Мајки, потребен ми е совет. На кратко нашата приказна. Малата е 2 месеци и една недела. Првиот месец беше само на доење и одлично напредуваше. Вториот месец се појави застој во тежината, една недела не мрдна на вагата. Првата ќерка ја доев, а и ги прочитав сите совети тука, па продолжив со упорност на града, по два литра чај за доилки, два литра вода, здрава храна секако ми е на мени... Повторно не мрдаше. За потоа понаредната недела да почне да оди надоле и слабее. Ја мерев пред и после цицање, на старт разликата беше 30гр, потоа само 10. После 10 минути цицање само толку имала повлечено. Педијатарот ни порача под итно дохрана. Набавивме Аптамил Пре. Ни советуваше доколку добро го прифати, нема грчеви и проблеми со столицата а и доволно ја заситува, да го смениме дурина 6 месеци. Потрошивме една кутија во Германија, кога дојдовме тука ја немаше истата опаковка, но набавив од истото , само беше во кознерва. Цела конзерва скоро ја испи се беше добро. Без нус појави. Вчера на 2-3 пати одбиваше да пие. Хистерично вриштење. Денес во 11 едвај ја наранив, малку од малку, потоа двата обиди ми плука, се трга, вришти. Секако пробав, разни позиции, со милум, со силум, потопло, поладно... Во паника сум веќе. Немам сменето флаша, немам сменето млеко, си кака убаво, нема грчеви, си гуга цело време...само кога ќе и се доближи флашата почнува хоророт. Веќе паника ме фаќаа а педијатарката е затворена. Имал ли некој слично искуство или совет?
Првин види температурата на водата дали и е погодена или да не има нешто што и одзема внимание па не се интересира за храната...? Инаку втора опција би ми било да пробам со друга флашичка да видиш да не е со голем отпор па се нервира слабо ако тече и на крај би пробала со Аптамил 1 пронутра (обичниот,не би дошло како драстична разлика во млеката)
Јас ќе тргам накај болница сепак, да ја види педијатар. Втора недела го пие млеково. Идта вода, иста тт а и од иста флаша. Една недела супер и наеднаш вака. Буквално ништо немам сменето а и нус појави од истите нема. Помислувам на афти или слично... Се надевам ќе каже докторот нешто поконкретно. Фала девојки.
Баш сакав тоа да ти пишам,афти. Или можеби она "соор",како ли се фикаше,сум заборавилагабична инфекција. Мојот имаше и баш тој период значително намали со пиење и тоа што ќе го испиеше со триста маки.Но,не до толку да вришти,пишти...
@danichap а да не е период само?! Аптамилот ни е исти мислам моево си пиеше како по буквар но сега не сака. Не плаче туку ја бутка цуцлата и ми одбива. Дали 2 мерилици пие.. Инаку се си е ок со располежение и организам. Ај види што ќе ти кажат па сподели. Мајки цуцлата 2ка кога да ја ставам? Дали е време?
Пробај со шприц да видиш дали ќе сака. Јас двојката ја ставив на 4м негде не на 3м како "пропишаното". Еве 9 ќе прави за некој ден па сеуште на 2ка.
Јас мислев дури на 6 месеци. Може ми одбива млекце ради цуцлата? Не знам дали да пробам со 2 ка па ако не бидува пак да ја сменам. Моето е 2 месеци и 10 дена.
За томи типи кажувам јас. Може со други дирми е различно. Па штознам пробај, ако е силен и влече јако може тоа што споро му тече го нервира
@danichap da ne e skok vo razvoj, toj na 9 nedeli isto znae da bide dosta intenziven, bas taka so nervozi i placki pri hranenje.
Се вративме ние. Ја прегледуваа а она гуга, се смее, се радува. Смеи беше цело време. Уши, грло, муцето, гради... се е супер. Причина за одбивање нема, плус и цуцлата си ја шмука нормално. Ми рекоа да ја изгладнам салам па пак да пробам. Ако и тогаш нејќе утре друга врста аптамил. Ако и таа ја нејќе целосно да менуваме и да пробаме со друга фирма. Така да ако и утре не е успешно, петок пак на преглед па ќе кажат за понатаму. Фала на сите за советите.
@danichap ако утре најнормално си јаде ко ништо да не било-сметај го тоа за Скок во развој. Нам ни се случи тоа. Ден и пол не јадеше, нит афти нит грчеви нит ништо... И наеднаш ко ништо да не било. Или ако не е скок да не е адаптација на климата!? Со лесно.
Nemam iskustvo no da probate so drugo mleko ,aptamil i jas davam go smetaat kaj najdobro no na site bebinja ne im odgovara,imam prijatelki koj koristele i hipp i humana i bile prezadovolni. Pozdrav
Вака изгледаше пакувањето кога јас користев @danichap . Од три недели старост до скоро две и кусур, ќерка ми ја дохранував со аптамил. После сите пробани на пазаров, само ова го прифати и беше најблиску до вкус на мајчино
Се префрлив на истото и јас. Имам две неотворени конзерви од предходното кое го објавив, сакам да ги поклонам на некоја мајка. Инаку мојата е добра сега. Си пие убаво без плачки. Скок ли беше, што ли беше не знам.