Мене сабајле братучетка што работи во аптека ми се јави да ми каже дека одредени серии од аптамил пронутра 1 и 2 доброволно ги повлекле од аптеките. Внуката од братми пие аптамил 2 и ми се јави да ме извести чисто да знаат они.. е сега што точно им значи тоа доброволно не знам ама им било кажано одма да ги тргнат од рафт
Сестра ми работи во аптека ми се јави денеска само да проверам датумот.Ги повлекуваат 2026 год Аптамил 1 и 2 пронутра.
Многу е безобразно да повлекуваат со рок 2026 кога сите кутии што ги купивме последниов период се со рок 2027, значи спорниве се веќе испиени
Незнам што да кажам се јавив кај педијатарот рече смени.Еве денеска на Новалак земав 2јка да видам дали ќе го пие.
Дали има врска што на бебе старо 6+2 месеци сеуште му давам Аптамил цезаре 1? Искрено од ситуацијата со Аптамил ми е шубе да му дадам Аптамил пронутра 2. Ја купив кутијата и еве до мене е. Лотот не е на на оние кои се повлекуваат. Наредната недела сме на педиатар па ќе прашам ама ако имате мислење и искуство добродојдено ми е.
Користев аптамил пронутра 2, со оглед на ситуацијава планирам да го сменам со бебелан. Некој што користи бебелан 2ка да ми каже кое треба да го земам, ако може и слика.
По препорака на педијатар од пронутра 2 сменивме на хип, ми рече хип или бебелан па викам да пробаме со ова прво дали ќе го прифати. Пронутрата што ми е дома не е од повлечените па планирам да ја дотрошам па да продолжам со хип. Катастрофа со млекава, супер ми го прифати пронутра 2 (претходно бевме на 1 плус доење) и сега сум во грч како ќе го поднесе…
Немам искуство со Хип да ти споредам. Од сам старт пиеше Бебелан и баш онака конзистенција и мирис на стандардно млеко ми имаше. Не и направи никаков проблем а го користевме 2+ години. За споредба зедовме и од Дм еднаш, ни убаво ми се раствораше, ни пак бебе сакаше да го пие. Со мака сме го потрошиле или ноќе да и подметнувам во спиење, а и така се бунеше. Или во млечни каши.
А баш го гледав и од дм ама матичната ми рече не, или хип или бебелан. Мислев не е толку страшно зашто бебо веќе има 3 оброци, не му е примарна формулата, ама изгледа доста е полошо од дм… баш ќе видам хип какво ќе биде, аптамил гадникаво ми беше мене, ама он си го пие без проблем, штета што испаднаа несигурни
На Хип сме од почеток. Еден период кога го менуваа составот и го снема, купував Аптамил Пронутра. Искрено воопшто не бев задоволна. Многу пенави и не ми се мати добро. Секоја препорака за Хип. Синко многу добро ми го прифати и сме немале проблем до сега. Скапичко е да ама веќе сме само на 1 млеко пред спиење. За брзо ќе преминеме и на Хип 3.
Здраво. Дома имаме филтер за вода со реверзна осмоза. Продавачите ми рекоа дека слободно можеме да го приготвуваме адаптираното млеко и кашичките со филтрираната вода,наместо да купуваме. Ве молам за мислење??
Бебето на Аптамил пиеше по 180 мл без проблем, а сега откако сме на Хип, едвај испива 100–150 мл и воопшто не го прифаќа како претходното. Имаме и проблем со тврда столица. Пробавме со исхрана, со пробиотик, но запекот и понатаму се јавува. Имам дома кутија Холе, но се двоумам дали да ја пробам бидејќи не содржи пробиотик (освен Холе А2), па ме плаши да не се влоши состојбата. Затоа размислувам и за Бебелан, но искрено ме е страв од нова промена – да не му направам „узбуна“ и на крај ни едно млеко да не го прифати. Навистина не знам која е најдобрата опција во моментот Затоа ве молам помогнете споделете искуство...
Колкаво е бебето? Имате оброци цврста храна или само млекце? едит: прочитав дека сте пробале со исхрана, можда слива/сокче од слива/водичката каде што се варело? Или круша, тиква, чиа? На моето тоа му помага
Кај мене од старт беше на Бебелан, чисто за проба зедовме еднаш Новалак, еднаш на Дм и не ги пиеше баш нај нај, така да до крај си остана со истото. За тврда столица кога веќе воведовме вкусови и помагаше круша, слива и просо комбинација.
Да секој ден сме на тиква круша слива Избегнувам банана ориз гриз компир морков... 8 месеци уште една недела ќе правиме И стагнира и со килажа ми ослабе бебе незнам што да правам На педијатар бевме ми вика продолжи со хип секако треба помалку млеко да пија не е битно толку млекото