Здраво мамички, бебе во последен период не пие редовно иста количина млеко, и правам по 120 се случува да испие само 50 или 90 некој оброк, да напоменам и дека цица. И остатокот од млекото го враќам во фрижидер. Потоа кога ќе огладне, пак го загревам и ѝ го давам. Што мислите дали е океј тоа, или млекото е веќе расипано?
Ако веќе пиело од шишето, во рок од 1 час треба да го допие или истураш. Може не се случило ништо досега ама јас не сум давала стоено млеко. Знам можеше да раствориш и да чуваш во фрижидер, па да притоплиш ама да нема дете пиено веќе од шишето. И оваа опција не сум ја пробала.
Подобро измолзено да имаш во фрижидер па тоа да го допие наместо адаптирано во фрижидер па да го допие. Ако добро разбрав, адаптирано пие и ако не го допие го ставаш во фрижидер и потоа го затоплуваш?
Најдобро во затоплувач на вода секогаш да имаш шише со вода и само да го раствориш млекото кога ќе сака бебето така нема да чека повеќе од неколку минути. И ние сме на адаптирано и секогаш имам две шишиња со вода во затоплувачот и кога ќе треба само ставам од млекото .јас го имам овој
Супер, фала многу. Ќе прекинам веќе да и го затоплувам повеќе пати. Приметив последнава недела дена какаше зелено и со многу гаден мирис и исто имаше како бљуцкано и тоа многу лошо мирисаше.
Расипано е, убаво си пишува на кутијата дека се дава во рок од 1 час од растворање, ако остане се фрла, не се затоплува наново ниту се чува во фрижидер не е тоа мајчино, имаш среќа и бебе со силен желудник. Блиско бебе во болница заврши вака од експерименти. Растворај 60 или 90 и ако му фали раствори уште 30.
Немој мајка да го затоплуваш ако стоело над 1 час или па да го даваш. Знам дека се прескапи млеката, ама налет пари и се, подобро ќе фрлам на секое ако треба неголи да му го давам недај Боже расипано. Син ми секогаш различно пие, некогаш знае и многу да остави па го фрлам цело. Едноставно не се роботи па секогаш да пијат исто. Секогаш не ти се јаде исто. Ама зборот ми е , да го фрлаш обавезно.
Да, тоа беше неколку пати само и видовме дека не треба. Ќе направиме за секој случај испитувања на бебето. Фала ти.
Здраво Дали можи да ми предложите ад млеко за бебе од 1месец? Кое најбрзо ми го прифатило бебето? Благодарам однапред
Аптамил, Хип Комбиотик, и најдобро е да прашаш педијатар кое би ти го предложил. Секое бебче е различно. Моето започна со Аптамил како најдобро млеко но му правеше запек (не на секое бебе прави запек но на моето така се погоди), сменив на Hipp но после некое време ми предложија на DM BIO адаптираното да пробам и одлично му се погоди. Неверојатно како убаво напредуваше од тоа млеко, но за жал ги повлекоа и не се повеќе во продажба.
Вчера забележав дека ги има се уште во Србија. Единствено да најдете некој да ви донесе. Моето порасна веќе и како што ги снема така му престанав со давање млеко.
Сите млека се 3 недели од отварање за користење, дополнително и на секоја кутија пишува засебно колкав рок имаат по отварање.
Дали некој го користи Новалац АР , пробувам неколку сисинја за приготвување ми се прави грутки и ја затнува цуцлата.. бебе е 18 дена :/