Скоро месец. Апсолутно може и порано мајчино. Доење/мајчино млеко е колку сака кога сака. За ад само внимавај.
Бебето ми е 9 дена. Мислев дека не сака да цица, а уствари денес кога се измолзив прв пат, едвај 10мл измолзив од двете гради. Претходно како дохраба му давав 30мл АД, а сега зашто уствари додека не надојде млеко( ако надојде) АД ќе му е примарен оброк и колку треба да му дадам? Последен оброк му дадов 45мл, некоја моја мерка
Ако вадиш со пумпа 10мл не значи дека и со цицање толку вади бебето, пумпата вади многу помалце. И јас толку вадев, па давав само 30мл дохрана и тоа не на секои 3 часа. За да ти надојде млеко треба стимулација со цицање, значи ставај го цело време бебето не чекај само да надојде.
Прво е на града секако, колку има да извлече. Инаку, јас, се на се дадов три пати АД, ама го прегладнев, дете вришти неутешно и затоа вака
АД помага доста на почеток. Јас до 10ти ден го имав веќе исклучено, кога и да заплачеше го ставав да цица. Битно е да земаш доста течности, топол туш на градите, чај за доилки ако не пиеш и пробај со Лактил таблети.
Се од ова пијам. Бебе цицнува 15 минути и се буни после. Додадов 45мл АД, дали е ова многу? И во однос на водата, како го приготвувате, ја превривате па чекате да се олади и додавате прашок? А исто имам приметено дека после АД бебе ми се грчи? Стварно не знам дали нешто правам исправно
Уф не знам дали е многу, мене на излегување од болница ми рекоа 30мл како дохрана. Се грчеше и мојот, се мешаат мајчино и АД и прават грчеви. Каква вода користиш? Ако е од специјалните бебешки не треба да се преврира, само да се загрее.
Специјална бебешка ама ја превривам. Е сега за температура не мерам. Чекам да се подолади па ставам прашок и под чешма
Не се преврива таа, некаде на форумов прочитав дека не е препорачано да се преврие. Нека кажат мајките што им се бебињата на формула. Јас имам стерилизатор/греач за вода и само така можеш точно во степени да загрееш вода.
Моето 7 дена е, 60тина мл ад пие на оброк. Не фатил да цица за жал, а јас молзам исто од 50-70 и го пие цело, не бара многу често, мин. 2 часа го држи. Ама 60 просек ни е мерка, и за ад и за молзено. Што не значи дека ако малку молзиш бебето не цица. Јас водата не ја вријам, само ја затоплувам.
Микролајф има и за млеко температура на почеток мерев, сега во греач спремам млеко, др шише со вода ставам и е топло за наредно млеко. Во кризни ситуации и со ладно се прави хаха кога не сум ставила шише да се грее а плаче.
Не бе уживај, на греачот има позиција десно од шишето и таму ја ставам ладна вода да се загрее за побрзо и после самото има термостат и гасне одржува. Летен период на шишето ставав дека и времето потопло. Сум мерела со микролајф 45-50 степени е на десното после шишето, а шишето кај што е опцијата е ваљда 35-40. Како и да е супер е водата.. само на тоа најдесно доле знае да качи и 60-70 степени што е мн топло. Мислам ме разбра. Јас користам стаклени шишиња и мн брзо се топлат. Пластичните им треба време повеќе.
Јас имам ваков 4во1 е. На екранот си местиш на колку степени сакаш да ти е затоплена водата, на 40 ја загревав јас. Е сега малце е бавен, не знам другите како се. https://herbi.mk/product/grejach-i-sterilizator-handy-4in-1-kikka-boo/ Од Локо Кроко го нарачав, не можам да го најдам таму.
Какво млеко давате? Моево пиеше Новалак 1, ама многу повраќаше па му сменав Новалак АР. Скоро месец му беше добро, сега пак почна да повраќа, ем тешко кака ем повраќа. Му го сменав во Хип Комбиотик ама и од него ми поврати. Не знам дали да си се помирам дека ќе повраќа, дали да проверам алергија на кравји протеин (други симптоми нема освен повраќање) или да барам друго млеко, иако не сакам да му ги менувам. Исто така се уште цица пред да му дадам шише, но го мерам пред и после цициње и има само 30 грама, така да не верувам дека повраќа од прејаденост (ад му давам 90 мл)
Можно и од прејадено да повраќа. Не знаеш колку цица може му е доволно има воспоставено лактација, а 90 мл не е баш малку млеко ако го пие цело. Си пробала да намалиш Ад и само да цица, дали плаче после тоа? Сега нормално е да блуцне малку ама ако повраќа млаз значи му е многу. Ништо не значи тоа мерењето. Плус секое менување млеко за него е шок. Ти си сменила три млека. Најдој го и ако бара дај му Ад нека испие, па подржи го исправено 15-20 мин да ждригне да му спадне, може има и рефлукс направено . Колкаво е бебе?