Во Штип нема веќе никакво, освен 2-3 кутии дм био 1. Имаа залепено соопштение дека некој период ќе ги нема млеката. Во Сити мол бев пред десетина дена немаше дмбио 2.
Охх, немав никакво инфо дека ќе ги нема… бев пред точно три дена сите беа, затоа помислив да не е поради робата.
Му давам 4 пати по 210 мл. Некогаш ги пие сите, некогаш пие од 100 до 150 мл. Зависи што јадел и колку јадел. Сега повеќе го интересира храната, млекото помалку.
Нормално е честички, се лепеа кај нас на стаклено шише. Ние го користевме од 3 до 12 недели, ни се погоди. Грчеви имаше јаки до 6 недели, 7ма недела намалија и постепено скроз ги снема до крај на 8ма. Имаше подобрување од млекото после 10 дена во смисла стабилизирана столица и поретко имаше грчеви од претходно, помалку се виткаше. Мана му е што многу смрдат каките од комфортот.
Мене 2 пати по 180мл и 2 пати по 150мл со 2 оброка и тоа оброк и е 100гр максимум, сега почна едното млеко да ми го повраќа штом го испие не знам зошто...
До пред 6-ти скок пиеше преку ден трипати по 170 мл. максимум, со тоа што некогаш знаеше последното пред спиење да испие 210 мл. Ноќе пиеше уште еднаш по 170 мл. И два оброка по 100-150 гр. Сега во скокот смени тотално, се буди и двапати навечер за млеко (ама не пие повеќе од 120 мл.), а преку ден остава и млеко и храна.
Ме чуди искрено за млеката на ДМ. Јас во Австрија сум, тука од сите млека си има залиха. И BabyLove и ДМ Био.
Од вработени во ДМ е муабетот дека нема и сега за сега нема да носат. Се имам јавено во неколку филијали и бев во неколку. Земавме Новалак и има многу потечна столица од вообичаено. Се мислам дали да продолжам со него или да преминам на друго ама па така ќе дојде за две недели 3 млека да смени.
Подарувам Novalac AR отворено пред една недела, само неколку пати искористено, со рок на траење до 02.11.2025. Може да се користи уште две недели од отварањето. Подигнување од населба Ченто или Центар.
Здраво мамички ве молам за совет Бебчо е 9 недели на адаптирано млеко Аптамил алерџи дигестиве поради интолеранција на лактоза, последниве 4-5 дена не ми се разбудува за оброк, си напредува одлично, педијатарот ме советува да го оставам, но се мислам да не е сеуште мало за кратење на оброк? Ви благодарам однапред
Исто и моето од 2месеци почна да прескокнува оброк ама навечер и го оставам си спие ако е гладно само ке си побара .
Мајки дали ако ви остани во шишенцето млеко го турате? Едит после колку време откако е направено го турате
Пиевме бабулов 1 инаку имаме 6 месеци,сакав да останеме на 1 уште и мажот ми земал по грешка тоа што е пре. Мислам дека е за пред време родени деца?!е сега дали е вонред да му давам веќе отворив кутија. Која е разликата и дали ќе штети ало му давам од тоа и дали дозата би била иста ако знае некој да ме советува...
Ако претходно пиело детето максимум ви рок од 1 час треба да се испие цело или тоа што останало го фрлаш