Да, за ад множиш килажа х 150, па делиш на 8 оброци и добиваш колку мл треба да пие. Пример, 4кг бебе х 150 е 600, делено на 8 е 75мл по оброк. Мајчино млеко колку сака и кога сака и многу важно да се празни целосно градата за да го добие и помасното млеко.
Она не цица. Молзам цело време. Сега па со грчевите, не се ни обидувам да стимулирам на града. Уште толку збеснува. Дека на почеток да пие по 30 мл само. Ако во момент немам молзено, давам и ад , затоа и прашувам. Мајчино да давам кога сака да не е неправилно?
А што е причината што не цица, брадавиците или не знае да фати? Најубаво е да даваш на барање, градата не е само храна. Моето само на града се смируваше кога имаше грчеви. И општо, за што и да плачеше, само дај му да цица и се смирува.
Несака да фати. Незнаеше како. Јас сум на секое плачење гола и ја допирам до мене. Желба за да цица имам премногу, ама во склоп со грчевите, ни вежби , ни обиди немаме.
Пробај со силиконски. И моето не знаеше да фати, со силиконските се научи и после кога доби сила за влечење постепено го одвикнав од нив и многу убаво ми ги извлече брадавиците. Грчеви ќе си има, плачки ама мораш да пробуваш. Молзи се често да не се намали млекото.
Ние сне 8и пол месеци скоро , од старт на молзено штто она не зннаеше да фане што јас не знаев како да ја наместам ама нема везе муабетот ми е за недела и нешто тргнувам на работа башка што мн помалку пие млеко и мене ми намали и сакав да земам плус ад за навечер и сегаде ве читам со топла вода арно ама мојто бебе пие цело време млеко на собна температура, никогаш и немам топлено смеам ли така и со ад или мора да е топла за да се раствори појма немам како оди некоја да ми објасне
Мојов нејќе да пие топло. Го правам со топла вода и одма шишето во фрижидер го ставам да се олади. Инаку на околу 37 степени најубаво се раствора ама не дека нема да се раствори и на собна температура.
Здраво мајки. Четврт ден како сум породена со царски, уште немам млеко.. По колку дена сте добиле? И кое млеко го препорачувате, holle или aptamil? Утре си одиме дома, па да си имам при рака
Со првото ппсле 5 6 дена, со второто одма, двете се со царски. Ќе ти надојде не се секирај. Прашај што им даваат во болница, на ГАК им даваат Хип. Инаку ќе си видиш по бебе кое млеко му одговара ако е на ад ама почни со исто од болница.
Јас веќе четвртиот ден имав колострум. Треба многу течности да пиеш и оди под туш со топла вода држи го на градите и масирај се. Друго што можеш е да пробаш со пумпа да стимулираш или ако немаш достапна тогаш само со рака масирај. И нормално бебе цело време на града да цица напразно, тоа е најдобра стимулација. Најдобро млеко според мене е аптамил.
Која е разликата помеѓу 1 и 2 млекото? Веќе 7 месеци има, но се буди навечер за млеко, а пие малку, заспива и после за кратко пак е гладен. И преку ден некогаш ќе испие 180 некогаш 90 мл. Ако сменам во 2 ќе го држи ли повеќе најаден и дали се менува млекото одма или постепено?
Ние само што наполни 6 месеци сменивме на 2ка. Ни кажа и матичниот педијатар и во Систина педијатарката одма да смениме, нема потреба за никаков преод од 1 на 2, само почнуваш со 2ка. Колку пати на ден пие млеко, колку оброци храна има?
Моментално два оброка, за два дена сме на педијатар ќе прашам веќе и за трет оброк. 4 пати се трудам да му давам, околу 7-8 сабајле, па 13-14, па после ручек накај 18-19 и вечерта околу 21-22 часот. Ама бидејќи тешко ни оди пиењето млеко пие по малку некогаш и 90мл само и не го држи многу време, ноќеска ми се буди барем по еднаш и си бара млеко. Така му се фаќаат 5 некогаш и 6 пати да пие млеко, ама повеќе од 600 мл во текот на денот не пие. Затоа сакам да сменам во 2ка млекото мислев можеби е похранливо па да го држи повеќе барем навечер.
Може едноставно не е голем јадач ако помалку мл го заситуваат, а може и да му е веќе спор протокот на цуцлата и да се замара и нервира не пие до крај, па да треба да смениш со поголем проток, пробај посекако. Моево е 7 месеци и уште тераме со авент цуцлата што е 3+ месеци, а за млекцето веќе време е да прејдете на 2ка.
Брзо прашање . Дали е во ред на 4/5месеци д 28.08 до 19.09 да качат само 100гр? Но од 62отидовме на 68 и 74 величина за носење. Педијатар ништо немам корист од него. Пијат само навечер Ад. беба пре ха ( во мк е беба тоа млеко) . Од кога се префрла на беба пре ха 1?
Кога преминувате на цуцла 3+? Пие од Томи Типи 0+, 3 месеци е и од што е лаком знае да ми се засркне. Како да знам кога да сменам цуцла со побрз проток?