Колку често и количински многу? Ако е бљуцкање по малку не е ништо нормално е. Преткаат плус не им е се убаво развиено па си излегува. Еве го мојот сеуште бљуцка повремено
Знам дека имавте проблеми со столица при промена на млекото. Јас на почеток давав обичен аптамил и многу ми пенеше. Педијатарот ми го препорача хумана, ама свесна сум како препорачуваат тие Имам уште месец дена. По се изгледа ќе се оди Грција еднаш месечно
Мајки има ли некоја искуство со хипоалерген аптамил 1? Педијатарот ни препорача обичниот аптамил да го замениме со овој заради појава на атопичен дерматит и сомневање дека бебуш е алергичен на кравји протеини... други симптоми за ваква алергија немам забележано и затоа сум во недоумица дали да променам млеко... да не се одрази на дигестијата,на столицата...
Да прашам за хип комбиотикот 1, до кој месец се користи и кога се продолжува со 2ката? Го пиеме комбиотикот и сме задоволни, земав аптамил да пробам ама многу пена правеше па се вратив на комбиотик, некако не ми се допадна аптамилот а и бебе слабо го прифати. И за 2ката комбиотик вистина е тоа?
Хмм немам искуство и не знам за каква лоша серија се работи. Мм го пратив и каков аптамил му дале таков пиевме а од кај да го купам аптамилот и како да го препознаам аптамилот што не е од лоша серија ?
Nema vekje od toj. Seriskiot broj zavrsuvase so 535 cinam. Od kade ti odgovara od tamu kupi si. Nie do 6m bevme na combiotic ama od aptamil sum pozadovolna
Затоа мене ми беше чудно, знам аптамилот сите го фалат.. како и да е ќе продолжам со комбиотик, скептична сум за константно менување на млеко, па за понатака ќе видиме. Фала ти
Имам едно прашање до сите кои што не дојат туку даваат адаптирано млеко. Моево цело време сака да е на цицка, колку и да е нервозно, да плаче, да пишти, на цицка веднаш се смирува. Па сега ме интересира на пример доколку снемам млеко еве и се префрлиме само на адаптирано млеко како би го смирила? Прашањево ми е за секој случај.
Јас сум од незадоволните од Аптамил, дури и 10 столици дневно. Прејдов на хумана, одлично, сега сме на тројка, секаде е добро оценета и е едно од најстарите млека на пазарот.
Кога плаче се смирува само на цицка. Не дека е гладно. Повраќа и пак сака да цица. Заспива само на цицка. Се плашам да не ми прекине од стрес и нервоза па затоа сакам да се информирам.
Мајки треба да донесам одлука за брзо веме и сум во дилема со какво млеко да продолжам после годинка. Се мислам меѓу овие опции: 1.козјо млеко на холе (тоа што е во порав) 2.козјо млеко пресно па јас да го варам и да му давам 3.пресно кравјо (да го варам и после за почеток да го разредувам во вода) 4.да продолжам со хипп комбиотик 3 Која е најздрава варијанта, не ме интересира најефтина варијанта само најпогодна за дете Знам само дека тетрапак нема да давам. И да напоменам дека пие 4-5 во денот хипп по 180 мл. А исто имаме и 3 цврсти оброка. Незнам зошто многу сака да пие млеко и да е јаден пред попладневни дремки и навечер пред легнување не заспива без шише.
Многу млеко е тоа за бебе. Кога веќе има три цврсти оброци и јаде убаво, млеко треба да внесува најмногу до 500мл во 24 часа. Сосема доволно е, во спротивно, може да предизвика анемија. Во однос на прашањето, јас на твое место би продолжила со адаптирано барем до година и пол, бидејќи содржи железо, за разлика од другите. А после со козјо млеко.
Кога ќе сака млеко преку ден, нуди го со овошје на парченца, како ужинка. Млекото пред спиење не му го крати сега, ама и тоа ќе мораш, поради забите. Со тек на време би требало да намали со млеко самиот, во спротивно, ќе намали на цврста храна, оти млекото прилично заситува.
Мојата се роди 3350,сега сме 3 месеци и тежи 5450 што значи за еден месец се поправила само 350 гр,на 2 месеци беше 5100,докторката рече можам да ја дохранувам но не рече обавезно,што мислите вие дали ни треба дохрана,малку се загрижив