Што може да биде причината да одбива да пие млеко? Скоро 5 месеци сме, никогаш сме немале проблем за ова, ама во последните 10тина дена секое пиење е на сила. Едвај 90 ги пие и тие се со молење, влечење, пола ги плука, се врти, се тегне, лево-десно главата, ја стиска цуцлата со непцето, не влече. Не плаче туку не сака да пие, и во спиење прави вака. Не е во скок, нормално си се понаша, расположена е, ама апетит нула. Да не и дадам сама, ќе тера цел ден без млеко. Не е скоро вакцинирана, не е скок… Дали може да не и се свиѓа млекото? Хипп комбиотик пие.
Не би требало, и во скок имаат периоди вакви, во 5ти вака прават. Одбиваат млеко, ама викаш не е во скок. Која недела сте? Иначе и мојата е таква, ако ја не и понудам, нема абер да побара да цица.
За 2 дена ќе е 21 недела и по раѓање и по термин. Не е во скок според календарот ама и општо вака понашањето и спиењето и се нормални, не е нерасположена, си игра, се смее, си спие и дење и ноќе како што треба. Само со пиење млеко има проблем. Сменив 3 вида шишиња, сменив проток поголем, џабе. Млеко да не види, се научи бутка со рацете го мава шишето, плука тоа што ќе пивне лом се прави. Ми е страв да нѐ не ми напредува вака ако не пие ништо.
Веќе нема да качува толку, сега се поактивни и трошат. 600грама од прилика. Според што те прочитав, твојата баш е ќофте, е сеа манекенка е по должина како мојата, па може не и се познава. Ама нема да падне, може нешто така и се погодиле деновиве.
Мојата одбиваше млеко кога и излегуваа заби, единиците во главно. Со горните мислам со денови со лажичка и давав по малку млеко, колку да внесува течност.
И јас се сомневам на тоа, ама па нема температура, спие нормално, не покажува некој знак ко нешто да ја боли. Глодалки си глода и лиги еден тон само. Можно ли е само апетитот намален да е “лош” симптом?
Заби се. Моето извади долни единици без температура. Лиги еден куп и нервоза, кенкање во сон и одбивање млеко. Баш така го турка со раката. И во 6 скок одбиваше млеко и оставаше каши.
Здраво на сите. Имам 8 кутии адаптирано млеко на Babylove 3, со добар рок се. Ги продавам ако има некоја заинтересирана. Ги купив за малото дека го пиеше тоа со месеци и тешко се наоѓаа по маркети, и наеднаш престана да го пие, па ми останаа. Праќам и по карго.
Здраво, имам едно прашање, како ги сметате милилитрите на млеко во збир, пример 90 мл вода со три дозерки млеко е негде на крај волуменот 110мл. Ми треба за пресметка. Денеска се консултирав со Др Марина Ремедика, вика на бебе 3200-500г треба да прима 525 мл млеко во 24 ч. Односно 7*75 мл. И да даваме вода или разреден чај 2-3 пати по 70 мл. да ја засити ваљда. Моево пие 90 мл и за 2 ипол часи пак бара, сега во втор скок почна да ми бара екстра 30 мл навечер. Незнам несакам да претерам да не се оптоварат и бубрези, сепак се јаки формули затоа и мора на 3ч да се дава.
Јас исто пробав на почетокот да се водам по некоја пресметка ама во пракса испадна како бара бебето така накачував. На 3 месеци почна по скоро 120 да пие ама навечер спиеше по цела вечер. Кога почна регресијата почна повеќе да бара да јаде и веќе по 150 знаеше да испие и комбинирав 120/150. Така да води се според бебето колку му се јаде. За една недела ќе прави 5 месеци и уште не сум му дала ни вода ни чај. Чекам да почнеме со вкусови прво. Меѓутоа ако докторката ви рекла дека може разреден чај тогаш добро. Јас сепак мислам подобро млеко повеќе него чај. Ама како ви кажале така.
Вкупниот волумен со се дозерките. Јас искрено се водев по бебе, џабе пресметки кога она си бараше а чај и вода не сакав да давам толку рано. Иако кога ќе видиш АД со вода се прави Моментално сме 5 ипол и пие од 120 до 150 мл (без дозерките) зависи кога како. На почетокот имав и јас мака ми бараше порано од 3 часа.
Зошто ви препорачаа безлактозно? На мојата заради силни изразени грчеви/колики. Аптекаркава го фали и Бебелан... се мислам, а густи млека се по состав или нешто погрешно сум прочитала...
Направив тест за интолеранција на лактоза во Ремедика, и испадна интолерантна. Јас сум интолерантна исто пред бременост испитав, за мм незнам нема испитувано. Појачани грчеви и мн тврда столица, како зрна, и едвај какаше. И одкако додадов колиеф капки и чекав по 20 мин, па и го давав млекото и се подобри. Сега комбинираме надвор кога сме безлактозно или навечер ако стане апансас и да бара, за да не чекаме. Кога сум дома преку ден давам прематур уште. Па да, затоа препорачуваат и вода докториве затоа што јаки млека се, па низ бубрезите да може да помине вода. Мајчиното е мн голем процент вода скоро 88%
Колку пари е тестот за интолеранција и како се изведува? Педијатар ви препорача да направите таков тест? И дали само колиеф капки даваш? И по колку капки и дали чекаш да отстојат во млекото?
Сама сакав да го направиме, прашав и на неонатологија ми рекоа неможело они да направат и демек немало интолеранција чим е ок не повраќа... и јас побарав, 3000 ден е, крв се зема мислам од прсте, сестрата и зеде ние зборевме со др, и не ни заплаче. За два дена имав резултати. Секое млеко прематур кое има лактоза, додавам 4 капки колиеф и чекам 20 мин и го давам. Користам и еспумисан на секое млеко ставам по 5 капки ми се покажа доста ефикасно, само да ги снема меурчињата од млекото и грчеви немаме. Биогаја, омега и к1д3 по еднаш.
Од која биогаја даваш, со д3 или без? Јас давам без д3, пошто давам посебно д3+к1 ама нели до крај на трет месец се дава к1 па да продолжам само со Биогаја ако е ок количина со д3.