Дали некој е на Хипп млеко и по колку мл и на колку време му дава на своето бебе? Мојава е 5 ипол месеци кога ќе го види шишето вришти нејќе да јаде пробував на 3 саати па на 3,5 па на 4 и исто е, а навечер спие по 7,8 саати и не плаче за јадење дур јас не ја разбудам и не и дадам само тогаш пие нормално без да се буни дур е у фаза на дремка.
По препорака на педијатар за рефлукс ми рече да давам комбинација од новалак 1 и новалак АР, да ги мешам значи во ист сооднос. Воедно менувам од аптамил пронутра1. Многу сум исплашена да не зафркнам со столицата на бебето. Некој вака да правел да сподели искуство и генерално од Новалакот. Фала
Јас сменив сега од Аптамил пронутра 2 на новалак 2.Исто педијатарот кажа да ги мешам неколку дена аптамил со новалак па да преминам целосно на Новалак.Немаме никакви проблеми со столица е сега ние сме и со исхрана.
Јас давав Новалак 1 навечер (2 пати се будеше за млеко), а преку ден АР. Давав така ради столицата, а и дека не повраќаше никогаш навечер, не знам кај вас како е. Иначе можеби и повеќе од АР ни помогна Новалак тотал комфорт. Нас не ни беше дијагностициран рефлукс, немаше ни проблем во качување на тежина ама после секое млеко повраќаше доста, дури и саат два после јадење повраќаше и како вода.
Исто да мешам неколку дена.Ако пие 150мл 4:1 еден ден,следен 3:2 се додека не стигнам 5 дозерки од новото млеко дека од аптамил на новалак менувам.