Многу се трудам да цица бебето ама млеко не надоаѓа никако а како расте се повеќе бара. И давам АД, пробувам ете на 6 саати. Маката ми е, што давам аптамил пронутра и давам 60мл, ама бебе продолжува да си плаче, а дури и да се успие, пола саат, саат пак и сака да цица, значи не го држи сито. Бебето е 5 недели, таму пишува 90, ама зашто го форсирам да цица ми е страв па ич да не не сака. Друго, многу тешко и мачно ми кака, а денес еве и цел ден не ми се искака. Дали да зголемам доза или млеко да менувам, ајде помош
Здраво ние го имаме истиот проблем. Пробавме и со менување на млекото но ситуацијата не е променета. Пробав во темно кога е успан имаше мало подобрување но сепак не го допива цело млеко. Ние сега сме на бебелан има 2 месеци и 3 недели. Дали најдовте некое решение?
Пробиотик, пробај Пробаланс бејби ( ќе кака секој ден) давај до 6 месеци. Незнам моево така нервозно плачеше после пиење па и тешко спиеше. Демек по книга олку да пие онолку. И зголемив како бара давав и си фати ред. Така да ако ги испие добро ако повраќа ќе намалиш. пример еднаш направи, може нема 90 да испие ама може 70 ќе испие некогаш 10мл им фалат. За доење незнам совет, немав млеко го изгубив ту мач стрес. И незнам како да ти кажам ама ако ти плаче после јадење и е нервозно може да е не е сито.
Мислам многу млеко е тоа за дете од две години. Ад давав пред спиење до 2,5. Ама ноќе не станува од кај 1,5 година некаде. Не сум правела тренинг, сама почна да ја преспива ноќта. Да не е малку јадење дење, па да се буди ноќе? Или веќе е навика.
Јас трудејќи се да го добијам млекото еве од стрес почнав да го губам скроз. А инаку не знам зошто педијатарот, три пати прашав не ми даде пробиотик, вика не. Бебитол коли му давав ама мислам дека полошо му беше аѓа барем ќе се искакаше. Хаос направив со детето, не можам ред да фатам. А и да, тешко спие многу, како да се мачи во сом, да се напнува. Да додадам, давам еспумисан
Еве сестрами дава уште преку ден еднаш кај 12ч и еднаш пред легнување.Внукава е годинка и 9 месеци. Ама исфрли го вечерното млеко полека, да може подобро да спие да не се буди. Па и кога ќе почнеш со одвикнување пелени може да ти прават проблем мн течности.
Пробаланс има друга бактерија, тоа што го даваш е исто со биогаја, нас не ни делуваше баш биогајата имав од болница искористив едно шише и сменив со пробаланс бејби еве од тогаш кака секој ден, на ад сме и немам мака. Друго ние сме на аптамил сега безлактозно, има интолеранција на лактоза и на почетокот дека прематурче ај појако млеко па со колиев, колактаза и така хаос беше ама млеко давав количински колку бара. Така да сега ако мислиш дека премногу си под стрес и дете се мачи. Земи млеко ад дај му колку треба за месеците и нека пие, ослободи душа супер си дала и до сега. Јас така би постапила лично. И кога почнав да губам млеко, градиве ги исфорсирав, цели испукаа стискај пумпај стискај нема тоа е, кренав раце за два дена немав капка од града ако веруваш. Дете најадено почна да спие да не плаче дневни дремки долги вечер да спие. Тоа секако има нервози триста ама гладна да не е и нервозна.
Па полесно ги исфрла гасовите, ама не делува на столицата. Јас уште ставам по една капка на млекото пената да се изгуби. мн ми е грдо кога ја гледам пената не ми личи ич на млеко, како да спремам макијато
Од 6ти месец по колку давате млеко? на кутијата холе писува 3 пати по 210мл,бебето не пие по толку мака мачиме од старт со млекото, дали смеам да дадам повеќе од 3 пати?
Значи од 6 месеци почнуваат со цврста храна, значи почеток на еден оброк, како може 3 млека. Колку што има потреба бебето ќе дадеш.
Ние сме 4 и пол месеци и јас се уште му давам на 3, 3 и пол часа денски, навечер не го будам, некогаш спие 5 часа, некогаш 4. Се надевам не е погрешно што се уште му давам на 3/4 саати ама ми е страв дека ако намалам, ќе ми се намали и млекото бидејќи му давам и да цица
Ние почнавме со пеобување на вкусови од 4 месеци, по препорака на педијатар, на сабајле јаде овошна каша,од денес почнуваме и со ручек