јас со Јасна се консултирав бидејќи вадев по 20-30мл со пумпа само, некогаш ни толку, ама советите беа 1л на ден Лактамикс (по аптеки го има), 4 чаши Холе чај за доилки и Lactil таблетки по една мислам на ден. Со ова и многу вода пиење и по 2 чаши на ден овесно млеко. Јас апчињата ги пиев еден месец само, лакта микс варев ама по помалку и чајот 1-2 чаши на ден ама не бев редовна искрено, ми се зголеми количина на млеко можеби не знам да ти кажам искрено затоа што со пумпа пак беше неуспешно и после комбинирано хранење 2 ипол месеци, се префрливме скроз на адаптирано. Пробај, се надевам ќе имаш среќа!
Мајки да ве прашам, бебка е 4кг и е стара 14 дена, се храниме комбинирано 60мл на подој но тоа и е малку. Ве молам искуства за тоа колкава количина на аптамил давате или сте давале за бебе како моето?
Мајки тие што сте на Ад колку пати навечер му давате на 7месечно бебе или не ви стануваат за млеко?Моето пие 150мл пред да заспие,заспива во 20ч па кај 3ч се буди за млеко некогаш знае и 2 пати да стани
Moeto zaspiva nakaj 19-20h, togas pie 180ml pa stanuva ednas nakaj 23h i ednas nakaj 4h da jade.. 7 i pol meseci... a kolku pati na den pie vaseto AD?
Прогуглај за power pumping сесии. Јас полна бев 2 дена и трет ден омекнаа скроз градите... неколку дена доев со такви и бебе ми какаше зелено. Почнав да барам за како да го зголемам и наидов на ова. Два дена практикував и се наполнив, камен гради полни, бебе златно жолто си какаше. Па прекинав, па ми омекнаа скроз и па кака зелено бебево. Дали она нема сила, не цица како што треба незнам...Денес пак почнав со power pumping, секое сабајле во 9ч се молзам. Молзам баш како што пишува 20мин молзење, 10мин пауза, 10мин молзење, 10мин пауза и пак 10мин молзење. Со ова се прави стимулација како бебето да има поголема побарувачка. Живци искинав, на 30мин е на цицка.. а ја извадам е нервозна, кенка... а кога ми се зголеми количината друго бебе имав, смирена и на 2ч си цицаше. Па налет си реков, боље да имам и вишак, него да немам... Пробај, ништо не губиш. Инаку молзам и да нема, двете оддеднаш ги молзам.. ако не тече ставам на помала јачина пумпата колку да стимулира. И одма другиот ден имав повеќе млеко...
4 пати дневно 120 или 150мл пие плус 1 оброк Рано се буди во 5 -5:30 веќе почува денот за нас , затоа можи станува 1-2пати навечер
Еднаш и треба да е во ист саат. Јас зависи и бебе како цица, го правам во периодот 8-10. Незнам дали е до тоа ама пак се наполнив уште вчера вечерта и цела ноќ полна, бебе си цицаше и спиеше супер.. сабајлево пак сум сеуште полна и иако измолзив доста во тој саат, пак се наполнив. Дел од тоа давам на бебе следниот оброк по молзењето, дел замрзнувам дека ми се полнат за понареден подој. Иначе со една вака вика на нет.. Ако пробаш баш кажи резултати... јас сум шокирана колку ми го зголемува..
Здраво мајки малата ми има 18 месеци сакам да ја одвикнам од доење кое адаптирано млеко ми го препорачувате?
Realno i ne i treba adaptirano Inače bilo koe, nema vekje nekoe značenje, možeš i od dm banbyove 3 da zemeš, najisplatlivi se mislam, za kašički, mlekce i sl..
Знам знам.. трето бебче ми е и со првото искустив мастит Не се прави превише, се прави таман да има да цица цел ден убаво... Инаку незнам зошто толку знаат да ми се издишат. Дури во тие моменти кога цица бебево (цица на секое, како недојадена) ме пече и кожата на цели гради...
Здраво,моето бебе е 11 дена пиеше по 30 мл на 2 саати,но од вчера почна по 60мл некогаш 40 мл и пак бара на 2 саати,ми е страв да не и е ммногу..ве молам за совет
И ние му дававме на 2 саати и не искараа на лекар дека адаптирано се давало на 3 саати. Докторот ни кажа дека 2,5 часа му се потребни на млекото да се свари. И јас мислев гладно е, тоа од грчеви плачело. Ако не ти повраќа од 60 мл, тогаш не му се многу.