Леле, како читам повеќе мислам дека им е период. Моево бебе уште ја нема примено втората доза вакцина, има 4 месеци ама од 160-170ml се вративме на едвај 110. Читав по форуми доста и изгледа е фаза што е честа на 4 месеци. Повеќето совети се да се обрати внимание на однесувањето, број на мокри пелени и слично, наводно си знаат да си регулираат колку им треба. Често се спомнуваат и забчиња како причина за намален апетит и пиење помали количини - се објаснува со фактот што кога шмукаат ги болат непцињата. Јас можам да забележам бело на непцињата особено на долната вилица, ама тешко ми оди пошо не дозволува да видам
Искрено да ти кажам јас веќе психички западнав од тоа што слабо пие млеко и не напредуват само по 300 грама месечно, сега пак во должина е напредната 64см, со тоа малку се тешам што барем во должина е напредната, не знам веќе ни што да мислам, 4 месеци направи и една недела абе од 90 мл 100 не знам повеќе да испила, и тие со молење ги пие де во затемнета соба во тишина па ајде со враце носење да пиет, со цртани па сега ја вклучивме и поголемата ќерка таа да пее за да ја гледат и така да испиет до кај 100 мл, денеска докторот ни рече да почнеме со кашички и сокчиња