Aptamil moze e tesko za novorodence ama ako sea jade i cvrsta hrana mislam deka ne bi trebalo da imas problem. Inace kako najkvalitetno mleko go racunaat aptamilot. Jas od prv den davam aptamil probav i novalac ama ne mi se svigase nekako ni bebe ne go piese a baska na sekoe so macas prsti vo mlekoto zasto lazickata e samo pustena vo nego
На Хип комбиотик сме, по препорака на педијатар. Супер го прифати. Она кажа дека самото млеко имало и пробиотик плус.
Совет, бебе е скоро 9месеци Не знам дали неспиење ноќе и активно цицање на 2ч се должи на заби,сепарациска или дека е гладен денски (2 оброци и цица наизменично на 2ч) но повеќе си игра се врти па сакам да почнам едно АД пред спиење да видам како ќе биде. Првиот месец беше на комбинирано аптамил 1 пиеше , дали да земам пак такво или некое друго да ми предложите не знам и дали би сакал сега шише со месеци не пиел. А и денски на почеток би оставала ад да пие со свекрва ми зошто за 20дена тргам на работа. Кое млеко да го земам?
Бев кај докторката сабајле ми рече тоа да го земам. Вика јас сум за Аптамил секогаш ама знае проблеми да прави со какање, Хип Комбиотик е полесно. Го нарачав сега, да се надеваме дека бебе ќе го прифати.
Моево повраќаше многу од Хип комбиотик, а многу препораки имав за него. @Fenix05 поголемите броеви од бејбилав ги има, можеш да го пробаш.
Јас давам хип комбиотик. Првиот месец давав бејби лов ама сега кога и понудив не го сакаше. Мојава пие 200мл пред спиење и да ти кажам искрено 6-7 саати врзува сон, знае да се разбуди ама не е за млеко изгледа да провери само дали сме тука. Првото млеко сега и е кај 7-8 сабајле. Додека и давав само мајчино стануваше на саат и пол до два и тоа со врискање.
Колкава е што врзува 7 саати сон? Мојов максимум 5, 3 месеци е. Кажи ми како го мењаше млекото постепено или одеднаш смени на Хип? Докторкава вика смени го одеднаш, ако не му одговара да знаеш, на нет гледам вика да се меша од двете формули, другарка ми вика еден оброк едно, друг друго и не знам сега што да правам.
Од другарки што користеле Аптамил , кажуваа дека е малце појак Аптамилот за разлика од другите млека. За запек, тоа мислам дека е индивидуално. Близначиња знам што пиеја различни млекца. Пробај. Мало пакување земи, па ќе видиш како ќе прифати бебушка.
8 и пол месеци е. Поарно одеднаш смени го за да знаеш дали ќе го прифати. Јас првиот месец кога се роди давав и адаптирано додека фатиме ред. После тоа и го прекинав скроз и до 7миот месец беше само на мајчино. Почна ептен често да станува навечер со плачки и преку ден брзо огладнуваше па пробав пак со бејби лов ама не го сакаше. Нудев неколку дена ништо и после одеднаш само и дадов хип и го прифати.
Женски хелоу, ми треба мала помош за БејбиЛав млекото за деца од 1 година па нагоре. Мислам дека има грешка во преводот, пишува 90 мл свежо варено млеко и 10.5 г млеко во прав даваат 100 мл подготвено млеко за пиење. Веројатно се мисли на свежо зовриена вода? Воедно, има само едно дозирање, 90 мл со 3 мерни лажички, тоа е максимумот или? Што ако детето пие повеќе? Ништо не сфаќам од ова млеко. Го користи ли некој?
Не знам конкретно за тоа млеко ама сите се со исто дозирање 1 мерна лажичка на 30мл вода. Ме го разбирам баш вториов дел од прашањево ама ако ти пие на пр. 150мл млеко ќе го направиш со 5 лажички, ако пие 180мл, со 6 лажички итн.
Да, знам дека тоа е стандардното дозирање кај другите, си има нели табела, кај ова конкретно е наведена само таа, една доза. Што те тера да мислиш дали можеби е појако млеко, и тоа е максимумот од доза за пиење. Нема врска, мислам дека имаат грешка некаква во декларацијата, фала ти.
Го мењаш веднаш, не мешаш две млека или еден оброк едно еден друго. Аптамил моето пиеше до 5ти месец, но потоа го откажа едноставно не го сакаше, па по препорака на педијатар сменив во Хип органик комбиотик. Од Аптамилот какаше зелено цело време, но подолго го држеше сит. Со Хип каката веднаш се смени во жолта, но помалку го држи.
На германски пишува дека наведените количини за пиење и бројот на шишиња дневно се само препорачани упатства и може да варираат од дете до дете. Тие служат како ориентација. Тоа 100 мл го земаат како некој си стандард за ориентација.
Е друга мака сега, земав цуцла отвор 6м натурал респонс н филипс туе ги користевме порано, почна да пие лакомо се закашла и не сака да чуе сега. На крај пак гп ставив на града Трик за шише? Или да вратам цуцла 3+ ?
Врати цуцла 3+. Јас користам на мам ама уште пие од цуцла 4+, од таа што е 6+ и иде многу млеко наеднаш и не ја сака.
Здраво мајки, ние сме скоро 9 месеци. Пиеше хип Ха, сега земав холе козјо, го имаше пиено и пред тоа козјо 1, но го снема на залоха па затоа сменивме. Сега викам ај пак да земам козјо демек по здраво, пиеше неколку дена но помалку за нијанса, вчера пред спиење испи само 50мл, а денес ич, и дадов сокче од тоа испи малку и заспа… нз зашто така?! Дали не го сака веќе козјото на холе или е нешто друго… имате ли некој совет, слично искуство на оваа возраст?