Јас сега ја пробав опцијата грејач за млеко, мислев дека е фиксно наместена 37 степени но всушност се подесувала од 35-50 степени.
Има неколку категории на мојов ама нема означено температура, мало шише, големо шише...треба во упатство да видам која температура е
Како го чувате ад? За ќерка ми користам Hipp и кога го ставам во диспанзерот дали за шетање дали за ноќта, приметив дека се залепува и мал дел останува доле. Мислев да не е досушен но и кога е скроз суво пак така ми се прави исто и на лажичката. Дали има некои посебни кутии за чување на млекото?
Бебе го префрлив од Новалак на Хип ама на почеток се засркнува, тоа не го правеше со Новалак, не ждрига воопшто и бљуцнува после јадење. Претпоставувам дека е до млекото. Дали да го вратам на Новалак или да пробам друго? Се мислев за млекото од ДМ ама ми рекоа дека не е толку квалитетно како другите.
Најверојатно не му одговара новото млеко. Мене за Новалакот ми рекоа да почекам 2-3 недели додека се навикне на него. Не знам дали да ризикуваш 2 недели ако одма има толку голема разлика со Хипот...
И јас планирав со тоа на ДМ, го имав купено пред да се породам, ама кога не пуштија од болница, педијатарот кажа не му е познато и да земам друго, па земавме Бебелан. Такво им даваа и во болницата. И вода Бебелан користеме, досега е во ред.
Синко е на Бејбилав, супер напредува, кака секој ден. Кој ти кажал дека не е квалитетно и во кој смисол неквалитетно? Јас многу задоволни знам од Бејбилав. Германско е, по ЕУ стандарди правено.
Дали греачите на Филипс Авент одговараат само за нивните шишиња? Или се стандардни, може било кое? Зедов шишиња на Медела, па се мислам сега за греач.
Nie sme od sam start Beba pre ha . E sega neznam do koga se koristi pre ha . Ima od ova istoto Beba pre 1 Beba pre 2 i Beba pre 3. Aj ovie 2 i 3 pretpostavuvam deka se za posle godinka a 1 za koga e ?
Јас лично првите 6 месеци го користев од ДМ био ПРЕ и одлично напредувал дури и крвна слика кога извадивме му беше одлична. За разлика од Аптамилот и ХИП не сакаше воопшто да ги пие и имаше проблеми со столицата. Не може ниедна храна за бебе поправило прихрана да биде не квалитетна (поминуваат низ огромни проверки и стандарди), а кај другите млека разликата е во цена бидејќи се плаќа име на бренд.
Бебелан е најчисто млеко во поглед на штетни состојки, по него Хипп. Следам на инста профил живот без токсини и многу често објавува рецензии за бебешки производи кои ги користиме секојдневно. Ќе си речиш за бебе е мора да е добро а врска нема. Палмино масло во бебешко млеко и суплементи не може да е добро, а секаде е присутно.
Да, го следам и јас тој профил. Доста корисни работи. Последно гледав кои шампони за бебиња не се добри по состав. Затоа, козметика си користам на дм, балеа. Новалак има палмино масло.
Да, и јас имав намера со тоа, ама ете кога ти каже доктор, па и прво дете, викам ајде да послушам. За Аптамил сум чула од повеќе дека праве запек кај бебињата. Снаа ми го користе од почеток, ете кај внук ми нема проблеми.
Докторите препорачуваат по принципот на процент. Не само за млеко, него и за козметики лаборатории. Не викам да се нема доверба во доктор ама со доза на скептицизам препораките
Во право си. За млекото ок, детето го прифати и нема проблем. Да имаше нешто, нормално ќе менам. За козметика, матичниот педијатар упорно Веледа или Биодерма препорачува. Јас си користам Балеа/Алверде, супер производи за тие пари.
Kolku vreme moze da stoi ad mleko od pakovka na baby love samo edncka dadeno da pie bidejki pocna da povraka