Новалак му давам, пишува 90 мл на 4 саати, па гледам, кога ќе испие повеќе нареден оброк да не е веднаш после 3 сати. Треба и на педијатар да појдам, не сум бидена. Мало се роди, нема ни три кила, затоа не ми се ризикуваше со цицање цело време
Патронажна сестра те провери во градите? И моето се роди прилично малечко, 2900гр. . Првите дена му давав по 30мл на 3 часа, па намалив по еднаш давав и после ич. Прво го доев, не 30мин. што се 30 минути кога 20 минути ги спиеше на града. Ставај цело време да стимулира, на една града па на друга. Јас имав млеко, ме провери патронажната тврди ми беа градите, а мислев немам затоа давав АД.
Моево 2200 и ме испаничија дека не смее да падне во килажа, па затоа не инсистирав цело време да цица, ми беше страв. Виде само дали фаќа да цица, јас кога ќе стегнам има капки само, а и со пумпа пробав макс 10тина мл од двете заедно..
Нормално е да се капки, млекото така истекува повремено капки па после прска и така наизменично. Ако фаќа и сакаш да доиш, биди упорна да го ставаш на града. По 1 час моето цицаше на секој 2 часа, со штипкање за да се буди кога ќе заспиеше на града. Со пумпа и јас не вадев многу, нормално е.
Фала, сакам и ќе пробам така, фаќа, кога без кога со силиконска брадавица. Моментално ми изгледа невозможно да успееме ама ќе пробам
Продолжи да пробуваш АМА не до недоглед, давај и дохрана нема зашто да не даваш особено додека сеуште можеби имаш помалку млеко. Најважно е да е најадено и да напредува, а дали ќе цица или ќе пие ад апсолутно не прави разлика се додека е сито.
Здраво Мајки ♥️ Ми треба ваша помош со искуство Бебчето ми е 3 недели и има многу грчеви и давам капки Bigaia и сирупче nurse harvey's И пак не се смирува И давам комбинирано и цица и АД млеко Аптамил па се мислам дали од адаптираното Искуство некој со адаптирано млеко сакам да земам Аптамил комфорт
Исто Аптамил давав првите неколку дена, камен тврдо му беше стомачето. Не знам дали е до Аптамилот или дека се меша мајчино со адаптирано. После си имаше нормално грчеви, ама не беше тврд стомакот полн со гасови.
За грчевите еспумисан по 25 капки 3-5 пати на ден. А за по течна столица што не прави опстипација и гасови најдобро е Бебеблан. Ние бевме од бебеблан најзадоволни.
Мајки да ве прашам малото е 2 месеци на АД млеко е, кога пие многу се заморуват, вака е овие неколку дена, по 60мл пие и тоа едвај ги испиват, попладне сме на контрола ама не ме држи место,се плашам дека првото дете имаше отворен дуктус на срцето па да не има сега и бебето, затоа што тоа може да е и наследно, ептен се насекирав, првиот месец си пиеше без проблем, закажавме и за плоднос на крај на месецов за ехо на срце за да сум раат, се надевам дека некој период и е ова, ваше мислење дали е нормално да се заморуват дали има такви периоди?
Да такво имам стаклено 2ка, ќе земам само цуцла со поголем проток, фала ти многу можеби до тоа е, сега ќе одиме кај матичниот да видам за секој случај нека ја наслушат, па здравје на крај на месецов и едно ехо на срце, барем да сум раат да не си нагаѓам ова е она е
Бевме кај матичниот ја мереше само 600 грама за еден месец тоа било многу малку, ја наслуша се слуша шумче, можно било да е срцева мана затоа што виде и сино околу устата, јас зедов цуцла со поголем проток, пак не сакат да пие се заморуват, ептен сум насекирана се ми се собра периодов
Прво 600гр воопшто не е малку. Тоа е граница, од 600 нагоре качуваат. Второ те молам оди на второ мислење.