Баш ме зачуди тоа, на Hipp-от експлицитно пишува 3 недели. А на ладно освен во фрижидер немам опција во стан - претопло е. Не знам дали смеам во фрижидер.
4 е аптамил, ама пакувањата се од 800 грама на обичните млека, така да уште полошо. А холе и хип има користено, 3 недели. Имаш мало пакување хип 300 грама, тоа е најоптимално, другиве се по 400.
epa ako pisuva 3 nedeli maksimum tolku, jas imam bebelan i kaj mene pisuva 4 nedeli, isto i jas ne mu davam, mnogu retko, jas go cuvam vo ladna soba, za vo frizider mislam ne, vidi vo regal da ne e poladno nesto neznam
Здраво,ќерка ми е стара 8 месеци. Од раѓање пие Аптамил Цезар биотик и до сега немало никаков проблем . Пред три дена наеднаш разви секрет и навечер многу кашла. Носена на лекар,црвено грло и покачени вредностите во крвта,освен инхалации со физиолошки немаме др терапија. Докторката ме советува да престанам со давање на Аптамил,бидејќи се сомнева на алергија на кравји протеин и ми предлага да смениме млеко од коза на Холе. Бебево воопшто не го прифати млекото. Прашањето ми е ,како може 8 месеци ништо да нема и сега да е алергија на кравјо во прашање? Прогуглав и не се препорачува козјо млеко бидејќи протеините по структура им се слични . Исто,бебево има и атопичен дерматит од раѓање,сува кожа...искрено не сакам да го менувам млекото затоа што си го сака и супер си напредува.
Ве молам кажете ми дали Hipp organic combiotic може да го растварате со Дестилирана вода. А исто така прашање ми дали млекото го растварате во ладна вода па потоа го загревање за пиење или обратно
Јас користев Бебелан и Нера од Зегин ( таа со мече) скоро до годината, потоа почнав Роса. Инаку прво загревам вода (до млака кон топла) па растварам млеко.б Летото сум му давала и со ладна, мислам на собна температура преку ден кога имаше повеќе оброци млеко.
Не со дестилирана, неа ја користам за стерилизирање. За млеко користам бебелан, ја превривам иако пишува дека нема потреба. Прво топлам вода, па го ставам млекото
бебе двеипол месеци на адаптирано млеко, по килажа треба да јаде по 90 мл на оброк. периодов некогаш јаде 90 но многу често јаде по 50 или 60 мл. нема грчеви, полни доволно пелени ама поретко бара да јаде и помалку количински. дали некој има вакво искуство?
Од кое млеко даваш? Ме чудиш затоа што хип и аптамил 90мл пишува доза за од 4та недела бебе дека треба да пие. Моето уште нема 1м пие 70мл...
давам хипп комбиотик ама моето се роди 2,400 гр. сега е 4,500 и според педијатарот треба килажата да ја множам со 20 за да одредам која доза одговара и по тоа се водам а до сега и одговараше тоа, си пиеше толку колку што ќе пресметав според килажа
Јас вака знам килажата х 150мл се зема за ад млеко и добиваш вкупно пр кај вас 4.5×150 дневна доза ти е 675 ја делиш на 7 оброци ако пие на 3 часа тоа е околу 96мл оброк. И моето се роди пониска килажа пиеше аптамил пре, сега исто пие хип комбиотик формула 3800кг пие 70мл-80мл на 3 часа. Ако си напредува веројатно е ок секое бебе различно
да, или се множи со 150 или со 20, и твоето ако помножиш со 20 одговара на тоа колку пие. мене ми е полесно да множам по 20 затоа што не бара на секои три часа, на почетокот беше така ама сега некогаш бара на 3 часа некогаш на 4 а навечер се случува да сврзе сон и по 5 часа па и варира бројот на оброци во текот на денот. до сега си качува дневно по 30 гр и педијатарот е задоволен, само деновиве нешто почна да менува па ќе видиме дали и е период
Zdravo, bebeto beshe na doenje sega poradi rabota treba da pochneme so adaptirano. Kupiv hip combiotic 2 no ne go saka Dali nekoj imal vakov problem
Моето бебе е старо 4 месеци и првите 3 месеци беше на мајчино млеко но поради количината доволна што ја немам мораше да се префрлиме на плус дохрана. За старт ја користевме хип комбиотик, но ни се појави запек и педијатарката ни предложи новалак ит - специјална за запек. Дополнително да користиме и новалак 1. Бебето константно ја избегнува новалак 1, ја плука, се врти наназад. И сега користам само мајчино кога ќе соберам доволно за оброк и новалак ит. Дали имала некоја мајка слично искуство?
Здраво, бебето ми е 8месеци и јас почнав на работа. Сакам да воведам и адаптирано додека не сум дома, барем едно шишенце да испие, да не е само на храна дека му ствара запек малку. Препорачајте ми адаптирано млеко ... И шише исто така. Имам пробано со Бејбилав но не го сакаше, а и шише одбива...
Феминки, не можам да најдам во темава, сигурно има погоре.. До кој месец се преврива вода за АД млеко? И ако не превривате, од која вода ставате за да го направите? Во петок сме на контрола, ќе прашам и педијатар но би сакала и ваше мислење и искуство.
До 6м купував бебелан вода и бебелан млеко потоа горска вода бенелан млеко еве 20м сме. Водата ми стои загреана/стоплена на 40 степени во бокал од шаоми, мешам-давам да пие без чекање без нервози неможам да замислам без бокалов