Ве молам за помош, треба да почнеме со допуна со формула Аптамил 1, па сакам да прашам дали има вода од аптека што се користи за припрема за формула што е директно за припрема во шише? Дали истата треба да се преврива?
Можеш било која флаширана вода да ја користиш за подготовка на ад, и тие не се превриваат. Стопли ја во греач и после додади ад, мучкаш и спремно е за пиење. Јас користам изворска од раѓање, 16м сме.
Немора да е од аптека, обична флаширана вода било која, ние сме со Роса од раѓање. Флашираната вода не се преврива. Сега дека е топло, не ја топлам, како што си е на собна температура така ставам прашок и мучкам. Зимово ја топлев.
Maliot e 7 dena ima stolica sekoj den po 2 do 3 pati ama nekogas topcinja, nekogas taka poretka ama ne normalna stolica. Od denes pocnav so probiotik, masiram stomace sto drugo mozam da prevzemam da mu pomognam .
Вода треба да се користи специјализирана за бебиња која е со најниска минерализација, посебно натриумот треба да е најниско ниво. Микробиолошки се сите чисти и не е потребно превривање но проблем е вкупната минерализација и посебно натриумот.
Здраво мамички бебето сега на 29 ќе прави 2 месеци пиет млеко холе некогаш по 80 некогаш по 100 а на кутијата пишуват 150 дека треба да пиет ептен се секирам и направив еднаш 120 немаше шанси да ги испиет, иначе пиет на 2. 5 часа
Обична Роса е сосема доволно. Јас не ја зовривав, ја загревав само. На ниедна формула во упатството не пишува дека треба специјална вода, само зовриена и оладена.
Не се води по кутијата, тоа е некоја норма но ме мора да значи дека треба толку. Моето е 5 и пол месеци па сега пие 150 мал. А и за 2 месеци бебе мислам дека е премногу 150 мл. Гледај по потребите на бебето. Ако пие моментално по 80,100 и качува килажа нормално тогаш е добро
Одвај чекам да појдиме на контрола да видам колку кила ќе е ако ди напредува добро не му ја мислам барем ќе знам си пие онолку колку што сакат
Почнавме Бебелан 1ца, небо земја со Аптамилов, млеко млеко баш емулзија убаво се раствара, нема пена и балончиња, нема грутки.. шишето чисто, бебе пие на екс хаха. И лесно го поднесува до сега еве денеска втор ден. Ќе ставам ко лактаза и завршена раб. Мој је живот Швицарска Гуд чојс.
Некаде гледам советуваат да се остане на 1 и после 6 месеци, а други да се премине на 2. Ние ќе правиме за една недела 6 месеци и ќе почнам постепено да и го менувам со 2.
Зедов јас еднаш од Дм демек поевтино. Мојава навикната на Бебелан, во тоа од Дм, цело грутки остануваат. Ноќе на спиење го сеќаваше кога и го подметнував за да ја истрошиме лименката. И така на Бебелан си остана.
Тоа викам ај не отпуштија од таму па како нов родител се плашиш да експериментираш, ама стварно е подобро а цената е тука, многу се мачеше со аптамилот. И ние мн тешко се раствара мешај мешај да нема грутки ќе се направи пена како нескафе и ај еспумисан ставај и пак она маки, лепак буквално да ти се залепи на прст неможеш да го одлепиш.
Bebelan спрема ова од Дм е двојно поскапо барем пред две години беше, сега не знам цена. Ама тоа е што е, поминавме.
Имаме 3 недели и од болница ни препорачаа да пие 60 мл АД, а пред тоа 30 минути на града, на секои три часа. Го редам јас, ама немам млеко многу бидејќи се нервира и потоа пак си ги пие тие 60 мл. Денес истото ама некако повеќе млеко како да бара, два пати досега му направив 60 и плус 30 мл. Не е многу 90 мл за бебе од 3 недели?
Нема врска колку е старо, зависи од килажа, и ако сака да пие давај му по 90мл. Види на млекото има на секое табела.