Devojki pomoss ve molam, imam mala od 3 nedeli e na adaptirano mleko od HOLLE ama puknavme od zapek. Ednas dnevno kakat amaa to topce golemo i kamen cvrsto!! E bolit mese evee 3 saatot ne spiet od grcevi od bolka sto se trudit da kakat ke poludam veke … dali mislete deka treba da mu smenam mleko i sto mi preporacuvate da probam?
Пробај со аптамил комфорт 1. Ние имавме запек од хип, од ова млеко сега си кака 1-2 на ден убаво и и се намалија грчевите.
Не редовно си оди, скоро секој ден. Претходно од аптамилот 5 дена се немаше искакано. Може ќе од 6 месеци ќе преминам на био 2. Сега имам залихи од бебјби
Пробајте со Бебелан, швајцарска формула со млечна маст. Ние немавме никаква мака со запек напротив многу честа полутврда столица
Како се спрема ад млеко?Тазе мајка у паника што се ми треба ,купечка вода која ,дали да вријам дали не ,како да знам кога е доволно затоплена за бебе?
Јас ги правев со Роса, на почеток пример ако пиеше 60, ставав 20мл топла вода и 40мл собна температура. Па додавав дозерка и го мешав. После тоа и до ден денес му правам со собна температура, не го топлам повеќе. Секогаш проверувај стави неколку капки на дланката да не е жешко млекото
Јас не сум вриела до сега флаширана. Сум ја топлела, сум ставала во термос и да биде топла наредни часа. Кога правам млеко ставам топла па “ладна”(собна температура); Да инаку, флаширана може да си стои надвор без проблем иако е отворена
Никогаш не сум мерела. На почеток правев со жешка вода, и разладував под чешма. После знаев и на собна температура да го направам.
Само да е топла водата за да се раствори?Дека нели требало точно на не знам колку степени да биде па затоа
На почеток зовривав вода пред секое правење, па мешав и ладев после. Потоа почнавме зовриена вода во термос да чуваме и да мешам со таа, од стоењето, дополнително ќе се подизлади, па ако имаше потреба ладев плус. За температура на водата никогаш и сме немале термометар.
Провери на раката не мора термомеѕар, зависи и од бебе синко долго време жешко го пиеше дури сега на год смени.
За спремање на адаптирано млеко треба да се употребува специјализирана бебешка вода со можно најниска минерализација за да не се оптеретуваат бубрезите на бебчето. На пазарот се Бебелан и Хипп, порано имаше и Хумана. Бебелан е изворска и е најевтина, а температурата зависи од млекото, може и на собна температура ако може млекото да се разрвори
Добра е и бебешката нера критис од зегин, исто со пристапна цена 50 денари големо шише. Ние таа ја користиме.