Моето за 3 дена ќе прави 3 месеци. Пред недела пробав М цуцла од Babylove шишиња, ама се засркнува, исто лаком е и вратив на Ѕ. Од Авент пие проток 3, пробав 4, ама исто се засркнува. 4 мислам беше над 3 месеци.
Здраво, првпат му давам на бебо (13 месеци) адаптирано млеко. Се одлучивме за Холе - кравјо пошто во Зегин ми кажаа дека било најблиско до мајчино. Му дадов и ќе се запие, ама прави како израз за повраќање. Нормално ли е тоа на почеток???
На моето Холето му направи проблем со столицата не можеше да се олесни, со топломер и со крв со маки одеше. Потоа го сменив со бејбилав и се среди се и по заситено беше ко што памтам. Можеш и кравјо да му даваш јас и давав после 6 месеци.
Зависи и до организмот мене ми кажаа дека не и одговара млекото и почнав од дм да земам бејбилав 1 и се среди плус 3 саати ја држеше сита. Пробај може твоето ќе го сака. А и бејбилав е поефтино
Babylove 1 млеково не го наоѓам, само PRE го има момемтално. Можам ли тоа да го дадам??? И како да сменам млеко, со 1 оброк да почнам?
Mene pedijatar mi rece kravjo mleko nikakoo pred 1 god pa i togas da se izbegava i deka nema nisto zdravo vo nego
Јас и давав и такво одкако го прекинав ад. Ништо не и е. За Холето со гаранција кажувам одкако и го сменив ем и се регулираше столицата, ем по сита беше.
Во дм го има прашај во кој. Ако нема земи ама да не не ти го сака. Јас до друг град имам одено да барам.
Знам дека во дм го има тоа го пие цело време. Во 3 дм бев нема. Им пишав сега да видам што ќе речат. А вака што читав единствена разлика меѓу 1 и пре е што во пре нема скроб. Ќе го мењам, вакви заебанции да ловам млека по маркети не бива. Земав пре за утре па ќе видиме што ќе биде.
Вистина ли е дека Аптамил е тешко млеко за варење? И која е разликата меѓу Хип Комбиотик и Хип Органик?
Јас минатата недела земав од Капитол и одеднаш купив 5. Мислам дека кај нив носат во понеделник, Џевахир вторник и сабота, Џамбо сабота, за другите не знам, не сум прашала. Ми рекоа дека може да им вртам на телефони за да не одам џабе. Така и направив, во Џевахир немаше во понеделник, ми кажаа дека во вторник ќе добијат, а во Капитол цела сталажа беше полна. Броевите ги имаш на сајтот на ДМ.
Јас живеам во Карпош 3. Денес бев Сити Мол, Млечен и Ѓорче нигде немаше. Ми рекоа роба после 1ви. Стварно е поевтино млеково ама при Зегин онлајн достава да трчкарам по Скопје со бебе и тодлер не ми иде. Једино ми е што бебе го прифати фино, па затоа му се мислам уште
Новалак 3ката какво е убаво на вкус Тоа е единствено адд кое и јас си го користам кога немам млеко на лагер ,за кафе И син ми го обожава . Кецот о двојката не сум ги користела ,ама тројката е стварно убава на вкус .
Здраво, имаме 5 месеци за неполна недела ке правиме 6 и денес преминавме на babylove 2 по препорака од мои пријателки, а предходно бевме на Холе 1. Во упаството пишува 150мл 5 дози 2/3 пати на ден, АМА ние пиеме преку ден 2 пати по 90мл и навечер 2/3 пати исто по 90. Сабајле му направив 150 и 40/50 ми остави и сега исто. Дали е проблем повеќе пати на ден ама по малце количински?
Jas davam aptamil, dosega se bilo vo red kaka sekoj den po 2-3 pati. Mislam zavisiod organizmot kako ke go prifati.
Јас така правам, повеќе пати по помалку. Пробав според упатство, но не бидува не е јадач моето и исто пие по 90-100, а веќе е 7 месеци. Кога правев по 150 само фрлав млеко, не се сите деца исти и не можеме точно според упатство да се водиме.