Јас давам вакво од скоро почнав (3 дена) дохрана инаку сме на доење. Супер го прифати ама сега шубе ми е да дадам. Какво да земам замена со да е сличен вкус ? Немам искуство со АД. Ве молам за совет ?
Јас мислам дека е најубаво да се прочита од нивна официјална страна, а не од некој страни на фб што секој може да објави што сака. Кој знае и дали е точно тоа.. Што ако утре и од "замената" објави некој такво нешто слично на фб.. П.С сепак вие си знаете најдобро што е најдобро за вашите најмили
Здраво, Како сметате испиена милитража на бебе? По ставената вода (пример 90мл) или по крајната милитража и од откако ќе ја ставите формулата? Нели тогаш од прилика 10тина мл е повеќе
Здраво, бебето ми е 4 месеци и сме на адаптирано млеко aptamil cesar biotic, сакам да го префрлам на holle A2, ако има некој искуства да сподели?
Јас ставам 90мл вода три дозерки прав. И го вртам шишето ( не го кламучкам) кога растварам и нема толку многу пена .
Кажи ми зошто зема АР? Педијатар препорача? Моево кога пие формула многу враќа, особено овој оброк попладне мислам повеќе од пола го бљуцка. Сакам да пробам и јас со АР, ќе му пишам на педијатарот ама сакам мислење.
Не, на своја рака земав. Ти пишав во друга тема дека педијатар ми препорача вкусови да почнам на 4 месеци. Ама бебето уште има грчеви и повраќа. Премало ми е за вкусови,уште глава не држи шо се вика.па реков овој месец да давам дохрана од следен ќе почнам вкусови. Точно 4 месеци и една недела сме (по совет од педијатар пред една недела требаше да почнам вкусови) ар земав зошто има рефлукс и повраќа после секое цицање. Од адаптираното ар, не повраќа. Почна да кака по 2 пати у ден. Нема многу гасови. Инаку какаше еднаш, се мачеше,сега полесно му е некако.
Јас не знам моево дали има рефлукс, си бљуцка онака по малце на секое, ама ова млеково попладневно ептен многу го враќа, не знам дали е повраќање зошто само му истекува од уста, ама доста количински. Прееска после 1 час од ад му дадов да цица и цицаше.. ќе пишам утре на педијатар да видам што ќе каже, се изначитав за тие ар свашта и страв ми е да дадам на своја рака.
Многу педијатри за жал, без разлика дали е бебе на АД или доено препорачуваат вода затоа што така се правело пред 40 години. Новите препораки се дека вода се дава кога ќе се почне со црвста храна малтене АД се прави со вода... (а и мајчиното содржи вода)
Може се прецицува твоето па за тоа му тече така од уста. Моево баш повраќа,некогаш и преку нос. Од памет ме вади враќа такво засирено млеко. Инаку да и мене ми беше шубе ради таа информација дека имало бактерија во Аптамил ар. А јас само што почнав да давам.Во аптека ми рекоа безбедно е било тоа за Србија и Хрватска само ама пак некако шубе ми е.Сега дури си мислам дали да земам хип ар. Којзнае дали ќе ми го прифати тоа. И дали е ок да сменам од еднаш и така не е цело време на АД.
Вчера беше баш гладен не беше цицан скоро 3 саати кога му дадов. Може е до млекото од кај знам, и мојов си бљуцка засирено и кога цица, ама кога враќа така враќа цело млеко несварено. Не знам за менување, јас се плашам да му сменам.. Провери лот според мене и терај. Аптамил пијат сите, нека не ти е шубе општо за млекото.
Мајки, совет ако може Колку мл холе козјо млеко давате на бебуш од 3.5 месеци ? И на колку време ? Денес на вакцина докторката но рече да му давам по 120мл на 4 часа дека бебето било дебело..
Ц ц ц со ваков совет кога ќе се избацат. Не давам козјо и не е само на ад, ама и да му дадам 120 мл ад, после 2 саати е пак гладен. 4 саати да не е јаден преку ден ќе дигне све во воздух. Инаку 3 мес е моето.