Наташа, моето бебе е аптамилско бебе. Јас лично сум презадоволна. Овде каде што сум е најпотрошувачко. Моево бебе имаше грчеви но јас тоа го решив со капките инфакол. Ги нема во македонија во бугарија и те како се достапни. Верувај дека се преефективни. Се почесто гледам колку родители ги бараат за да им ги донесат од еу. Сепак секое дете е приказна за себе, ти како мислип така почни впрочем како и секој. Родители сме сакаме најдобро за авоите деца нели но со поделени мислења и ставови впрочем. Ако не пробаш нема да знаеш на твоето бебе што му одговара. Сепак најдобро ти одлучи си што ќе даваш. Ќе зголемуваш количина според побарувачката на бебето. Никогаш не се води по табели бидејки секое бебе е приказна за себе. Некои пијат повеќе некои помалку, некои на повеќе часа некои на помалкуж кога ќе осетиш дека влече уште од празна цуцла почни со 90. И се така според апетитот на бебето. Единствено на што треба да се придржуваш е да не даваш на помалку од 2 ипол 3 часа.
Уф и јас мислев така ама мојот бебуш многу бргу ја испиваше дозата и секогаш плачеше по уште.... сега поретко зашто со помал проток му давам... како информацијата за ситост да му касни,ако му дававав колку бара ќе беше многу дебел и педијатарот не предупредуваше и ни ја диктираше дозата ! (И сега е бабачко за возраста) Секако следам дали е гладен/сит,дали полни пелени и каква столица има...
За зголемување на дози не се владеам јас по правила. Гледам како реагира малата и колку сака и давам. Еве сме сега три недели и пие по 70мл на три часа , плус 20-50 мл чајче дневно. Се чини дека и годи, докторката рече дека супер си напредува. Само со грчевите и плачењево незнам што е ... првата недела ќе се најадеше и спиеше, сега ќе се најаде и плаче. Тука бараме чаре.
Мојот цело време е на хип комбиотик и немаме никаков проблем. Веројатно млекото реагира различно. Инаку знам првиот месец, месец ипол на секои 3 часа давав по 60 мл,после до третиот давав 90, а сега со влез во 4ти месец по 120, но на 4.5,5 часа. А првите 40 дена и мене ми плачеше,после се смири наеднаш, кога потпорасна
Денес и дадов 90 мл. Поручекта си испи убаво па после 4часа и дадов пак 90 го испи без престан. Потоа по половина час поврати. Дали да продолжам да и давам еднаш 90 еднаш 60 или да и давам по 70-80 ?
Ако имате 11 дена, ако добро прочитав/сфатив тогаш 90 е премногу, значи по 60 е доволно за таа возраст, барем јас така давав, 60 на 3 часа.
Посматрај го бебето убаво ако можеш да утврдиш од што е плачењето. Дали е малку млеко, дали се грчеви и гасови. Еве сме ние денес точно 4 недели. Од пред неколку дена сменимвме храна, и како што претпоставував, моето бебе не реагираше добро на Аптамил. Сега со Хумана уживаме. Нема повеќе плачење. Само си јаде и си спие како јагне. Инаку од денес и ние сме на 90мл. на секои 3 часа.
Супер.. Не можам да верувам која разлика во однесувањето на бебето има откако ја променив храната. Душичка, сега раат сме двете.
Majki jas sakam od avgust da pocnam na bebe da davam kravjo mleko dosega sme na aptamil 2 pa neznam kakvo da dadam i dali da go razreduvam so voda. Moram da pocnam da davam od septemvri vo gradinka ke odi
Мајки ние сме 12+ и преминавме на аптамил 3. Ме интересира до кога се дава тројката, како е најдобро?
Најубаво ако можеш да најдеш домашно кравјо или козјо. Но,со оглед на тоа дека ќе одите во градинка,јас директно би почнала со "фабричко". Свежо бучен козјак.Сега е флаширано,порано беше во кесички.На него пишува не мора да се вари,но ќе го вариш. Нема потреба да го разредуваш. Ова млеко е најмало зло од сите на пазарот...така ми имаат кажано луѓе од Агенција за храна. Истото важи и за нивниот јогурт и к.млеко.
Мамички едно прашање. Од пред една недела преминавме на дохрана , два пати во денот се дохрануваме. Во аптека ми препорачаа хипп комбиотик и такво земавме . Од како го земавме бебе почна да кака по два пати во денот и многу погусто. Пред тоа си какаше од 6-8 пати. Сега се мачи , кенка додека не се искака и тоа некогаш трае и 5-6 часа. Со какво млеко ми препорачувате да го сменам?
Јас веќе скоро 4 месеци го користам хип комбиотикот и супер ни е, ако мислиш дека е до млекото што и не е чудно, на повеќето им одговара аптамилот па види и други што ќе ти кажат ако не земи аптамил. Искрено јас неќев да мењам млеко, сакам на едно да сум ако е у ред, инаку ќе користев аптамил.
Може да има промени во столицата ако досега било само на мајчино млеко, евентуално грчеви. Ама поголеми се шансите воопшто да не го прифати ад млекото ако е 3+. Ретки се тие што прифаќаат ад млеко после ексклузивно доење, не дека нема такви, ама повеќето одбиваат. Моето прво одбиваше, после прифати, сега пак не сака, па не давам.