Да ми кажете, дали може АД млеко што е во ќеса, да го префрлам во некоја кутија стаклена или пластична? Или да си стои така во ќесата?
Во кесата да си стои па со се ќеса стави го во кутија. Јас така го чувам бејбилавот. Сега гледам Хипов каде каде попрактична е кутијата.
Да, голема е кутијата. Мене ми беше кога вадам од кесата, ми паѓа , а јас малце цепидлака сум Мислев скроз да префрлам, ама негде читав дека е најубаво во оргинал пакување да стои. Прифати бебуш Хипот?
Еве го го чекам да стане од спиење да видиме дали ќе прифати, од денес почнуваме . Инаку најубаво е во ќесата да си стои зашто е баш амбиентална, темно е, заштитено.
Инаку и ние бевме на Бејбилов, но по препорака на педијатар сменивме на Хип. Иако она кажа дека и Бејбилов е добро млеко. Ни го смени поради грчевите највеќе. Вчера како погубена бев кога прашуваше како идеше смената на млека. Јас одеднаш сменив. Па и мм земал голему пакување. Викам е сега ако несака што ќе му правам на млеконо. Ама добро е. Прифати без проблем.
Која цена е бејбилов? Бев пред некое време во дм купував за бебуш ама заборавив адаптирано да земам. Со првото само Аптамил давав ама сега секам ова да го пробам, доста позитивни коментари читам. До душа дај Боже да не ми треба, ама сакам да имам за секој случај, првото цицаше на почеток па после од еднаш сам се одби и морав ад.
Ај и тука да прашам бебе имам 11 месеци, досега цицаше ама сакам да го одбијам. Е сега не знам какво млеко да му дадам адаптирано или кравјо? И ако треба адаптирано од кое да земам? Некоја да сподели искуство.
Малата ми е 2 недели, по колку милилитри пијат вашите на еден оброк? Користиме шише авент, ама тешко тече и едвај ќе ги испие 60мл. Најчесто 30-40 мл, и го пие скоро еден час и за кратко пак е гладна плаче. Сега и дадов од друго шише и за 10 минути си ги испи 60мл, да имаше уште во шишето сигурно ќе пиеше.
Помеѓу 40 и 60мл пиеше моево до месец и нешто. На авентот му требаше време да се навикне ама после немаше гајле. Му ја менував цуцлата на еден оброк давав со авент за 1+ месец, на друг му давав 0+ месеци и така наизменично.
Кога е повеќе гладна и е поминато над 3 часа тогаш ќе ги испие 60мл, ама онака ем плаче гладна и ќе пие пие и пак 30-40мл и после за брзо пак бара. А, на колку часа и даваше следен оброк? Мојата и на два часа би јадела пак, гледам барем 3 да има поминато.
Ми рекоа минимум 3 часа растојание меѓу оброк. На адаптираното млеко му треба 2,5 часа да се свари. Јас направив голема грешка што му давав на два часа мислејќи дека е гладен он од грчеви плачел. Му го влошив рефлуксот. Не се води по колку е препорачано туку по колку бебе си сака. Ако гледаш дека 60мл ја држат 3 часа давај и 60. Јас по 5-10мл му качував додека откријам колку го држи 3 часа.
Бејбилав побљантаво некако ми беше. И одма промена во каката, од зелена, сега му е жолта како на доење кога беше.
Ja gonkoristam toa što e bio na DM, malce poskapoto, ne babyloveto toa plavoto, nego toa drugoto što pišuva PRE, pošto nema edinica. Mojava pieše HIPP combiotik prvo, pa ova bioto, pa običnoto babylove, pa sega pak ova bio Pre....site gi piela bez problem, site do edno gi bljucka ( deka i na cice e, pa ne znaeme ni ja ni ona koga i e dosta), kaka senf žolta boja, nemala promena...iskusna e mojava haha..
Моево за неколку дена полни годинка и пред месец време скроз се одби, од тогаш давам само аптамил 1. Кравјо не би далa, барем до две години.