Моја констатција е дека немам баш многу млеко, едно што цица од една града само, друго некогаш се нервира ја тегни градата како да не му иди ич млеко, затоа што цица многу често, ја празни и нареден пат нема доволно, така си правам филм, оти имам приметено дека кога сме излезени на прошетка кога нема цицано 2/3 часа тогаш од устето дури му излива млеко. Мој заклучок е дека за негови побарувања немам доволно. Е сега, откако ќе го нацицам задоволен е ама не му држи долго. Плус овие два месеци слабо става на килажа, сите педијатри ми викаат супер си е мене ми се зацрта во глава дека е гладен и то е Еве го вечерва три сати спие, стана само за цице и си презаспа
Мојата е родена 3850, уште од почеток е со шише. Користевме Philips Avent 2ка подоцна и 3ка цуцла, и Nuk 0+ од Philips откако сменивме на 3ка беше добро некое време, но еден ден 100мл млеко испи за неверојатни 1-2мин и престанавме со 3ка ( Јас па и 4ка имав купено спремно да биди) и се вративме пак на 2ка, сега сме 4+ месеци. Од Nuk бетер беше многу брзо пиеше и после тоа и беше многу тешко и плус многу се засркнуваше од што имаше многу млеко што не можи да го голтни наеднаш. Мој совет пробај со помало дупче на шишето да видиш разлика.
Мојот на сат и пол до два цицаше кога беше колку твојот, помалку ги држи мајчиното. Колку става што мислиш ти дека е малку?
Кога цица почесто нормално дека не се полнат толку, а и нормално е исто мислам кога ќе исцица да се нервира зошто не тече млекото на почеток исто и понатака. Пробај си, дај му, ти си знаеш најубаво. Може и да е посит од ад, ама тоа не мора да значи дека твоето не му било доволно. Моево бебе од месец ипол вчера пред спиење 130 мл ад испи па не го спречи тоа да станува на 40 мин, веќе кога во 2 се губам колку пати станал лоша е работата
Na 19 септември беше 5.120, после на 13 Октомври за вакцина мислам дека беше 5.600 и сега Ноември 11 беше 6.070 грама. Ми велат дека супер напредува, три доктори досега го видоја, и кај нас и тука, ама мене ми е малку оти претходно ставаше повеќе од кило на месец, е сега ваљда помалку ставаат после 3 месец, не знам.
Е па нормално е, плус велиш предходно повеќе од кило ставал не може цело време така да ставаат. До 6 месеци ќе биде дуплирана родилната .
Моето е на Аптамил од кога е роден, 2ка пие моментално. Си го сака млекцето, не е баш некој јадач, но со млеко надохнадува и супер е со тежината до сега. Лесно се раствора и во вода на собна темп.
Леле исто. Шишињата на Авент што ги земав си имаа самите 3-ка цуцла. Пие така. И јас 4-ка купив за понатаму. На 3-киве пишува 1м+.
Е исто, прво имав купено само едно стаклено шише беше со 3ка, потоа купив сет две 2ки и две 3ки. 4ки купив не се ни отворени, и нема ни да ги отворам. Јас и 3ките ги оставив настрана, си докупив уште 2ки. Многу ми беше страв оти пребрзо пиеше, а имавме и на болница завршено оти во спиење се засркна со плуканица. И од тогаш сме само на 2ка и не планирам за брзо да сменам..
За цуцлите ве читам .. мојава е 5ипол месеци од 2ка пие кога се молзам за да излезам зошто се задавува скроз од прв ден сум со стресови зошто не научи и не научи да голта сега почнуваме со вкусови се надевам ќе се опрајме. Вие сите имате мн мали бебиња никако 4ка рано е
Тие што имате филтри за прочистување вода дома, не ја вриете водата, така? Земавме филтер, прв пат треба да му дадам на бебе па шубе ми е сега..
Здраво девојки, имам прашање доколку може да помогнете Моето бебе има 3месеци. Пие адаптирано млеко Новалак 1 Но во овие последните 3 недели забележувам дека повраќа обилно после секој оброк испиен, обично пие 90мл. Има течно зелена столица, и често гасови но лесно без напон ги испушта. Докторот ни препорача пред 1месец Хипп комбиотик. Но јас сакам да сменам на Аптамил 1 но гледам дека има повеќе пакувања различни. Препорака? Дали имате ист случај со повраќањето после секој оброк мислам дека не му одговара повеќе млекото.
Моето исто пиеше Новалак 1 и повраќаше ама често повраќаше саат два после јадење како вода. Му зедов Новалак АР еден месец океј беше, после пак повраќаше, а потешко му беше за какање. Иначе во меѓувреме зедов Хип Комбиотик си реков да не е од Новалак нешто, ама исто беше и со него. Сега пие Новалак Тотал Комфорт и засега е добро
Мајки, бебе има годинка.. му давам ад со шише со цуцла како претходно. Треба ли во чаша? Затоа што има чаша со клун, ама знае да се посипе цел, му купив сега со цевка.
Од 3-ки пие. Се засркнува кога брза. Ама педијатар рече има подврзан јазик, ако е бавен протокот не го допива млекото. Се изморува. Како завршивте во болница ?
И мојата на шише се засркнуваше со 3ка, и почнавме пак само 2ка тешко и беше се изморуваше и кемкаше многу ама не попуштив.. и не планирам за брзо да и дадам 3ка. Иначе заспа на шише и не ждригна, ја легнав на кревет и појдов до кујна да ги измијам шишињата мм беше во другата соба, таа остана на 3мин сама. И се вртела сигурно и млеко и пликаница и има залетнато и почна да се дави да останува без воздух.. стресови.. и ајде брза помош и на болница 3 дена. И од тогаш спиеме поткренати на рефлукс перница и на камера ја гледаме ако излегуваме од соба..