Моето бебе пие холе козјо и нема никакви тегоби вака плус си цица А на почетокот пиеше аптамил прематуре и многу многу плачеше и се виткаше од болка во мешето изгледа па го сменив Ни болки ни запек ни повраќање имало Намерно земав козјо јас оти јас сум со нетолеранција на лактоза и за секој случај помислив можеби тоа му беше маката со ад
Се исто потполно како кај вас. Користевме аптамил ар 1, откако слушнав купив холее и ми дадоја а2. Кога му дадов од холето не беше ни ситаа а и ми поврати. Денес купив новалак ар па да пробаме.
Мајки користевме формула Нан, како прочитавме за ова со бактериите зедовме Novalac и го прифати. Пие само ноќ по 2-3 пати и сме 16 месеци. Денес маж ми беше во аптека и упорно му велеле да земе Холе бидејќи само за таа фоемула стигнал извештај дека е добро. И маж ми земал Холе кравјо. Дали е добро или да продолжам со новалак? Инаку пред да наполни годинка пробавме Холе козјо ама ме го сакаше воопшто.
Па реално твоето дете веќе не е бебе и не му е главна исхрана млекото, така што најдобронамерно, воопшто не треба да даваш млеко во текот на ноќта. Ок е еве еднаш да разберам, да стане, да го мачат заби или нешто друго, да побара. Ама 2-3 пати ноќта млеко да бара, не е ок. Ај што му влијае на сон, може заби да му се расипат, и има влијание на дневна исхрана, ама ти си знаеш. Инаку холе кравјо и холе козјо, ќерка ми пиеше и супер ги поднесуваше и многу ги сакаше.
Убаво е вака веднаш со осуда, а незнаеш ништо за нас пример... Знам дека не е бебе веќе, ама таа ноќ воопшто не спие како што треба. Плаче, вреска и некогаш со млеко се смирува и продолжува. Преку ден не и давам млеко, ама за жал јаде само одредена храна другото плука и затоа велам барем повеќе протеини и витамини да внесе со формулата. Може сум и грешка... Според тебе ноќ кога се буди вода да давам да се одвикне?
Не те судам. Ама како сакаш да јаде преку ден, кога внесува калории навечер. И како ќе спие убаво кога станува да пие млеко. Ајде стави се ти на место два пати во тек на ноќта да станеш и да јадеш и пак да спиеш. Сигурно не му миеш заби после секое пиење млеко, а за забите да не фатат кариес,пресудно е барем 8-9 часа да не дојдат во контакт со шеќери и да се измиени. Моето девојче стануваше и седеше ноќе будна по два часа, од негде годинка па скоро па до нејзини 20 месеци. Стави ид горе болештини од градинка, постојано болна од јануари лани до август, па види колку сме спиеле и ние. Некогаш кога бара млеко навечер сум давала, ама никогаш не повеќе од 1 на ноќ. Кога станува и плаче за млеко сега, иако не се случило одамна, беше секогаш кога имала суво грло и ја боли, и млекото и е утеха. Плука и мојата јадење,ама јас ја оставам и гладна и не нудам друго. После ќедојде ќе изеде 5лажици колку да преживее и чека друг оброк. Вода можеш да пробаш. Ама она ако е гладна нормално ќе станува и ќе бара. Пробај вечера да и понудиш еден саат -саат ипол пред да оди да спие. Понуди нешто калорично,нешто што сака. На пример мојата макарони со путер и со сирење сака највеќе. И кога сум во очај ќе ја понудам тоа, ама преку ден ќе нудам се најразновидно. И после пред спиење ако не сте спремни,понуди и млеко формула, миете заби и на спиење. Пушти и бел звук за спиење. И пробувај, може ќе успее. Јас мојата ја отргнат од млеко скроз на две години. Од формула мислам. Мислев никогаш нема да може оти пиеше пред спиење и по станување. Е ама фати стомачен и и реков дека од млеко се повраќа и толку. Сега се буди и трча во кујна за доручек. Предходно до 10 сабајле не сакаше ништо. Сега до 10 два оати доручкува.
Добро е Холе не е лошо, ама тие вработените во Зегин обзир немаат кога ги нудат работите што се нивен увоз (ваљда процент некој зимаат за тоа). Уреду е значи, 1 серија од 1 млеко беше повлечена, не е само Холе млеко во државава. Инаку да, некако многу ти е тоа млеко за навечер, може да пие пред спиење или сабајле, ама 2 3 пати во ноќ е премногу и за многу помало бебе, а не 16 месеци, многу веројатно и од навика да станува за млеко, а затоа и да не јаде, зачаран круг е тоа..
Верувај дека жива ненаспиена сум, секоја вечер е проследена со нишкање по 2-3 часа, а и она време што го спие е нонстоп со кинкање и заплачување. Некогаш продолжува со цуцлата. Сега во последниот период жмие и вреска колку плаче не дава некогаш да ја пипнеш. Па после се смирува во раце, ама таман ќе ја ставам во креветче ете ти ја одма станува. И маж ми не ме веруваше, ама кога дојде од странство осети на своја кожа како е. Инаку јас не давам ништо меѓу оброк, освен овошје кога сака. Со сила да ја ранам секако неможам, врти глава и вика некам. Од мала и правев домашни каши и јадеше, кога почнав манџички едвај 5 лажички и несака. Супа единствено и тоа домашна со пилешко и кисело млеко со леб и е омилено. Нејсе ќе се потрудам да биде пиење млеко само пред спиење, колку ќе биде успешно ќе видиме. Фала на советите.
И јас мислам така, бидејќи упорно го нудат. Претходно не сакаше друго млеко да ми прифати и сега баш се израдував за ова дека немаше проблем. Сите околу мене ми велат да земам тетрапак млеко и такво да давам. Јасно ми е дека е многу, ќе се потрудам ако може да намали ама раце од нишкање ќе ми отпаднат сигурно.
Не би давала тетрапак млеко да пие. Не го нишкај, големо е. Лежи до него и ќе заспие, барем син ми така почна да заспива и преспива. Откако го одбив од доење, се будеше и му нудев вода, после ја батали водата и не се ни будеше. Пробај, може да се изненадиш.
Здраво, Користам млеко аптамил цезар биотик ама после сите објави што ги изначитав страв ми е да продолжам на бебињата да им го давам ( имаат 3 месеци ). Дали имате сменето млеко и од кое сте задоволни што нема да им прави грчеви?
И ние поради таа причина после 7 ипол месеци користење на Аптамил Го сменивме преминавме на хип еве веќе 4дена пие во помала количина од Аптамил пиеше по 180 од ова многу помалку 100-150
Аптамил серијата од АР 2 е повлечена од продажба, останатите производи нивни се океј, така ми кажаа во аптека. Сепак и јас сменив на Хипп 3ка и не го сака и не пие баш. Се вратив на Аптамил пак по ова одбивање.
Дајте предлог за ад кое не мириса, ми треба за во каши, зедов Холе ама луѓе стварно лошо мириса. Мислев дека е до мене ама и мм истото го рече. Во рок е се, не мириса на расипано, но мириса тешко. Дали хип е поокеј? Аптамил нејќам.
Бебелан моето пие, нема некој мирис и на вкус е баш убаво, за разлика од Хип( и тоа го има пиено) има по специфичен вкус и мирис е сега новата формула не знам каква им е.
Фала ти ќе го пробаме, супер што нема интензивен мирис зошто мојава е гадлива многу и храна пребира. Од кај го земаш, дали има помали паковања?
Оваа на Новалак исто е Ок мириса на ванила. Холе и јас вчера дадов кравјо ептен мириса, а козјото па бетер.
Дај кажете повеќе за бебелан како го прифаќаат бебињата ние сме скоро накај 8 месеци Аптамил многу убаво го пиеше но се префрливме на хип но не го пие баш.... Дали повеќе би го прифатиле хип или бебелан искуство споделете