Ете исто и за тебе, тука сме скрос со возраста. Незнам зошто сеуште и даваш ноќта?? Јас не давам нокта од 2 месеци полни. До 2 месеци имаа точно на 3 часа во редослед 00-03-06-09-12-15-18-21. По навршени 2 месеци и дозвола секако од педијатар тој подој во 3 сабајле го укинавме и останаа на тој во 00:00. Од пред недела дена го скратив и тој во 00:00 и последен им е некаде 22:00 до 22:30 за девојчето. Спијат без прекин до 06:00 кога ги будам и им давам прв оброк за денот. Јадат пак на 3 до 3 ипол часа, во вкупно 6 подои. Млеко давам според килажа, мерам 150 мл на килограм тежина помножено со број на оброци, ама и тоа не го давам скрос по книга, туку им ги гледам реалните потреби и се ориентирам по тие две ставки. Девојчето секако ми нема сила ни желба за фазла од 120-130 мл , машкото ептен е лакомо треба да јаде по 170 ама јас му давам 130 преку ден и прв и последен оброк по 150 , зошто премногу почна да напредува. За него ми кажаа дека можам да сметам и 120 мл на килограм тежина, така да со овој внес мислам дека сме таман.
Ние почнавме враце со шетање да ја раниме, па на рефлукс перница, ако испие 50 легната другите се со шетање во раце, имам пробано во тишина,затемнета просторија, шишиња цуцли со поголем проток џабе исто си пие, еве ноќеска испи во 00:30 100мл, цела ноќ спиеше сабајле се разбуди во 07 часот испи само 60 мл, како може по толку часа да не е гладна и само 60 да испие, све имам пробано и погладна да е и на повеќе саати пак ќе си испие малку, ако испие 100мл за нас е тоа успех радости дома
Ако ти прима цуцла лажливка, пробај со тоа како што ти опишав, ако е пред заспивање може поуспешно да биде.
Како што гледам онлајн обично го има по Аннифарм, Еликсир и Виа Фарм ама нигде го нема на залиха. Знам дека е за бебчиња со алергија и интолеранција на кравји протеин, не знам кое би му било замена друго освен да пробаш со козјо ад, можеби на Холе?
Па незнам до сега сме биле само на Аптамил пронутра,ама од педијатар ни е тоа дадено Или замена можи на Новалак ама еве кажуваат дека многу бебиња не го поднесуваат ради лоша миризба.... И зедов јас холе ама кравјо пред некоја недела воопшто не сакаше да го пија... Одма го сето дека не е Аптамил Па незнам за козјото некој да сподели искуство не сакам на своја рака да земам така и да и мешам
Лејди сама ќе се регулира.. исто имавме едно станување на 3 месеци, ако легне 8ипол кај 3 станува, ако легне 9 ипол кај 4, и обавезно и давав млеко. Еве сега легнува кај 9 ипол и спие до 6-7-8 наутро зависи од ден и гладна е како волк. Ако стане се разбуди скроз пак би и дала млеко еднаш. И давам на 4 часа по 180мл моментално. Додека не ја ставам на исхрана мислам едно млеко ако се поминати 6ч спиење не е проблем да се даде ако се разбуди за да може да спие пак уште 4ч барем да не стане пак за сат време да презаспиваш. Незнам тоа мое мислење
Мајки,бебе има 3 ипол недели. Само на АД е,не цица. А формулата ја даваме на 2 часа. Дали е можно да има грчеви заради тоа? Даваме Еспумисан капки. Повеќето ми рекоа дека треба на 3 часа ама она не издржува,плаче,се врти,го цуца рачето и е нервозна. Користиме Хип млеко. Не повраќа,малку само бљуцка...
Колку кг е? И колку млеко давате? Пребрзо е на два часа, нема простор да се свари млекото, па може и затоа бљуцка и има тегоби. Може и да не и одговара, да пробате со друго млеко ама сето ова во консултација со педијатар. Во теорија е едно, во пракса друго.
Исто беше и со мојата првиот месец. Значи премногу грчеви имаше, скоро секоја вечер плачеше по 3,4 саати. Едвај сум ја чекала минутата да поминат 3 часа за да и дадам. Искрено многу пати и давав и порано после, 2, 2ипол часа, но ме исплашија мора на 3ч и стварно почесто дававме на точно 3. Нишкав, пеев, држев во раце. Тогаш пиеше хип комбиотик, но се испостави дека не и одговара, и правеше и запек. Во консултација со педијатар сменивме во аптамил без лактоза. После еден месец точно, грчевите и поминаа. Инаку може да траат до кај трети, четврти месец. Дома аптека со препарати против грчеви имав, појаси, термофори... Исто и неколку пати бевме на педијатар не донесувавме одлуки на своја рака...
3950 беше пред 2 недели. Даваме 60мл,а кога ќе сврзе 3 часа спиење пие и 90мл. Патронажната сестра рече да и даваме на 2 часа,зш поголемо бебе е и плус имаше жолтица. А педијатар рече на 3 часа. Ама она не издржува,плаче...
Да не се малку 60мл? Ако со 90мл издржува по 3 часа, може таа опција е подобра. Ама пак ќе речам, педијатарот што го следи бебето веројатно подобро знае.
Ние секако и правиме по 90мл ама она пие само 60. Вторник сме на контрола за месец. Ќе видиме како е напредната...не знам. А навечер сврзува 3 саати спиење и пие по 90мл.
Ај ве молам сега за совет во сите аптеки се јавив и го побарав Аптамил ХА како формула го нема го имаат замена како pepti syneo ама ми кажа дека е малку појак спрема ха формулата Дали некој може да ми сподели искуство за хип ха дали е добра таа формула оти кај нас како што гледам само од хип има хипоалергено Кај нас е почетна егзема,многу гасови и не редовна столица бебето има 2 месеци
Мајки, 4.5м има бебе, пред 5 дена примивме втора доза вакцина. Не сме по млекото од старт, таман почнавме да пиеме по 120мл, од вакцината пие на 2 часа по 60мл. Значи си ги испива 120мл на 4 часа, но навечер ми врзува саати и се фаќа да пие 600мл на ден. Дали да го будам навечер? Како да зголемам количина кога му правам 90мл, но тој на 60 прекинува и плаче, се тегне не сака повеќе.. и како да се вратиме назад на рутина да си пие по 100-120 на 3-4 часа?
Мајки ,бебето ми е старо 1 месец. Пие АД на секои 3 часа по 100мл. Меѓутоа последниве 3-4 дена бара повеќе. Се плашам да дадам повеќе бидејќи е мала а од друга страна е вознемирена плаче,не спие. На советувалиште доктор рече да не давам повеќе.
Кај нас кога бараше повеќе а док рече не да пие 90мл ,совет беше да се даде чајче.Ама не го прифати баш и се засркнуваше дека е поводенесто.