Затоа велам да се консултираш со педијатар за мислење, ама според мене период е, битно е јаде, а дали било помалку-повеќе од некогаш, не е до толку битно. Ќе се среди и ќе си јаде пак исто. Никогаш го немам разбудено за млеко, ни како новороденче ниту имам намера некогаш да го будам. Сам си станува и си бара да јаде. Обично на 3.5ч навечер да, некогаш и порано му се случува, некогаш покасно. Станува ноќеска 2-3 пати за млеко. На 2 месеци околу 70-80-90мл пиеше, никогаш не сакаше повеќе од 90мл. И јас вака како тебе бев загрижена нормално, дека на негова воздраст ми кажувале мајки многу повеќе пиеле. Ама се смирив и реков нема да се водам толку по ,,книга” дека си напредува баш добро. И не се сите бебиња/дечиња исти.
Исто и моето, вчера бевме на контрола 450 грама качила, рече во ред е. За тоа што помалку пие ми кажа дека се случува и од жешкото помалку да јадат ама ми препорача една крвна слика чисто за хемоглобинот да се провери. А пример кашички не ми одбива само млеко помалку пие
Ова е знак дека е спремна за цврста храна. Плус децата не се секој ден исти, како на нас што не ни се јаде секој ден исто, така и на нив. Веќе е нормално помалку да качуваат тој период. Не се секирајте.
Денес 3 ден како сме со вкусови, изеде 60 грама тиквичка моево. На мерење имаше напреднато 720 грама за месец, ми рекоа океј е. Инаку навечер во сон двете млека што ги пие, 180 без проблем ги мава. Само преку ден е проблематична и одбива. Еве сега 70 испи и заспа…
Bebe nedela ipol na ad. Hipp combiotic kolku ml. treba da pie i na kolku vreme. I nekoe resenie za gasovi dodeka ne go fatat e super megjutoa odkako ke pocnat se vitka place. Mu davam espumisan po prepotaka od pedijatar 3x25 kapki vo mlekceto
Ќе ме мрдне... јадеше 90мл т. е 100 со млекото во прав, плаче и направив 30ка односно 40 мл со млекото и пак е гладна... еве сега ја лажам со цуцле го плука па плачни, и дадов водичка и заќуте некои 5 мин и пак по старо. 2 месеци сме негде 3750 г е... ми прави стрес многу ми бара... мерено мн помалку треба да јаде, плус прематурот е јако млеко. Треба да јаде 550, она јаде 630 и уште бара
И јас бев вака како тебе, пишувај запишувај, нервирај се, не давам млеко, она плаче јас се нервирам и на крај баталив водење по книга, колку сака кога сака. Моето бебе не беше од тие што издржуваше 3 часа за млеко ниту беше бебе што според неделите ќе испие толку колку што е пишано, пиеше помала количина а бараше на помалку од 3 часа. Сега дури последниве месец ипол почна на 3 - 3 ипол саати. Првите месеци имаше качено доста на килажа, во 3 месец ако не се лажам она ја имаше дуплирано родилната. Сега веќе качува по 400-500-600гр месечно.
5 дена сме по термин, па незнам Феникс еве консултирав до сега три педијатри, Др Јадранка, Др Марина поп лазарова и Филев. Овие од Ремедика морало строго по пресметка по килажа. ресто вода да давам или чај. Филев вика давај ама ете макс да е 600мл, она и над тие иде. Незнам што и стана одеднаш некој апетит. Јаде мислиш ќе и снема таква удишана. Завршува и одма фацичка некоја и давам цуцле и ео ео ео прави и го џвака цуцлето ии ај така може 10 мин и плука и уште врти лево десно глава отвара уста, и давам пак цуцле прави фаца не е млеко. Ама ми е страв не е млеко мајчино, сепак има триста додатоци внатре... и треба да има ред некој незнам што да кажам.
Ама што ако не е мајчино, не ја држи. Битно е да јаде, да не е гладна. Скоро 4 кг има што не е малку, имап членки што морале да почнат порано со цврста храна зашто едноставно млеко не ги наситувало. Еве пак ќе ја тагнам ако треба @Aschenputtel нејзиното не се заситувало на ад било и од 4ри почнала со вкусови. Ти гледај го бебето, они кажуваат по книга, не се роботи бебињата па исти да се. И јас и ти не јадеме исто.
Ние дека ете идеме гледаме да е барем на 2 ипол часа.. и тие последните пола сат мислам се изморува од чекање. Ама од што и водиме ред мислам има качено кило и нешто да и давам како што бара доста ќе качи. Ми е страв и желудникот дане и се прошири тоа ми рече Јадранка вика не е добро да се форсира повеќе од капацитет за желудникот и бубрезите.
Епа ти по пресметка ќе се водеш и ќе слушаш како ти плаче? Ајде мајка, знам тешко и ново е на почеток, ама мораш бебе да гледаш. Формули и пресметки нека си прават докторите. И нашата матична на секоја месечна контрола викаше брзо напредувал. Јас не ја слушав и терав по мое. Ама, не може бебе што се родило 3.5 и 2.5кг да теже исто во 3 месец пример. Син ми се роди 3870, и си беше лакомо бебе. Следев, пишував саати и колку мл испил, правевме според возраст, пример 60, тој вреска, па ајде уште 30. И баталив. И затоа почнав со дохрана рано, барем да ми е најадено детето. Исти бевме. Имаше долг период кога јас на 2 саата давав.
Ја избањав сега и направив 120ка сега мм и дава да јаде. Од сега со 120ка идам и ако треба ќе фрлам ако не изеде. Две минути од облекување до млеко мислам зградава ја крена. она заспива и јас со неа се преуморив. Фала многу на сите за совети.
До кога треба да пие прематур млеко? Моево е прематурче, не колку твоето (35та недела е родена) од старт си беше на Бебелан 1. Не сме користеле прематур воопшто. Во консултација со педијатар да пробаш друго млеко дали ќе ја држи повеќе? Инаку од втор до трет месец и од трет до четврт ставаше по повеќе од килограм на тежина и по препорака на педијатар на 4,5 месеци од раѓање тоа, почнавме со вкусови.
Знам, те сфаќам и не викам дека е правилно моето но ако се водев стриктно по препораките на докторите мислам ќе полудев и јас а и она од плачење. Едноставно таква беше првите месеци, сега еве фативме ред некој. Родилна и беше 2620 сега е 7360 на 6 месеци
Па баш прашав ми рече Филев ајде нека пие од него уште. А обично е до 3.5 кг и после се преминува на 1ца, Користиме и безлактозно кога сум излезена, си мислам тоа па дане и е слабо па затоа е гладна. Вчера два оброци ми беа безлактозни. Ама некој е на тоа млеко само. Не сум паметна ама почнав да и правам повеќе и да видам како ќе пие. Сабајле ми го испи цело 120ка односно 130 волумен со млеко, сега еве испи 110, остана 20 мл.
Моето е на безлактозно млеко аптамил, целосно. За 1 недела качи 200гр и тоа со нередовно пиење и не како по книга. Кога ја прашав Марина од Ремедика, што е разликата меѓу ова млеко и тие со лактоза рече се е исто само што нема лактоза. Не верувам да не е хранливо, еве баш ќе ја следам мојава како качува иако она треба да пие 90 а пие просек 70,75.