Здраво Преминавме од Хип комбиотик 1 во Хип Ар,но каките се сменија некако,станаа жолти светло и како густи,како шлаг ,незнам како да објаснам Дали имате такво искуство ?
Бебе родено 3300г. Од болница излеговме негде 3150г. Нема уште 4 недели. Пред 3 дена на педијатар рекоа 4100г. Супер напредок... Пие веќе недела ипол по 90мл на два ипол-три часа. Прво немаше сила да допие ни 60мл, на рати пиеше. Сега набрзина ги вшмукува тие 90мл и пак става рачиња во уста.. Цуцла влече како луд. Некако нервозно делува. Не знам дали е гладен или до гасовите е. Бидејќи гледам дека после млекцето му е тешко, долго го држам исправен.
Причина не знам, ама слушнав нешто дека 3-ка ќе немало. Другарка користи тоа, па од секаде каде што има на залиха отиде да купи.
Увоз и млеко на Хипо има. Во магацинот има роба. А аптекиве зошто не нарачуваат незнам. Ова е инфо од човек што работи таму и носи роба низ Мк.
Мајки, вие што имате користено бејбилав формула што е подобро за прихрана навечер, бејбилав пре или директ да почнам со кецот ? Сакам да пробам да му дадам навечер формула оти мислам дека се буди од шо не се најадва, досега сме само на мајчино ама периодов цица на секој час па да пробма со шише, три и пол месеци сме.
Мој најдобро намерен совет. Земи било кое друго млеко освен тоа. Причината не е дека не е добро. Туку често знае да го снема и да го нема долг период. Па ќе бидеш во мисла/ барање , кое млеко да го даваш. Консултирај педијатар или истражи , кое друго млеко да го земеш. Мене ме советуваа, да земам млеко што и во маркет ќе можам да го најдам. Почнав со бејбилов, ама среќа брзо ни го сменија и добро што го сменивме, зошто го снема и долго го немаше.
@Ladyme ако може да ми кажеш каква ви беше какачката кога се префрливте на Аптамил безлактозно? Ние два дена откако почнавме со тоа има темно зелена прилично тврда какачка. Дали да чекам да видам како ќе се смени, веќе поминаа 48 часа. А многу добро го прифати и многу подобро од сите млека до сега
Мене ми имаат кажано доктори дека посебно ако се дава во комбинација со мајчино млеко, подобро е ПРЕ.
Каките се зелени и цело време ќе бидат, ама користам пробиотик па нема тврди каки. Користам Пробаланс бејби пробиотик и нема проблем.
Инаку поголеми се шансите се дека се буди заради скок, навика за цицање, а и мало е, а не зошто е гладно. Пробај ако сакаш, ама да не имаш преголеми очекувања ми е муабетот
Моево е помалечко, и се буди на саат ипол, од старт навечер формула му давам по два пати, се буди на секој саат ипол-два исто ама го презаспивам во раце, формуливе на 4 саати му ги давам. Големиот само на доење беше, гроги бев со него до година и нешто со будење на секој саат, ама го презаспивав без доење, заспиваше. Си пробала да го успиеш без да му дадеш да цица? Чисто да видиш дали ќе заспие, не мора да значи дека е гладно. Не дека сум поборник за доење, јас имам надеж дека второво дете малце повеќе ќе спојува со ад (во иднина), затоа уште и му давам..