Ние сме 12+++ и пиеме Хипп 3. Знам дека можам веќе со кравјо ама не сакам сеуште да му давам. Видов адаптираното на бејбилав дека е огромна разлика со хип. Дали сте задоволни? Некако многу поефтино е.
Другарка израсна дете со на бејбилов млекото. Јас почнав со тоа, ама го снема. За сега со три оброци ако ти има бебе, таман ти е.
Нема рок да го дадеш на некој да го искористи? Ако нема може би го земала и цело - и кутијата може да се искористи хаха Не ме носи многу пат натаму, како да се организираме?
Ако не најдеш во карпош јас сум во аеродром и имам неколку во пон ќе сум во канцеларија неколку саати во тафталиџе ако ти одговара за поблиску
Пишував овде дека му сменив Новалак 1 со Новалак Ар, ги мешам. Дете многу гасови има и кака густо. Некој со вакво искуство, може не му одговара млекото нз
Син ми е на 3ка Хип Комбиотик, пие 2х150 мл како што е упатството. Сменивме 2-3 ден пред роденденот, малку беше во шок (поготово за заспивање на почетокот) ама се навикна. Во градинка не му даваат млеко, ама дома пред тоа знаеше да се напие за викенд пред дремка ама со 3ка исфрливме и тоа. Мада од старт пиеше максимум 5 шишиња млеко во 24ч и тоа најмногу по 180мл, многу рано почна цела ноќ да ја преспива.
Пак јас И моево така какаше и заради тоа најмногу му го сменав со тотал комфорт. Инаку си какаше редовно ама како со напрегање и така густо, а и не ни помагаше баш многу против повраќање
Давај му бејбилав топ е млекото, е сега не знам 3-та како е оти ние користиме пре, тоа најмногу го фалат и најлесно е за меше. Штом сте на три оброци немај гајле, давај му бејбилав
Се мислам и јас за тоа млеко, ама да не му дојде многу промена. Пред две недели му сменив. Ама баш така се напрега и сабајле имаше какано како топче, значи воопшто не е океј конзистенцијата. Како си задоволна од тотал комфор?
Позадоволна од Новалак 1 и од АР, бидејќи помалку повраќа, полесно се меша, пак се кака со напрегање (не плачи ни ништо, само едно смешно фацуле прави, но матичната ми рече нормално е и не е ништо страшно)
Ние бевме на Holle до 11 месеци и после се префрливме на dm Bio 3, супер е, поефтино е, ама бебе супер си го прифати. Претходно имавме земено babylove 3, едвај го испи малата, сосема друг состав и текстура, целото грутки беше. Сега ова го пие:
Здраво мајки, моето бебе вчера наполни 5 месеци. Килажата му е 5500, родено е 2600. Она што ме загрижува е што последниве три недели многу малку има качено на тежина. Последно бевме на педијатар на 5 февруари и тогаш беше 5250, но вчера на вакцина точно по 21 ден беше само 5500, за три недели качило само 250 гр. Секогаш пие различно и вкупниот внес во 24часа е околу 600 мл некогаш повеќе, некогаш помалку. Многу сум загрижена, ве молам за совет
Од 4ти месец помалку качуваат на килажа за разлика од првите три месеци, според килажата треба да внесува некаде 800мл млеко ако е на адаптирано и без цврст оброк. Дали полни пелени, дали е расположено, активно, спие??
Имај на ум исто дека и вагите на 2те места се различни, може различни резултати да кажуваат. Плус дали исто го мереле (со/без боди, со/без пелена). И не се грижи премногу за килжата ако бебе полни пелени, е активно и весело
Да, расположено си е. Почнавме со вкусови пред две недели, но сеуште нема цел оброк. Не пие 800 мл затоа ме загрижува, пие околу 600-650, некогаш ретко стигнува до 700мл