Колкаво е бебето и колку кг е? Родилна тежина колку е? Ако пие по малку, пробај на 2ч да и даваш, има такви бебиња што пијат помалку а почесто.
Ние бевме на Бебелан, првите месеци по кило напредуваше. Ама, син ми ретко кога издржуваше по 3 часа. Јас давав на 2, 2 ипол, почесто на 2 саата. Лакомо бебе, не го држеше 3 саата.
Родилна 3790 излеговме со 3550,сега има 5900 кг, бебето има 3 месеци и 10 дена, докторот ми рече оставија 4 часа гладна,и 4 часа поминаа не бараше млеко ај и дадов испи само 40 мл, си играт со цуцлата ја гмечи и си се смее а јас кинам живци, менивме млеко нан од него имаше пролив па пак се вративме на холе, ај ни рече докторот пробајте хип од него исповрати, навистина не знам што да се прави да пробам со аптамил или бебелан кое ми го препорачувате?
Добра Килажа има да кажам нормална, моево е 6 кила сега на 4 месеци сега мн помала се роди. Јас ти викам испитај интолеранција на лактоза прво, џабе менуваш млека ако неможе ниедно да поднесе.
Без разлика дали на еден час или на два или на четири часа, само 100мл ќе испие или 80 некогаш и помалку, јас не знам дали некогаш испила од 100 мл повеќе
Ќе Секако имам упат за крвна слика, ќе платам на приватно нека испитаат и за тоа можеби тоа и прави проблем, ама нешто ме буни тоа, ако и правеше проблем лактозата првите недели по 90 пиеше и докторот ме караше да не и давам толку многу,и од 2 месец па навака борба е за да испиет млеко
Знам дека може ти е нервозно, ама стварно не менувај толку често млеко. И не е толку алармантна ситуацијата колку што ја правиш, по 783гр испаѓа да качува месечно, што не е за кревање паника, сепак не се сите бебиња исти па да креваат по 1+ кг првите месеци. Плус 6кг е на 3м, мислам дека за уште 3м ќе си ја дуплира и родилната тежина. Мојата беше на Хип, со тоа почнавме, со тоа завршивме. Лесно млеко е, не мора да значи дека ако еднаш повратила одма не и одговара. Стварно одлучи се за едно и терај со него, нормално доколку бебето нема тегоби од истото.
Млекото го менив по препорака на педијатарот, ама се вративме на старото млеко затоа што какањето одма му се среди после нан млекото а од хипот поврати затоа што се згади не го сакаше, холе го пие од самото раѓање и супер го прифати, првиот месец беше напредната над кило, па од вториот месец па еве до ден денес мака мачам со пиење, останавме на 100мл па и помалку, во килажа е убава али педијатарот вика месечното напредување и е под просекот, и јас не сакам да мењавам млеко, баш бев среќна што си пиеше на почеток без проблем, ама сега од што се насекирав сакав да менам млеко а и педијатарот ми рече мора да мениш или млеко или да се потрудиш да испие повеќе, како да се потрудам кога не сака неможам со сила да и дадам
Педијатарот го смета пеоблем тоа што овај месец само 300грама качило на тежина,предходниот месец исто беше на граница, ама и малку пиеше цел месец не ни очекував дека ке има 300 грама, мислев дека воопшто нема да има качено
Ама педијатарот за педијатарот... Си кажуваш весело бебе, еве пресметано е просек од вкупната додадена килажа на родилната за 3 мес е околу 800гр на месец, шо е битно кој месец ги качила, битно ги качила. Колку пати не сум послушала педијатар, туку сум си го следела детето... Па фала богу не сум погрешила.
Како мајка на бебе кое немаше рефлекс на цицање на раѓање и затоа беше хранета со сонда првите денови ќе ти кажам дека не сите деца се како по книга. Битно е на 6 месеци да ја дуплира тежината, тоа е некоја рамка во врска со килажата. Мојата ич нејќеше да пие млеко од шише, а не ни цицаше. По 20 мл млеко пиеше на 2 часа. Живци искинав со неа, уште што не пробав, не бива, такво си е детето и тоа е.
Да ама кога ќе ти рече доктор малку е, мораш вака да правиш така, ќе се насекираш сепак родители сме си мислиме нешто не е во ред, јас кога му реков весела е колку и да испие ми вика ами така ја имаш научено малку да пиет
Последнава контрола не ми се допадна докторов, додека бевме ние внатре прими уште една мајка со детенце, не и го има мерено главчето воопшто не ја наслуша, набрзина све, така да ќе го сменам ќе барам друг матичен
Колку што те имам читано, од ист град сме. Претпоставувам кај доктор одите, искрено ништо добро немам слушнато за него. Исто и докторката во вакцинација е многу добра, консултирај се следно кога ќе сте таму и со неа.
Кога не ти се допаѓа докторот, тоа што ти го кажува не го земаш здраво за готово и го менуваш. Не сите 'доктори' се ДОКТОРИ.
Малата има 3 месеци и 1 недела. Сега за сега пие млеко во 20ч. околу 120-150мл и следно и давам ноќта во 2ч (тогаш пие од 90-110) после сабајле накај 6, 6ипол. До кога да и го давам ноќново млеко во 2ч? Она има 5-6 оброци во 24ч. Најчесто 6. Ноќе не се буди од кај 21ч до кај 3,4ч, може нема да се разбуди за млеко, ама ако не и дадам сиг ќе стане после 3,4 сабајле.
Само да ти кажам дека и јас го имам истиот проблем скоро месец дена. Неколку дена разлика сме и во возраста.Имам близнаци и се скрос различни во тој поглед. Машкото ми јаде лакомо ептен и пред една недела на 3 месеци тежеше 6900, а девојчето 5400. Родилната им беше 2580 со 2050, напредуваат супер, но девојчето веќе месец дена како што пишав има мака со јадењето. Почна прво да го повраќа, сакајки да испие повеќе цуцлата упорно ја ставав и се исповрати со јак млаз и од тогаш ми се чини и се гади и исплашена е од самиот процес. Од 6 подои вкупно, 2-3 обавезно со плачење ги тераме и од понудени 120 ќе изеде 80-90-100… до пред некој ден се случуваше и цел подој да го одбива да се тегне дс плаче или пак како што опишуваш ти ќе ја лигави цуцлата ќе се смее ама нема да фати да јаде… Пробав се и сешто ама млеко не сменив, од сам почеток сме на Хипп и помислив да не нешто не го сака, ама има периоди скрос фино си цица и си викам не е тоа. е сега во однос на причини, може да се повеќе… Скок во развој, нашите се во период кога заврши втор и почнува трет и можно е двата да се поврзани со тоа што симптомите на третиот ги пројавуваат порано. Може да е од жешкото. Може да си ствараат сопствен ритам, односно да покажуваат каков апетит ќе имаат како индивидуи, а може и да се спремаат за цврста храна- тоа ми го објасни педијатар. Може исто да е тоа што расте и сега се се посвесни за иколинатс и многу повеќе сакаат да си играат одколку да јадат.. Има многу причини, ама наше е да го следиме детето и да се прилагодиме делумно на неговата потреба, велам делумно зошто мора да пробуваме без да створиме одбивност да им го понудиме оброкот. Јас се и сешто пробав, ама како најуспешен метод да ми изеде барем 100ка , гледам кога е успана или полу успана, тогаш најчесто испива се,и ставам цуцла ја чекам да се занесе и ја вадам и веднаш ставам шише(ова посебно функционира кај нас ако почне да задремува со цуцлата) менувам просторија, ја одмарам 10-15-20 мин и пробувам повторно… сега веќе со овие методи испот 90 не ми е никако, ама гледам ептен да не ја налутам и се подобро е секој ден. Ја вртам на различни страни, ка подисправам…Сватив исто дека не сака под 3 саати да јаде, па гледам да е минимум на 3 до 3ипол саати, а исто ги скратив скрос нокните подои и на последниот зголемувам на 130 мл за да ја држи, ама па тој го давам на 4 часа поминати. Пробај нешто од ова може ќе ти помогне.