Адаптирано млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 12 јануари 2013.

  1. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Искрено многу малку има качено, мое мислење дај да цица и додади ад. Толку малку е прифатливо да качуваат после 6 7 м
     
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.602
    Допаѓања:
    76.833
    Пол:
    Женски
    Мајче ако тебе ти изгледа слабичка дај и дохрана, мада овде има доста искуства со мајки кои само доеле и така почетните месеци некој месец вака помалку качиле, секогаш ја давам за пример @Kaetana на неа девојчето првиот месец многу малку и има ставено, а сепак не посегна по ад и си доеше без проблем понатака. Колку често ти цица? Во висина колку е порасната овие месеци?
     
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Навистина 350г е потпросечно, но затоа пак првите 2 месеци качила 1750г што е повеќе од супер. Да не е можеби била нешто болничка овој месец, да не сте имале интензивен скок во развој кога е одбивала да цица... или некоја било каква промена која би довела до оваа ситуација?
    Јас би продолжила само со цицање и после 2 недели би ја одвела повторно на контрола за да се види колку напреднала, ако и тогаш резултатот е слаб би размислила за дохрана.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Па искрено не изгледа слабичка,а и не ни плаче нели ако е гладна ке плаче бар ја така мислам,си цица преку ден на 2-3 саати зависи а навечер само еднаш ке заспие накај 9-10 и спие цела ноќ до кај 8-9,ама и давам само еднаш да цица во текот на ноќта,а првите 2 месеци 2 пати цицаше навечер,а во висина е 49,градите ми се меки ама кога ке стиснам прска млеко,незнам стварно ке продолжам да ја дојам без ад па ке видиме како ке напредува
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Само со носето имавме проблем и ставав спрејче и со пумпица и вадев мрсулчиња,ама не одбиваше да цица,што знам се чудам зашо толку малку качи,првата ќерка на 3 месеци имаше 6500 кг и очекував бар до кај 6 кг да има,ајде ке видиме ке одиме пак за две недели па ке решам шо да праам,фала ви мајки
     
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @MiAmor ние имавме мака на почетокот со качувањето. Првиот месец качи малку, а потоа качуваше просечно по 600 грама месечно. Не сите деца качуваат исто.

    Зачести подои, нуди многу почесто од обично. Скрати од чаеви ако даваш и замени со подој. Може е нешто моментално. Обавезно контролирај после 2 недели максимум. Чисто да си мирна и да имаш увид како оди работата. Дали е мерена на иста вага? И тоа е важно.
    Гледај ги и пелените - дали се полни. Ќе видиш како ќе е после недела - две. Па тогаш ќе си посигурна што е работата.
    Иако верувам дека ќе си биде супер со напредокот.
     
    На Rabbit, MiAmor, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Многу ме иритира ставот како ад да е отров. Не знам зошто таков став од мајки кои доеле. На новите им се прави грижа на совест на место каде што нема простор за тоа. Гладно бебе е лошо, а не најадено и здраво.
     
    На BoaVista, HappyMom86, Grungie и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Зошто бе мајка да те иритира нечие лично мислење и тоа на личност од форум што не ја ни познаваш? Дајте барем овде да не се препукуваме за едни те исти работи како по групите на ФБ.
    Си побара членката мислење, и одговорив како јас би постапила (и сум постапила) во слична ситуација, ти си даде свое мислење, нејзино е да одлучи. ;)
     
    На Kaetana, Annath, Rabbit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Коментарот не беше конкретен кон членка туку општо за сите. Затоа што сите така викаат, а не треба така. АД не е отров.
    Тоа е исто како јас да наметнувам мое мислење дека доење е лошо и отровно затоа што јас така мислам.
    Далеку е ова од групине на фб не ни мислам да се карам нити ми беше намерата. Искажав мислење и став
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.401
    Пол:
    Женски
    Јас бидејќи имав капка млеко не се откажав и тоа да му го давам,ама на секој коментар зошто не го доиш душата ме болеше .Порасна со АД,здрав прав.Јас неможев да спијам долго време со помислата дека сум помалку мајка бидејќи не дојам и го трујам.Така да,не е лошо да се воздржат сите од такви коментари.
    Секоја мајка сака да дои и да го искуси мајчинството во права смисла.Ама не секоја може.
     
    На Petra777, BoaVista, LadyC и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    46.221
    Пол:
    Женски
    Сите знаеме дека мајчиното млеко е најдобро и незаменливо со ниедно друго млеко. Тоа е факт.
    За тоа секогаш прво што се прави е се поттикнува на секој можен начин мајката да може што подолго да го дои своето дете.
    Ако од било која причина е спречено доењето тогаш се дава АД. Никој не рече дека АД е отров, но секогаш на прво место и приоритет ќе биде доењето и мајчиното млеко.
     
    На TutiFuti, sunmoonstars, Emana и 8 други им се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.602
    Допаѓања:
    76.833
    Пол:
    Женски
    Ама никој така строго не рече дека Ад е отров, не е отров. Има мајки од милион причини кои не дојат или комбинирано даваат и ад. Да морам и јас некогаш да давам, ке давам. Дури неможам и ништо да и речам на мајка која едноставно не сакала да дои, сакала само да дава Ад, нејзин избор. Но секогаш ке поддржувам мајка која сака само да дои. Едноставно само поддршка и дадовме на мајката...
     
    На Rabbit, Kaetana, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Лично промовирам поддршка за доењето (не доење!) на мајки на кои им е потребна.
    Не осудувам ниту една мајка која дала АД од било која причина, освен од немање доволно поддршка. И тоа не ја осудувам мајката туку институциите, заостанатоста, егото кое е поголемо од желбата да се научи нешто ново.

    Ништо нема страшно во АД. Измислено е да е спас. Но не да е средство за некој да профитира од истото по секоја цена.

    Дали е АД или мајчино молзено, подеднакво го загрозуваат доењето заради методот на хранење со шише.

    И не смее ниту една мајка да се осудува за таква работа. Мене ми е криво само што има меѓу нас мајки кои се осудуваат себе си, а за неуспешното доење се понајмалку тие криви.

    Не видов никој тука особено во оваа тема да спомна дека АД е отров. Затоа ве молам или децидно изјаснете се... или држете се до темата.
     
    На BoaVista, sunmoonstars, joy1 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Јас никого не цитирав и убаво се изјаснив. Општо зборам за сите кои се строго против ад како да е отров и се строго против него. Нема што повеќе да се објаснувам бев доволно јасна.
    Нема потреба да се чуствувате навредени.
    Освен ако не е полемика нема потреба да ме цитирате.
     
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Никој лошо не мислеше со тоа што те цитираше. Бапка не секогаш се цитира некој само за полемика. Јас се надоврзав на твоето мислење и си дадов мое.
    И двете се офф топик.
    Муабетот ми беше за општи мислења има тема АД или тема Доење. Тука не се дава општо мислење за доење или АД без при тоа да е наменето за некој.

    Сфаќам дека не си мислела да навредиш некој - само ти давам образложение зошто те цитирале луѓе и зошто се пронашле повикани. Без да шириме понатаму офф и да полемизираме беспотребно. :)
     
    На Lolipop23, mariz и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  16. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.246
    Допаѓања:
    148.705
    Пол:
    Женски
    Ете јас ќе кажам за мене. Јас мислев дека дојам и детето еден месец ми беше форсирано да цица и млеко немав, џабе беше. Откако бев на контрола и ми укажаа дека мн малку качил, јас одма ад почнав да давам. Не е само форсирај да цица ако нема што. Значи немаше кај мене колку и да давав само да цица, после и пиев антибиотик повеќе од две недели и се си зема замав без млеко да останам. Здрав и прав е и фала богу што има ад. Не секоја има млеко кога ќе се породи и не секоја може да дои од различни причини.
     
    На wannaBeMomma и MamacitaBuena им се допаѓа ова.
  17. Ivancula123

    Ivancula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Мамички за 3 дена правиме 6 месеци. Ми заврши сега кутијата од ХИПП 1, дали може да продолжам со 2?Утрово пиеше 2*120мл ХИПП 1
     
  18. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.400
    Допаѓања:
    5.107
    Пол:
    Женски
    Да те прашам бевте само на АД или комбинирано со доење? И доколку бевте само на АД дали се сеќаваш од кога почна да даваш по 120 мл и на колку часа?
     
  19. Ivancula123

    Ivancula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Само на Ад сме. колку што му се пие толку му давам. Мислам дека околу 4 месеци почна да пие по 120мл ама не секогаш бидејќи пие на 2-2 и пол часа
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.520
    Допаѓања:
    288.716
    Мојата исто, после 3тиот месец почна по 120 на три часа.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.