На бебе почнав да му давам Аптамил пронутра. Ок го прифати. До сега бевме само на Хипп. Ама приметив дека малку потешко се раствара во вода на собна температура и мнооогу пенави. И тоа многу лесно го мучкам. Во кругови само, воопшто не го тресам шишето. И кај вас ли е вака?
Комплицирано е со адаптираното млеко, да се навикни меше, па запек од едно, повраќа од друго, не се најадва од трето... Ама што да прави човек барем во денешно време има опции кога нема мајчино млеко... Ќе се издржи се за срцињата ❤️
Колку ад млеко давате кога се воведени сите 3 оброци? Имам од прилика еве денеска дадено 3оброци вкупно околу 580г изела и само 390мл млеко. Значи сабајле цело го испи и измеѓу ручек и вечера дадов само 80 мл испи и сега и дадов заспана беше ама неколку пати се подразбуди викам дане е гладна дане и се пие млеко. Некако мислам малку млеко да е... ама ај кажете искуства.
Обично околу 500-600мл дневно пиеме. Мислам дека и толку се препораките. Дека ако пие повеќе може да одбива од оброците. Мислам дека сте добри, ама прашај си сепак педијатар за сигурно.
Несака одбива, незнам дане ми се мн калорични јадењата. Доручек 210г 7 вида житарки со јаболко круша и банана Ручек 190-200г компир, сладок компир, пашканат и морков малку маслиново. Вечера 150г палента и малку слива едно лажиче за вкус Ова денеска, уште не сум почнала месо и млечни, сега треба да почнеме.
Во Македонија е под името "Nan" Според тоа што го барав пред 2 месеци скоро никаде го немаше или па јас не можев да најдам.. Во ДМ видов дека има ама не знам што бројка беше мене ми треше Пре. Ние го користиме ама сме во Германија, за на одмор си носевме со нас храна и готови млекца од истиот бренд.