Адаптирано млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 12 јануари 2013.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    18.218
    Пол:
    Женски
    И кај мене пие 600мл, но сме со еден цврст оброк 180-200гр, за еден месец качи 450гр. Ако си е активно бебето, весело, полни пелени нема простор за грижи.
     
  2. Bebce ❤️❤️❤️

    Bebce ❤️❤️❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2021
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    И овде да прашам за совет моето бебе е 4 месеци но многу повраќа значи во млазови до пред 1 месец беше на доење внимавав што дајам но немаше промени последниот месец снемав млеко и почнавме само со адаптирано додека го доев имаше и 1-2 оброка адаптирано холи А2 му давав повраќаше му сменив на аптамил исто беше па и ова што се случи со него го сменив на холи обичното што е и повторно повраќаше во млазови а и слабо каќуваше на килажа за 1 месец само 400 грама сега откако е само на АД почнав до новалак ар дигест+ со препорака од педијатар за еден месец ми качи 800 грама но повраќањето и од тоа млеко не се намали исто е од хранење до хранење цело бреме повраќа и со првото имав ваков проблем но со ар формула се среди не сум менивала млеко сега сакам да орашам дали смеам да земам без лактоза без да правам испитувања да видам дали ке има промена можеби има интолеранција на лактоза па затоа повраќањето не се намалува… секој совет е добредојден
     
  3. StrawberryBliss

    StrawberryBliss Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2026
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Прво и најбитно, консултирајте се со добар педијатар. Второ, знаете дека рефлукс е нормална појава кај толку мали бебиња, но ако е во млазови и не напредува, мора да се открие причината. Би рекла да не му менувате нон стоп формули различни, многу им се осетливи стомачињата. Толку повраќање мене ми личи на или нетолеранција на лактоза или на алергија на кравји протеин а сите АД формули се базирани на кравјо млеко нели (освен тие на база на козјо млеко)... Секако јас не сум доктор така да најпрво консултирајте се со педијатар и ако е потребно да се испитаат нетолеранции, испитајте, тоа ќе ви олесни на сите, а на своја рака уште едно ново млеко да смените, не би препорачала, сепак вие си знаете... Искрено ние тука на форум не можеме многу да ви помогнеме, треба да се открие коренот на проблемот.
     
    На WonkaMonkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MysticAura

    MysticAura Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2024
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Како смирувате икање кај бебенца од 2 месеци?
     
  5. bgirl6666

    bgirl6666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    може ли да ми кажете како го правите адаптираното млеко ? прашувам стриктно за процедурата, прво ја вриете водата, колку жешка како што?
     
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.398
    Допаѓања:
    9.099
    Пол:
    Женски
    На почетокот ја вриев пресна тогаш, ставав вода во шише, па млеко, мешав и ладев под млаз вода.
    Во принцип е 30мл вода, 1 мерица од млекото основна мерка ама сепак на кутијата провери за сигурно.

    Потоа почнав да чувам вода зовриена/жешка во термос, па да мешам и по потреба ладам исто под млаз вода.

    Е веќе после година знаев и со млака вода да промешам, немаше мака, ама на почетокот строго со жешка/зовриена.
     
    На bgirl6666 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bgirl6666

    bgirl6666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    ако купам и специјална бебешка вода исто треба да ја вријам?
     
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.398
    Допаѓања:
    9.099
    Пол:
    Женски
    Ние 2-3 пати купивме Бебелан и после тоа Ладна цело време. Во принцип на почетокот секоја ја вриев.
    Бебешката мислам може и без вриење
     
  9. Spongy

    Spongy Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    На почеток во превриена вода, па да се излади малку, па стававме формула. Сега веќе не ја превриваме, користиме Јана вода, пишува и на неа дека е добра за новороденчиња, и си купивме бејби бреза за да ја раствора
     
    На bgirl6666 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WonkaMonkaa

    WonkaMonkaa Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2024
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    На почетокото топлев вода на точно 40° во посебно ѓезве и зависи од тоа колку мл. треба да пие бебка толку лажички од формулата ставав во шишето, потоа почнав да топлам повеќе вода и да ја чувам во термос и кога требаше да и спремам формула на бебка мешав од топлата и од ладна вода ( пак на 40° и додавав формула) ако користиш вода препорачана за бебиња доволно е да ја стоплиш немора да ја зовриваш. Но ако е отворено шишето повеќе од два дена треба да се зоврие и таа. Ако користиш друга вода препорачано е да се зоврие. Идеална температура на веќе спремна формула за пиење е 37°.. позз
     

    Прикачени фајлови:

    На MysticAura и bgirl6666 им се допаѓа ова.
  11. SimV

    SimV Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2025
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Јас ја користам бебшката вода на nera kritis (ја има во Зегин 51ден). Во посебно ѓезве само ја топлам никогаш не ја зовривам и во шишето ставам онолку дозерки колку што треба да пијат млеко. За навечер топлам вода и ставам во термос.
     
    На MysticAura му/ѝ се допаѓа ова.
  12. beachedd

    beachedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Додека беше бебе користев Бебелан или Нера со мече од Зегин и никогаш не ја превриваав.
    Пред годината сменив му давам Роса и за млеко и за пиење и не ја вриев ни нејзе.
     
    На bgirl6666 му/ѝ се допаѓа ова.