Па дај 90, 4 месеци е големко. Мада килажава е помала, ама мислам 90 не е проблем да дадеш. Види, за ова педијатар не може да ти каже точно зошто секое бебе е различно. Ама ризикуваш да намали со цицање да знаеш. Мојот од 4 така почна со скокот, на 6 се одби од цицање.
Родена е 2600 Форсирам доење иако нели полесно е шише ама не се откажувам и ден и ноќ прво доење после шише. Фала за споделеното искуство. Секако и со педијатар пак на следна контрола ќе прашам но и секое искуство ми е добредојдено баш затоа што секое дете е различно.
Koristime baby brezza, prezadovolni sme, veke 4 meseci, go zemavme od grcija i tax free zemavme izleze okolu 260 evra, prava stvar
Мајки, бебето е исфрлено на образите. Мачкам крема биодерма за атопична го смирува. Педијатарот го виде на слика и ми рече да сменам хипоалергено млеко. Пробав да му дадам ич не го прифаќа на хип па и такво реткое одма проливи му изнаправи и пак продолжив со хип обичното. Не ми оди никако дека има алергија на кравји протеин зар само симптомот ќе се образите? И тоа левиот на кој што спие, пика прсти се лигави... десниот му е малтене исчистен. Некој со искуство да ми каже ? Или да го носам на кожно? Го прашав педијатарот за кожно одма рече не треба да одиш. Ме нервира што од слика ми менува млека...
немам искуство да споделам со млекото, ние сме на хип комбиотик од раѓање, ама и моево се исфрла и по мое мислам дека е од жешкото, плус што пика се во уста и се лигави цело време и баш исто само на еден образ. по мое не треба да менуваш млеко одма, следи ја ситуацијата, миј му го лицето на бебето само со вода почесто во денот..
Аптамил цезар биотик или аптамил пронутра? Читав некои бебушки имале гасови од аптамил цезар..Моето е иначе родено со царски рез затоа сакав да земам аптамил цезар биотик.
Јас користев цезар биотик исто сум царски породена ама одкако излегоа сите гласини за Аптамил го сменив за Хип.
После неколку различни формули почнав да давам Аптамил Пронатура Пре, ја прифати одлично. Немаше гасови, немаше грутки од формулата во шишето. Потоа ја повлекоја од продажба да сменивме на Цезар. Исто така одлично ја прифати без гасови и без грутки.. Искрено јас не забележав никаква промена и со двете формули. Аптамил Цесар е понова формула со комбинација на пребиотици и постбиотици. Аптамил Пронатура содржи пребиотици и DHA, но е постара генерација на формулата.
дали имаше причина за да се направи промена или затоа што 2ката е од 6 месеци? и дали имаше некакви промени во смисол да го јаде повеќе или да не го јаде? моево последниве неколку недели јаде многу слабо па се мислам дали да сменам друго млеко или да сменам во 2ка.. педијатарот ништо не ми нуди опција во врска со млекото, само додава оброци..
Затоа што е од 6 месеци. Исто пиеше, освен кога е во скок. Тогаш знаеше да ми одбива чат пат или помалку да пие. Големко е не би требало да го отсака сега млекото. Може е скок па ќе помине. Моево не сака без мене иако ад млеко, тргнав на работа. Оди натерај го да пие, цел ден е без млеко, и ние ужинка му даваме .
Здраво мајки поради тежок рефлукс ни дадоа ар формула. Пие од нук шише и протокот е м 3+ ама со ар тешко му оди се мачи а ништо не му тече.. Да земам цуцла со побрз проток?
Здраво мајки, Бебе има речеси 7 ипол месеци и едвај пие млеко. Пие некаде околу 500мл на ден ама се во полусон, што би се рекло со лажење. Вака е веќе речиси 2 месеци. Имаме два цврсти оброци и тие ги прифаќа добро за сега, ама млеко тешко… Сте имале слично искуство?