Ич да не се нервираш и да не се замараш. Ако не бива, не бива, има ад и решен проблем. Исти бевме. Во болница 5 дена на ад, дома не знае да влече или нема сила, или го мрзеше, заспиваше, си играше, се истргаше, се само влечење немаше. Месец ипол се мачев, ајде ќе биде, ама не. Џабе и јадење пазев и пиев сешто, млеко имав, ама дете слабо влече. Пред да добијам нејќеше да цица, а со грчевите ептен се откажа. И целосно преминавме на ад. Види си пишува дозирање на кутијата според месеци. На Бебелан 2 и 3 месец пише 120мл.
Моето е старо 1 недела и пие Хип комбиотик по 60мл на 3часа. Како да знам дали е доволно да не му е многу или малку млеко?
Малата е на аптамил комфорт 1 и пие на 3 часа по 90мл без исклучок, 3 недели е. Престрвна е, за 5-6 минути ги пие 90мл, едвај за воздух да земе прекинува, а давам од шише со мал проток. Денес на контрола ми кажаа дека многу качува, не требало толку многу (68 грама на ден) и дека од пребрзо што пие мозочето не и процесира дека е најадена и затоа и спие многу немирно, некогаш бара на 2.5 часа па ја занимавам нешто да не и давам порано од 3. Што можам друго да направам да пие побавно освен да и правам паузи уз пиење? Некое шише да препорачате. Моментално пие од авент натурал респонс.
Искрено мојата од авентот стакленото од 120мл не пиеше, од што премалку тече и се мачеше, мрзлива и не сакаше да цица, се молзев на почеток. На крај сменивме со поголем проток и така за 5 минутки мав. И сеа и на града е таква, ако не и тече многу се напиња, тегне ко да ја тера градава да и пушта многу. А со тоа со помал отвор по 40 минути пиела шише и тоа одвај до пола. Мислам и @BellaBibi исто со нејзината женска исто вака сакала со поголем. Мислам дека детето си е такво, лакомо. Мојата од лакомост некад и воздух ќе се наголта, не го пушта шишето.
И кај мене е стакленото авент натурал респонс, ем бавно тече, ем таа лакома дури и од него брзо пие мав за 5 минути 90 ги мава било какво шише да и дадам. Не знам што да направам побавно да пие, мислам дека од тоа брзо пиење и грчевите и се појаки.
Детето си пие како што треба. И се јаде. Со кок проток ти пие? Мојава со мал проток несакаше. Со поголем проток си го пие.
Се нервирам од педијатриве. Не требало толку да напредува од адаптирано, само од мајчино. Многу било. Како да и дадам мајчино кога немам капка, и тој малку колострум што го имав и го дадов на почеток молзен од шише. Некогаш преку глава ми доаѓа од тие осуди за ад. Детето си сака млекце и си ги пие 90, не сакам да и кратам жал ми е. И давам со мал проток демек за побавно да пие, таа и од тоа шише лока за 5 минути 90мл. Освен со паузи по минута-минута ипол не знам како побавно би пиела.
Детето си е лакомо… не е дека премногу пие и не процесира. Едноставно такво си е, си сака, слатко и е и на здравје нека и е. Како да не бе на мајчино само. На мајчино помалку креваат од адаптирано. Нека си расте дете аее ова педијатриве… побавно од тоа шише нема.
Иста како мојава е. Лакома е, ама да не е мал проток. Нсз нема кај мојава ама ај. Значи преку таквото со мајчино млеко. Незнаеме ние дека е најдобро, па сол на рана нека доставаат. Терај си како што тераш.
Исто, дебело било... а кога цица не е дојадено некогаш и му давам 90-120. Коментари колку сакаш и од педијатри и од околина.
И моето беше такво. Што ако висеше по пола саат на града, ќе се тргне, вриште и ад пак. Ако треба 60, ќе го испие, сака уште, сум правела уште 30. И мојата викаше многу е, брзо качува. Епа му се јаде и нека јаде колку сака. Аман со тоа мајчино и доење, го замразив доењето, најискрено. Ќе гледаш по бебе, како сака, така. Сигурно нема да го оставам гладно оти докторката вика. И мојот пиеше на помалку од 3 часа, ретко ептен 3 да издрже. На Бебелан бевме.