Sakam da smenam od Holle 1 na baby love edncka mu dadev od baby love PRE mnogu grutki imase i mi povrna posle toa ne sum probuvala, od Holle nekako mnogu napon dava za kakanje , 3 meseci e deteto
Моево бебе сака да пие само ладно млеко. Ако е малку затоплено го плука, бутка со јазик, се трга. Има друго бебе така што сака ладно, нели треба 37 степени да е млекото?
Пробај Бебелан. Моето го пие уште од болница тоа, 3 месец тера. Кака секој ден, само од тоа млеко каката е позелена. Давам пробиотик babytol neonate и против грчеви babytol coli.
Треба... Ама ќерка не го пиеше ни малку стоплено. Собна температура омилено и беше. Од почеток до крај само така го пиеше. Ако имаш време прај го на 37, па чекај да олади. Јас немав време, се дереше ко опседната па од флаширана/бокал директ и правев. Тоа е
Во Систина ми имаат речено дека може и поладно да се освежи бебето од топлово. Не знам колку е точно искрено ова. Се случувало и поладно да му дадам дека го ладам во поладна вода и некогаш несакајќи ќе го оладам повеќе него што треба.
Bidi srekna majka sto bara poladno, moeto samo toplo duri zesko abe se poti. Malce da olade ne be brate nema sansi da go ispie. Moram da toplam.
Се вративме на Новалак ама исфрливме скроз пробиотик и бебе е супер овие неколку дена. За бејбилав го прашав педијатарот, рече дека е супер млеко ама да не го зимам сега затоа што ќе му биде трето млеко за месец, најдобро малку понатаму. Па ќе почекам некое време и ќе го проба и тоа.
И јас откако не давам пробиотик си кака бебе секој ден. И со ќерката не давав, нејзе грчеви и правеше. Двајцата се со царски ама па тоа е, кога не им одговара, а сите марки ги пробав.
И јас сум царски, пишаа 3 месеци пробиотик, користам Babytol Neonate, ама еве неколку пати не може, и сега се мачи цел ден. Не беше така порано, какаше секој ден, ама сега неколку пати прескокнува. Ќе пробам наредните денови да не давам, да видам дали ќе кака секој ден.
Првото дете ни мајчино, ни ад, ни каша не сакаше топло. Од фрижидер дирекно пиеше и јадеше. Второво нејќе да слушне. Мора да е убаво стоплено, иначе само ќе ја џвака цуцлата од шишето, не пие. Секое бебе своја приказна.
Nas pedijatar ni kaza polni 6 meseci i ne naednas da se smeni tuku postepeno. Denski davav 2 a navecer 1 ama jas nemav problem nesto odma prifati.
Jas od Jasna ne sum zadovolna dojde 2 pati prviot me nacuka so eden kup caevi i tableti za mleko, vtoriot pat koga dojde merese demek kolku iscicalo bebe i imase samo 10 ml , mi dae gastro tableti dom peridom ama ne gi piev zasto site drugi mi vikaa deka se stetni i deka se lacat i vo mlekoto . Se na se si zema gospoza si naplati a rezultat 0 . Jas ne ja preporacuvam
За ова со чаевите и таблетите и јас имав мал сомнеж дека е премногу. На пример ако сум ја достигнала макс дозата со лакта микс, зошто плус таблети и плус хип чај за доење. Нели веќе ги надминуваме дозите откако сум испила лакта микс? Мене ми помогна за да научам како на града, ама малово е живец. Други гледам има задоволни, веројатно зависи од бебето и количина на млеко.
Дали брзо се научивте на града? Мене тоа ми треба. За количина на млеко знаеме сите како треба. Ова другово е мака малце.
Ме научи како да ја фаќам брадавицата, ама често ако не му успее од прва вриштеше и нејќеше пак да проба. Друго ако фатеше и цицаше и ја отпушти после пак врштење за местење и ја маваше главата од града од што беше лут.