Онли. Детево од пријателка има 9 месеци и пие по 90 мл. Навечер не спие. Не е до млекото. Такво си е детето. Секое дете индивидуално пие млеко. Јас лично немаше шанси да се раководам по табелата. Моево е месец дена и пие чат 120 чат 150 мл. А има моменти кога пие и 60. Сега за сега е вака. На нашата табела пишува дека сега треба да пие по 150 5 пати во 24 часа ама моево ниту малку не се раководи по табелата. Си пие помалку и почесто. Испробај неколку варијанти и ќе видиш. Јас сум презадоволна од аптамилот. Нема што да се објаснуваш дали детето ти е на ад или мајчино. Верувам си пробала се и милион маки си осетила. Ако не бидува не бидува. И ад е млеко. Моево дете дискриминирано ли треба да биде и дететво од @PUPICA што пиело ад? Што му фали? Рог нема. Според муабетиве овде премногу се осудувачки некои работи. Јас додека летав во воздух првите денови и не знаев дали газам на земјата или на небото слушав и се јадев. Ама сега гледам колку проста сум била. Нападнете ме слободно. Ваше право. Секој си размислува на свој начин и пред се секој си знае за себе како му било и што доживеал фала богу.
Во контекст на муабетот.. Околината прави невиден притисок дали го доиш или не,па зошто,па прерано си се откажала дрн дрн... Се прашувам,со кое право? Дали тие жени се поголеми жртви за сопствените деца па сега изиграваат поголеми мајки? Па се расфрлуваат со месеци и години доечки стаж.. Впрочем не сфаќам зошто се замараат толку со исхраната на дете кое не е нивно и не ги тангира? Ова го почувствував на сопствена кожа, а секако како што кажа @vitamina секој за себе си знае какви маки поминал или не. И сите мајки кои немаат доволно или воопшто млеко за своето чедо се етикетирани,а бебињата ни јадат отрови!!!
Од мерење на МАЈКИНЛК ми е збоктисано. Не коментирам и не се замарам за туѓото, си го гледам своето. Моите причини само јас си ги знам и немам потреба пред никого да ги откривам и да се правдам. Крај краева јас си го плаќам млекото не ми го плаќа комшијата. И јас си знам на мене како ми е и ми било и од кои причини ми било. Ма кој сака нека напаѓа, додека бев на небото првата недела слушав секого, сега со овој памет и искуство јас знам како да се поставам пред секого. Во иднина така и ќе постапувам.
@vitamina еве баш денес, капка млеко во теков на целиов ден не е напиена... Дали као што велиш ти до детето ќе да е, дали и е здосадено млеково... навистина не знам ..... Мене само ме јаде тоа што од самиот почеток некако со сласт не ми го пиеше млеково, така како да го пиеше од што беше гладна , од што немаше друго што да се јаде.... За цело време она си играше со цуцлата на шишето, па го плукаше надовор, жива вода се правеше.... Не знам како да објаснам ... како цело време да се зеза со млекото и никогаш не делува како гладно дете да речеме да ја фати цуцлата и да пие ко ненајадена, него онака ради реда само. Јас и првото го имав на адаптирано млеко, но таа како луда лапаше (пиеше), па затоа се мислев да не е случајно до Аптамилот, дан не и се бендисува......
Абе до детето е пак ќе ти кажам. Има деца и деца. Некои се лакоми некои мрзеливи или нејадачи!! Ете за ова прашање многу сум разговарала со мајки. И до тоа е. Не верувам дека млеката имаат различен вкус, што знам. Ај ти оди си на педијатар и конусултирај се. Има деца на таа возраст што не сакаат млеко да пијат. Не сум паметна да те советувам на оваа тема, да бев на твое место ќе прашав педијатар, сепак најдобро решение ти е така. Па како ти каже така и прави. Еве моиве пријатели рекоа дека ќе почнат да му дават обично млеко веќе.. Ама тоа е друга тема, односбо бидејки коштало. Сепак не е страшно детенцето веќе ти е големо и решението не е само млеко како храна нели
Цврста храна си јаде супер , но Ад млеко никако ! На педијатар ќе одам тек од следниот понеделник, денес се јавив да закажам ,но не бил тука докторот, на некој си семинар бил до петок, јбг.... Ќе изгураме некако до следната недела ваљда... Сепак ти благодарам многу на советот, поддршката и разбирањето
@only44you едноставно не е љубител на млеко. Јас би ти рекла да се фокусираш на цврстата храна. Ако имаш воведено млечни производи, не форсирај со количината на млеко, колку сака нека пие. Еве поголемиов мој до 6 месеци пиеше колку толку ад млеко покрај моето кое го немав доволно. После го откажа, се расцица, ама и тогаш не беше доволно, па се фокусирав на цврстата храна. Е сега тој од 6 месеци јаде млечни производи, а млеко не сака никакво, иако пиеше во градинка на почетокот. Па еве го порасна. Некои деца едноставно не го сакаат млекото и тоа е тоа.
Изгледа ќе да е така .... Воведов веќе млечни производи, но не и давам толку често... Инаку воведов јогурт , домашно кравјо кисело млеко и домашна кравја несолена урда ... Си ги јаде и пие без проблем .... Скоро се имам воведено, уште јајце (и жолчка и белка) и риба... Ти благодарам многу за споделеното искуство
Ех колку ме нервираа тие прашања на почетокот и колку се чуствував не мајка. Абе кој и да ме видеше одма прашање "а цица бебето", дури и газдата на работа ми го постави тоа прашање. И после следува а зошто, а пиеше ли ова, она, упорна ли беше? Кај ми беше тешко што не цица уште секој момент да се потсеќам на тоа и да се правдам зошто. Ми беше чудно зошто мене никогаш не ми текнало да го поставам тоа прашање на некоја мајка, нити порано, ниту сега кога имам дете. @only44you и моето баш тој период се откажа од шишето преку ден, повкусна му беше цврстата храна, ма да навечер си ги пиеше по 2 шишиња од 150мл. И сега на 15 месеци, мора да стане два пати за млеко. Давај само повеќе млечни производи и ке си надохнади.
Eve vi kazuvam tolku mi e losho nemam zborovisakav da dojam i ovaj pat ama ete ne uspeav ama okolinata me izluduva,doish?oti ne ?svekrvata za prvoto dete koga i da zaplacewe ke mi recese ne to cini mlekoto zatoa placi eve sega ad pie bebeto pa pak ima momenti koga placi bebe e so ne mu e jasno ,lele raceto vo usta gi stava epa do tamu stignuva lele uzas zeni
Те разбирам како ти е, низ истото поминав, ама ке видиш со тек на време ке отрпнеш. Потрудисе да не се замараш со муабетите на страна, ете и самата знаеш дека како и да е ке зборат. Ти си мајка и најдобар знаеш како треба со своите деца, мајчинскиот инстинкт никогаш не лаже. Имаме среќа што има адекватна замена за м. млеко и бебето си добива се што му е потребно.
Јас па од свекрва ми сум немала таква мака, ни за првото , ни за ова сега, зошто и таа уште на времето немала млеко ни за маж ми ни за девер ми....така да потполно ме разбира и искрено ме поддржува , посебно сега за второво бебе.... А инаку од околинава веќе отрпнав, бидејќи кој стигна ме праша дал цицало бебево, небаре златно млеко течи од цицките , па мора да цица!!!! И не се слагам со тврдењата дека децата кои цицале биле поотпорни на настинки, поздрави и не знам ти што уште не ! Имам еден куп пријателки, братучедки кои ги цицале своите деца, а останати се по болници со нив, а исто така познавам многу деца кои пораснале со АД млеко и како чеканчиња се. Значи пак доаѓаме на тоа како што рече погоре @vitamina ДО ДЕТЕТО Е !!! @kalinaka ти благодарам мила за советот.
Тoчнo јaс сум изрaснaтa сo aд, брaт ми е дoен, oн oд мaлo бебе нoнстoп пo бoлници зaглaвувaше. Брaтучедкa ми гo дoи уште a веќе е гoдинa ипoл дo сегa не знaм кoлку пaти се рaзбoле..нa три месецa лежеше целa неделa вo бoлницa.
Значи ете има и други случки .... Всушност, нема правило, до детето е пак... Еве јас заборавив да си кажам и за себе... Јас сум доена до 2 години и само по болници бев како мала, нон стоп бев со бронхитиси, инекции...
Погоре бев "прозвана",па да кажам збор два...не се впуштам во дискусија и објаснување,оти завршив со таа фаза у животов Само ќе кажам Синми е "аптамилско" дете. Дали има испиено 200 мл мајчино млеко. Моето неискуство,рамни брадавици,неговото да кажам немање сила да влече(се роди 2.390)си го направи своето...се измолзував,користев силиконски брадавици,пиев чуда за повеќе млеко,но залудно...детето се навлече на шишето и немаше спас. Речиси 4м бев во депресија оти не цица,оти сум немајка,оти наводно ќе биде болежлив оти демек мајчиното млеко е "лек за се" и да не редам... Прв пат се разболе(обична настинка) на 1,2 год. Во меѓувреме по сто пати идеа на лекар мајки чии деца,врсници на синко мој,беа на ексклузивно доење. Како беше поговоркана "не е мајка таа што те родила,туку таа/тој што те одгледал,израснал"...колку за споредба. Бев,останав и ќе бидам можеби "поголема" мајка од икс кои ги доеле децата па и до 2-3 год. Реков, не би да должам. П.С.Единствено,на шала на смеа си спомнуваме со мм,со парите дадени за аптамилот можевме уште еден стан да купиме
Јас пак за друго зборував некна. Кај мене односно во англија аптамилот е 10 фунти. Исто како и во македонија. А со оглед на тоа дека фунтата варира може и поефтино да испадне. Па направете вие есап колку тука е изводливо за тие пари а колку во македонија. Жално навистина.. Ај некој има. Ама оној што нема. Греота.
Ааа фала,не ми треба Утре точно 2 год и 6 м има. Аптамил пиеше до кај 15м,па домашно козјо,па домашно кравјо.