Дали има некој диспензер каде што може да се чува ад кога сме излезени, да не го чувам во ќесичка (пример механизам на цедевита шишињата, нормално да не е за една употреба)..
Можеш така да правиш како што напиша. Јас по неколку месеци исто почнав да топлам и да ја чувам водата во термос и кога ќе побарам млеко мешав вода од термосот и ладна од шише до посакуваната температура. Најдобро земи си и диспензер за да си имаш и формула измерено колку точно лажички ти се потребни.
Искрено не би ти препорачала такви пластични што се претходно од некој друг поизвод. Види можеби има во DM, и најдобро да се BPA free
и јас, една превриена вода ставам во термос а друга превриена вода во стаклено шише за да се излади и кога подготвувам ги мешам
Се додека пиеше млеко навечер, а и за искачање, во термос ставав вода како за млеко спремна, мааалце потопла. И кога требало само ставав колку треба, спремни дозерки млеко и за 30 сек беше готово.
А ад каде чувавте? Повеќе ми беше да не го носам во ќеса и да импровизирам. Иначе пластика дефинитивно не е опција за шишенце, користам стаклено на Tommee tippee
ќе си земеш дозерки има во дм, локо кроко.. не знам колку мл ти е шишенцето, и јас мислев ќе користам стакло цело време и дека пластика не е опција па сега кога треба да ставам 180 мл во стакло, тежи шишето, бебе го бута со рачиња, или ќе се повреди или ќе се скрши, се префрлив на пластично филипс
Дали некој користел baby breeza автомат за ад млеко? Ми изгледа многу практично па се мислам дали да дадам 200€. Можеби има и на др. фирми не сум видела. Се спремаме за второ бебе, доењето првиот пат ми беше мачно па со сета грижа на совест ќе давам адаптирано па гледам да си ја олеснам скроз работата со оглед на тоа дека немам помош никаква, а првото ми е школарец па му треба екстра внимание и него.
Да јас го користам подобра работа нема од ова. Работи како апаратите за кафе. Истураш млеко, ставаш вода и стискаш копче. Кој спас е, невиден. Инаку на 4 пиења има еден фунел се вади, поминува со бебешки сјај, се брише и се враќа назад. Што те интересира поконкретно?
Не треба сигурно да превриваш вода туку директно од шише истураш? Колку време го имаш? Прочитав негде коментари дека брзо се расипувал, а не е баш ефтин. Лесен е за чистење? Веројатно ќе го купам.. посебно за навечер, ќе си го носам со мене во спална
На почеток превривав, па ја ладев. После прекинав и сега истурам директно, апаратот ми е нон стоп уклучен и водата е загреана за пиење за бебе. Ниту загреваш ниту ладиш. Откако ќе се направи млекото единствено треба добро да се измеша за да не останат грутки формула. Веќе 3мес го користам. Целосно чистење прави мм не знам точно да ти кажам, знам со оцет го поминува, го прочистува ама се' тоа го има во упатството. Имаат и онлајн страна каде го внесуваш бар кодот од млекото и ти дава кој setting да го ставиш. Funnelot делчето не знам како е на мк, единствено тој се мие и пребришува на 4 пиења. И јас на пример пред спиење и да не ми бара машината го мијам, за да не ми светне во 3 сабајле Значи самата машина има индикатори за вода кога ќе фали, за чистење, како и диспанзерот за формула кажува до каде да се полни... лесен е за користење, за ноќе е спас дефинитивно, а и за дење. Јас само тоа го користам, единствено надвор сум му правела.
На топлово ставате формула во фрижидер? Јас до сега надвор чував ама не знам за од сега, некако жешко ми е..
Ако мислиш на оригиналното пакување во прав (Бебелан користевме во лимена кутија си е) никогаш не сум ставила во фрижидер.
Здраво мамички Малава е 4 месеци, ја дојам но и на дохрана е Преку ден од дохрана јаде по 60мл и воглавно денот е ноќ а ноќта е ден и ноќта бара повеќе дохрана. Колку мл се дава дохрана на 4 месеци бебе како е дозирањето, ве молам совет, 5.5кг е. ( преку ден цица и дохрана од 60 и си спие нема плачки смирена е, а вечерта бара многу количински, од педијатар последно пред месец беше кажано доење + 60мл е доволно но малава е гладна и и додавав дури не прекине и се смири, за да не биде додавање барам совет по колку мл ).