Moeto bebe e 18 dena i tezi 4.200g, na eden podoj pie do 80ml AD, kogs davam majcino izmolzeno da receme 30ml AD i davam 60ml nekogas go pie celo nekogas ostava. Mislam deka inkilazata ns bebeto ima golema uloga vo toa kolku pie na podoj. Inaku ja ranam na 3h a ponekogas i 2.30h zavisi koga kje pocne da olace deka e gladba. Ako spie ne ja bidam ja ostavam, znaela da svrze 4h da spie pa koga kje stane i davam da jade. Ne znam dali e ispravno ama znam deka imam najadeno i mirno bebe posto na pocetok i davav po nekoi pravila i bese zinata celo vreme so placki, cyclata lazlivka ja cicase mislam so tskva slast da se gledase deka e gladna.
Исто и мене ми рекоа не на 2 часа,а нњкогаш не издржува ни 2 часа не знам дали е од грчеви или да ја сменам храната…а кога праашав во болница ми рекоа да не ја менувам и давам бебелан
Да пробаш со поголема доза (ако не бљуцка) ? Мене во Систина ми рекоа чајче да му давам за да издржи. Му немам дадено, шубе ми е некако. Сега со новава формула дека е погуста подолго го држи, дури паничам дека не е веќе толку заинтересиран за храна.
Novalac Allernova AR. Меѓутоа дадена ни е дека повраќаше и плачеше премногу од што го гореше на хранопровод. Има рефлукс. Се сомневаат исто дека можеби има мала алергија на кравји протеин. Моја препорака е ако доктор не ви го препише да не го земате на своја рака. Погусто е млекото за да не се враќа да го поврати. Претпоставувам дека е погусто затоа и го држи.
Леле истава голгота ја поминав, ја викав и Јасна. Молзев, power pumping правев, пиев се од ова што наведе, еден тон пари се изнафрлав, нерви искинав, дополнително ми даде некои апчиња Домперидон што привремено ми зголемија млеко ама ми расипаа желудник, и пак количините што ги вадев не беа ни 10% од тоа што му беше потребно на бебето за еден ден. 3 месеци нервози секој ден, за ништо. Со овој памет да треба сега пак исто да проаѓам, ништо дополнително не би пиела, ако има млеко има, ако нема, живи здрави, постои формула. Не вреди пеколот што го поминав, кога после 3 месеци пак се сведе на исто, секој оброк да е формула.
Исто, прекриво ми беше мене се осеќав ко да му одмагам на бебево и со плачки и стресови, притисоци од страна уште толку, падна на килажа и споро качуваше дека форсиравме повеќе доење. Ако имам второ прво со ад ќе почнам, па после ако има млеко супер ако не никому ништо. Налет и доење и се ако ти страда психа до толку.
Бебе е 2 месеци, 5кг. Последно кога бев на педијатар ми рече оброк не повеќе од 100 мл. Е сега бебево цица. Ве молам за совет како да комбинирам зашто не сака повеќе од 60мл да испие. Значи он си цица цело врме само што не му е доволно. Намалено ми е млекото доста и нервозен е после цицање и не спие. Ќе се напие 60мл млеко и заспива. Можно ли е да му е доволно таа количина? Дали да форсирам повеќе? Дали да нудам после секој подој? Сега за сега 3 пати на ден пие млеко. Адаптираново ми е мистерија, ништо не ми е јасно, ќерката ја доев до 1 година, сега бебево не знам како да се организирам цицање+ад
Прво цицање па давај 60мл АД. Постепено ќе зголемуваш ако се буни, ќе фрлаш ако не сака. Можно е да му е доволно оти ќерка ми на 2 месеци пиеше 60мл само АД. Без цицање
Секое бебенце си бара различна количина. Моево уште нема 2 месеца па матичната ми рече да качам на 105 мл од 90мл дека си бара. Ако не сака повеќе од 60мл значи тоа му е доволно. Мене ми рече доктор специјалист да му намалам на 60 мл дека има рефлукс меѓутоа ми плачеше и не спиеше. Така знаев дека не му се доволно и нема да го оставам гладно.
Девојки што треба да правам за да ми престане млекото скроз? Ми се намали, по некое време добив и вадам едвај 20-30мл што е ништо и млеко ептен бавно надоаѓа во градите. Веќе 2-3 дена како не се измолзувам, секако имам некоја количина во градите насобрана од овие денови, дали треба да се измолзам?
Пре е најблиску до мајчино и побогато со протеини. Ама некоја драстична разлика немаат. Така ми објасни педијатар во Ремедика пред испуштање.
Вчера сакав да земам една кутија да имам за секој случај. И не земав, зошто незнаев која е разлика, па да не утнам нешто.
Пре е всушност за прематурчиња. Ама читајќи по групите за совети за доење го препорачуваат на сите. На бебка и го дадоа бидејќи имаше мала родилна килажа, под 3кг. Јас понудив ама решив да не давам и оставме на доење. Сега кога ја оставам давам по потреба.
Мајка ми вика не брзај, аптеки работат 24/7 , ќе земеме ако треба. Ама јас со мојот мозок , да е се спремно