Веднаш сменив, никаков проблем немаше. Уште малку исто ќе направам и со хип 3. Не ни сеќаваат дека има промени. Барем со моето така беше.
Бидејќи доиш не знам дали имаш видено, дали пратиш дека во млеката на нестле имало најдено некој токсин неодамна, мислам дека и беба беше меѓу нив. Чисто информативно, може сепак сакаш да си го земеш ама да знаеш. https://www.google.com/amp/s/www.bbc.com/news/articles/cx2yvx8gnnpo.amp
Слушнав дека Нестле Нан била повлечена од продажба во Србија заради бактерија, сега гледам на странава што ми ја прати дека и во Германија се повлечени Беба… Ја дојам да, а со ад и правам кашички и ко за беља само ова го сака другите ги осеќа и не ги јаде кашичките. И давав од ова дома ама не ми пројави некои симптоми. Се надевам не сме направиле некоја беља вака е супер не ми има повратено кога сум и дала… Фала за инфо
Во Мк сум сега затоа прашав од тука некаде да земам, таму кога бевме го користевме некаде крај на ноември почеток на декември се надевам не биле засегнати тие пратки туку некои покасно… ама за секој случај ќе паузираме од Нестле одреден период.
Колку мл ад пијат/(треба) да пијат бебиња на 9 месеци кои имаат 3 цврсти оброци од по мин 200,250 гр? Малава пиеше некои 2 шишиња по 180мл, и се фаќаше некои 400,450 мл во 24ч, ама нешто сега почна да го одбива млекото, ако и ставам во каша некои 120/150, и уште едно ако испие од 150,200 тоа и е се, некогаш и само 200,300 ќе испие во 24ч. Планирам и на педијатар да прашам, но доколку некој има совет ако може да сподели. Големиот беше љубител на млеко до кај 2год, малава...
Следи некој за recall на млекава? Вчера ми излезе за некој Аптамил, сега пак за Nutrilon PROfutura . Ова го нема кај нас, ама некако повеќе фирми се во прашање во ист период. Ме фати страв, моето сеуште пие Хип...
Јас го дојам ама комбинирам со вештачко, почнавме и по еден оброк да јадиме. Без шише ми се буди често навечер а само навечер пак цица, денски не ми се најадва со цице ама читајќи за млекава ме фати страв и ќе гледам да му го тргнам скроз, сакам да воведам втор оброк и можи ќе биди повеќе сит, да сме само на каши и цице.