1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адаптирано млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 12 јануари 2013.

  1. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    1.185
    Пол:
    Женски
    4 месеци е, не верувам да му е многу веќе има 6 кила. Баш ради тоа гледам и да не му давам повеќе, иако тој би испил колку што ќе му дадам. Денес му дадов прв пат хип, реков да не му е полесно на стомачето, немаше смисла да продолжам со анти рефлукс кога не му помага, а од Новалак 1 повраќаше така во млаз, бело, проѕирно, дури и еден сат после јадење
     
  2. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    1.691
    Пол:
    Женски
    Уште едно прашање:)
    Дали некој користи авент шише? Како бебе смука, се осеќа како да влегува воздух во шишето и цуцлата да се подига
     
  3. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    934
    Допаѓања:
    1.451
    Пол:
    Женски
    Дали ти е убаво наместена цуцлата, мораш тие дупчињата ептен убаво да ги наместиш на капачето и на цуцлата што се :)
     
  4. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    1.691
    Пол:
    Женски
    Воопшто не сум ја изместувала, бебе многу влече
     
  5. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.853
    Допаѓања:
    7.816
    Пол:
    Женски
    Таа natural feeling ли? Моево бебе гладно беше со нејзе, 30 мл за 1 час пиеше, ептен треба напор за да повлече. Откако го сменив почна да пие млеко како бебе
     
  6. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.150
    Пол:
    Женски
    Моето кога се роди еден месец беше на хип комбиотик. Имаше мн грчеви, тешко какаше, имаше и запек и мн бљуцкаше/повраќаше. Во консултација со педијатар (тој препорача) сменив во аптамил без лактоза. Го пие веќе 4 месеци и ок е.
    Следно ми рекоа со полни 6 мес да преминам на аптамил 2.
    Мислам дека секоја промена на млеко се прави во консултација со педијатар, не на своја рака.
    Јас земав и антирефлуксна перница, помагаше додека беше помала, сега е 5 мес и не сака да лежи на неа.
     
  7. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    1.185
    Пол:
    Женски
    За жал педијатарот не ми е многу заинтересиран, кога кажував ми рече само тоа е продолжи со истото млеко, а бебе по цел ден повраќаше, не можев да го преслечам, уште необлечен, тој пак имаше повратено. На вечер воопшто не повраќа, ќе јаде и призаспива, денски само повраќа
     
  8. Kosara321

    Kosara321 Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2024
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички ❤️
    Сакам да прашам дали некој се соочил со ова..
    Бебето ми е 4 месеци,но веќе еве ја два месеци кака на неколку дена (3-4) зависи некогаш преку една ден ама повеќето е на неколку дена,само на адаптирано млеко сме Аптамил по препорака на педијатар сменивме холе козјо,но фати запек итоа многу и пак ни рекоја да се вратиме на Аптамил и пак така кака
    Давам и пробиотик био гаја
     
  9. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    4.818
    Пол:
    Женски
    Смени го пробиотикот, пробај пробаланс бејби тие се др бактериска култура. Обично давам сабајле. Секој ден по два пати кака. Дали си испитала интолеранција на лактоза?
     
  10. Kosara321

    Kosara321 Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2024
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Немаме испитано,дали може да ми пишиш во порака
     
  11. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    1.691
    Пол:
    Женски
    Да, таа. Ова си влече, ама цуцлата ете се подига
     
  12. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    4.659
    Дали ја вадеше за да ја миеш? Треба убаво да е наместена, јас прв пат лошо ја наместив како недовлезена во пластичниот дел.
    Моето до 8-9 дена пиеше од шише со цуцлата што е на него, за 5-10 минути ги пиеше 30мл.
     
  13. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    1.691
    Пол:
    Женски
    Не сум ја вадела. А и моето толку време пие
     
  14. Barbie90

    Barbie90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки! Би сакала да го објаснам мојот проблем и конечно да го пронајдам решението ... Ќеркичката за некој ден прави 4 месеци, но од почетокот се бориме со исхраната. Немав доволно млеко иако неколку недели пробував со се и сешто да го добијам. Се префрливме целосно на адаптирано после неколку недели. И тогаш почна борбата! На почеток веднаш штом ќе го допреше шишето почнуваше плачење, па пробав со различни шишиња ( дома имам 4 различни шишиња: филипс, нук, томи типи, бибс ). Со сите шишиња е исто. Изминативе два месеци постојано сме со Филипс, но со поголема цуцла - број 5. Без разлика колку и да е гладна не јаде, или го сецка оброкот и тоа трае со паузи повеќе од еден саат, се додека не и дојде сон и почнува да јаде како што треба. Најголемите и најлесни оброци се во сон или полусон и во текот на ноќта кога јаде нормално. Да не заборавам да напоменам - додека е будна си игра со цуцлата, се смее, па почнува да плаче затоа што доаѓа време за спиење и се така во круг. Дали сте имале сличен проблем и како сте нашле решение ? Се плашам дека има создадено аверзија кон храната или дека јадењето го поврзува со спиењето и поради тоа не јаде додека е будна. Бевме и на различни доктори никој не ми даде решение, освен дека детето е такво.
     
  15. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    1.691
    Пол:
    Женски
    Му сменив од хип во аптамил пронутра од денес. Пробувам да цица ама мрзеливо е не сака па давам дохрана. Е зошто од аптамилот детето не ми е сито, давам 40мл и за еден саат пак бара. Му дадов еднаш 60 се разбуди за може два с и ми го бљуцна два пати. Инаку сменив од хип, мислам дека не му се вареше добро, се грчеше бебето
     
  16. cupid

    cupid Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Истиот проблем... Едвај додржува без врискање... Месец и пол е старо, почнавме со Аптамил 1 заради истиот проблем, мрза невидена не сака да се помачи да трга... Почнаа грчевите и какаше на два-три дена, секој пат погусто, ни сменија на Аптамил комфорт 1 и можам да кажам дека е уште полошо со столицата едвај се празни,темно зелена, кога прдка многу лошо мириса па ни вклучија и Порталак сируп... Од пробиотик давам Диастоп... Педијатарот не препорача менување на друго млеко, да не сме менувале многу, единствено покрај диастоп ни даде и бејбитол неонате фор ју дополнително... Не знам што да правам, на моменти се смирува со гасовите од сирупот Нурсе харви, но има денови кога неутешно плачи, а голем проблем е какањето