Има некоја табела колку млеко треба бебе да пие? Кога цица пие 60мл ад, кога е само на ад пие 100 мл, не знам дали му е доволно. Цицање плус 60 мл ад му е малку и не го држи 3 саати, а со 100мл ад нема проблем 3 саати.
По табела множиш кг на бебе по 150, и делиш со 8. Пример 5х150 / 8. Тоа е мл на еден оброк Е сега со цицањево плус, да му даваш цицање+90 мл да видиш колку ќе го држи?
Нејќе 90 кога е цицан. Вака по табелава ок искача мл без цицање, ќе видиме на мерење. Адаптираново ми е научна фантастика, ко водич си ми . Со ѕверкана бутни цицката, ни мериш, ни ништо, па лупај си ја главата после кога качила 300гр месечно.
90ка, ако е 4 саати нејаден знае и 120 да испие. Некако не го држи 90 3 саати, а не пие повеќе. Можно да е полајт млекото па затоа? Бејбилав 1 ми давам.
И моето не го држи 90 3 саата. Често давам и на 2-2 и пол саата. Лакомо си е детето уште од болница. Кога е гладен, плаче и глас снемува дури некогаш. Бебелан користеме.
Мајки новпроденче на дохрана несака да чуе од аврнтот 0+ само од обочнa цуцла пие лесна што тече кога ќе ја навалош како во болница и на града слабо млеко. Имала ли некоја вакво искуство како да почне рефлексов за цицањњ? Го мачам со авентот и пак на крај ке завршам со обочното пошто се изгладнува
И кај нас беше така на почеток, и ни рекоа да му земеме цуцла со слободен пад. Не го послушав педијатарот и си продолжив со авентот. Бебе се научи и влече како лудо. Можеш да пробаш со авент цуцла за 1+ месец и да му ги менуваш еднаш од 0+, еднаш од 1+. Кај мене тоа успеа. И добро е што се навикна, дека се засркнуваше и на авентот. Не знам што ќе беше да беше на цуцла со слободен пад. За доење можеш да ја викнеш Јасна од Бебелогија. Може да ти помогне.
Мајки да ве прашам дали пред секое правење млеко мерите температура на вода? Јас превривам вода и ја ставам врела во термос па кога ќе дојде време за оброк пробувам на рака, ако е жешка ставам во шише и ја разладувам под чешма се дур не ми е океј температурата на рака па додавам прашок. Никогаш не се водам по степени затоа што бебо кога ќе писне за јадење немам време за така. Како практикувате вие?
Ја топлам во грејач водата и растварам млеко. Никогаш немам измерено температура. Користам флаширана вода и не ја превривам. За навечер спремам 2 млека, одма ги ставам во фрижидер и после кога е време за млеко ги загревам во грејач.
Јас флашираната ја вријам само не знам до кога. Имам и грејач на кикка боо, т.е 4 во 1 е се користи и како грејач но до сега не сум го користела за таа намена. Што знам вака најлесно ми е и најубаво функционираме само ми беше да не игра температурата улога врз прашокот, да не се губи хранливоста ако е повисока температурата од 37 степени. Тоа ми го спомна другарка па сакав да слушнам мислење и тука.
Зашто вриеш флаширана? Со грејачов е топ, го прави баш на температура ја пиење. Знам само дека не треба прежешка да е водата, тоа има врска со хранливоста на млекото.
Еве не знам, за сваки случај. Да не вријам тогаш веќе да си го користам грејачот, автоматски е подесен на 37 степени. Каква флаширана користиш? Јас изворска користам, не сум зимала бебешка вода до сега.
Јас Горска користам. Ок е вака, никогаш бебешка не сум купила. И мојов грејач е толку наместен. Ептен е практично стварно, да не се замараш со вриење, па со ладење.
Кој грејач го користите? Јас користам бебелан вода и ја загревам од прилика. Дефинитивно полесно ќе е со грејач. Не превривам.
Филипс Авент. Неколку опции се и многу битно кога ќе загрее ја одржава температурата, не се гаси. Можеш да го оставиш така уклучен цел ден и само си ставаш шишето, за 2 мин е згреано.